Историја на Кенија

Територијата на денешната држава Кенија била населена уште од најраните времиња, пред околу 4.000.000 години.[1] Кушитските народи, во околу 2000 п.н.е. се преселиле на територијата на денешна Кенија од Северна Африка.[2] Пред околу илјада години, Источна Африка била освоена од страна на нилотските народи, зазимајќи делови и од северот. Во текот на почетокот на новата ера, земјата одржувала трговија со арапските, а претходно и со грчките народи[3] ,

Дел од темата Кенија

Историја на Кенија

Рана историја
Колонизација
Независност
Кенија

Портал:Кенија

Во текот на 7 век, по бреговите на Кенија биле основани арапски и африкански населени места, главно од групата Банту. Во периодот од 11 век до 15 век биле изградени првите град-држави. Инвазијата на Банту-народите ги принудила голем дел од нилотските народи да мигрираат во Уганда, каде истите формирале сопствено царство, каде денеска се наоѓа Танзанија. Во 1498 година на бреговите на денешната земја престигнале португалските морепловци и трговци, заедно со својата силна морнарица. Почетната цел на Португалија била создавање на морски пати и бази до Индискиот Океан.

Првата христијанска мисија е основана на 25 август 1846 година, од страна на Д-р Јохан Лудвиг Крапт, а истата била спонзорирана од страна на германската мисионерска црква.[4] Во 19 век во Кенија навлегле Германци и Англичани. Од 1850 година задочнале европските истражувања на земјата.[5] Во 1895 година Кенија станала британски протекторат, а во 1920 година британска колонија. Во 1952 година избувнало вооружено антиколонијално востание. Во 1960 година била основата партијата за Национален сојуз на Африканците во Кенија. На 12 декември 1963 година Кенија добила независност, а од 1964 година станала република. Во 1978 година бил воведен еднопартиски систем, којшто траел до 1991 година. Кенија е членка на Организацијата за африканското единство и ООН.

Наводи

уреди
  1. Robin Hallett, Africa to 1875: A Modern History (University of Michigan: Ann Arbor, 1970) p. 35.
  2. Ibid., p. 76.
  3. Ibid., p. 227.
  4. Robin Hallett, Africa Since 1875: A Modern History (University of Michigan Presss: Ann Arbor, 1974) p. 561.
  5. Robin Hallett, Africa to 1875, p. 229.