Исмаили (грчки: Δασοτόπι, Дасотопи) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Долна Џумаја во областа Централна Македонија, Грција.

Исмаили
Δασοτόπι
Исмаили is located in Грција
Исмаили
Исмаили
Местоположба во областа
Исмаили во рамките на Долна Џумаја (општина)
Исмаили
Местоположба на Исмаили во општината Долна Џумаја и областа Централна Македонија
Координати: 41°7′N 23°12′E / 41.117° СГШ; 23.200° ИГД / 41.117; 23.200
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаДолна Џумаја
Општ. единицаОрљак
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓало западно од Коприва и на 2 км североисточно од Хамзали.[1]

Историја

уреди

Во XIX век Исмаили било турско село во Серската каза на Серскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Исмаили имало 95 жители Турци.[2]

По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 141 жител. Селото настрадало за време на Првата светска војна, поради што во пописот од 1920 г. година се води како напуштена населба. Обновено е од грчки бегалци во 1924 година, кога биле сместени 26 бегалци, колку што броело селото во пописот од 1928 г. Во 1926 година, името на селото било променето во Дасотопи (Δασοτόπι). Бидејќи немало поволни услови за живот, селото било напуштено и не се спомнува во подоцнежните пописи.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 255.
  2. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 179. ISBN 954430424X.