Иселување на Турците од Македонија
Иселување на Турците од Македонија — миграција на турското население од територијата на Македонија во периодот од 1912 година па натаму. По освојувањето на Балканот, започнал процес на масовна колонизација со турско население на новоосвоените територии. вклучувајќи ја и Македонија каде што голем број од градовите биле населени со муслиманско население. По Првата балканска војна и Втората светска војна, бројот на припадниците на турското население во Македонија почнува постепено да се намалува како резултат на нововоспоставените југословенски, грчки и бугарски режими и потпишаните договори помеѓу Турција и претходно наведените држави.
Османлиска миграција на Балканот
уредиМакедонија потпаднала под османлиска власт во 1392 година и била дел од составот на Османлиското Царство повеќе од пет века.[1] За време на владењето на Османлиското Царство, турските колонизатори почнале да ги населуваат новоосвоените османлиски територии во Европа како дел од нивната тактика за проширување на империјата. Со освојувањето на Балканот од страна на Османлиите, започнале да се извршуваат движења на турско население кое дошло од Анадолија и Мала Азија. Со оваа стратегија, Османлиите сакале да создадат цврста основа за понатамошни освојувања во Европа и ја користеле колонизацијата како средство за извршување на таквите цели.[2]
Колонизаторите кои биле донесени на Балканот биле претежно воени лица, номади, сточари, занаетчии, трговци, дервиши, религиски службеници и административни работници. Места кои биле населени со турски колонии имало во Тракија, долините Марица и Тунџа.[2] Покрај доброволните миграции, во 14-от, 15-от и 16-от век, османските службеници ги користеле и масивните депортации (турски: „sürgün“) како средство за контрола врз бунтовниците.[3] Најголемо влијание на османлиските колонизации било забележано во урбаните центри на Балканот, каде што голем број градови станале центри за турска контрола и администрација, додека христијанското население почнало да се повлекува кон планините.
Османлиите започнале да создаваат нови градови и да ги пренаселуваат старите градови во кои имало намалување на населението за време на војните кои се случиле пред османлиските освојувања.[3] Големите балкански градови, особено тие кои биле близу транспортните и комуникациските патишта, биле главни места на османлиска колонизација на Балканот. Урбаните центри на Балканот, особено во Тракија, Македонија, Тесалија и Мизија, добиле муслиманско и турско мнозинство или големо малцинство брзо по завршувањето на освојувањето. Овие центри останале главно муслимански во однос на композицијата на населението дури и до 18-от век а во некои територии на Македонија и Бугарија дури и во 19-от век.[4]
Процес на иселување
уредиНа почетокот на 20 век, постоела голема турска популација на територијата на Македонија. Според некои статистики, бројот на Турци изнесувал 499.304 жители, односно 22,14% од тогашната популација. По Првата балканска војна, во која соседните држави Грција, Бугарија и Србија ја освоиле и поделиле територијата на Македонија, било извршено масовно протерување како и заминување на турското население од окупираните области.[5]
Со потпишувањето на Лозанската конценција на 30 јануари 1923, со којашто Грција и Турција се согласиле да се изврши задолжителна размена на грчко население од Турција и турско население од Западна Тракија. Турција потпишала спогодба со Југославија во 1938 година, за иселување на турското население од Македонија и од Косовско-метохиската област.[5]
По Втората светска војна (1941–1945) продолжило иселувањето на Турците од областа на Народна Република Македонија и од Социјалистичка Република Македонија. Федеративна Народна Република Југославија и Турција потпишале два протоколи во 1850 и 1954 година и договор во 1956 за обесштетување на имотите на иселените Турци. Според југословенски извори, околу 80.000 Турци емигрирале од Македонија додека според турски извори, овој број изнесувал повеќе од 150.000.[6] Во овој период, голем број од Турците исто така почнале да стапуваат во брак со луѓе кои не се Турци или почнале да се идентификуваат како Македонци или Албанци со цел да избегнат социјална стигма и прогонување.[7]
Во Пиринска Македонија, се случило помасовно иселување на Турците поради режимот на Тодор Живков со кој тие требало да се бугаризираат.[5]
Годишни податоци
уредиБрој на македонски Турци според националните пописи[6] | |||||||
Попис | Турци | Целосна популација на Р Македонија | % Турци | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Попис во 1913 | 209.000[8] | 1.082.902 | 19.3% | ||||
Попис во 1948 | 95.940 | 1.152.986 | 8,3% | ||||
Попис во 1953 | 203.938³ | 1.304.514 | 15,6% | ||||
Попис во 1961 | 131.484 | 1.406.003 | 9,4% | ||||
Попис во 1971 | 108.552 | 1.647.308 | 6,6% | ||||
Попис во 1981 | 86.591 | 1.909.136 | 4,5% | ||||
Попис во 1991 | 77.080 | 2.033.964 | 3,8% | ||||
Попис во 1994 | 78.019 | 1.945.932 | 4,0% | ||||
Попис во 2002 | 77.959 | 2.022.547 | 3,9% |
³ Од дадената бројка, 143.615 се изјасниле дека мајчин јазик им е турскиот, 32.392 се изјасниле дека мајчин јазик им е македонскиот и 27.086 дека мајчин јазик им е албанскиот.[9]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Еванс 2010, стр. 11
- ↑ 2,0 2,1 Еминов 1997, стр. 27
- ↑ 3,0 3,1 Еминов 1997, стр. 28
- ↑ Еминов 1997, стр. 31
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Иселување на Турците од Македонија“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 619. Text "series " ignored (help)
- ↑ 6,0 6,1 Ортаковски 2001, стр. 26
- ↑ Ноултон 2005, стр. 66
- ↑ Кристоф Бурге 1985, стр. 89
- ↑ Пултон & Таџи-Фаруки 1997, стр. 96-97
Библиографија
уреди- Еванс, Тами (2010), Macedonia, Bradt Travel Guides, ISBN 1-84162-297-4
- Еминов, Али (1997), Turkish and other Muslim minorities in Bulgaria, C. Hurst & Co. Publishers, ISBN 1-85065-319-4
- Кристоф Бурге, Јохан (1985), Der Islam im Spiegel zeitgenössischer Literatur der islamischen Welt [Исламот како што е прикажан во модерната литература на исламскиот свет] (германски), стр. 89
- Ноултон, МериЛи (2005), Macedonia, Marshall Cavendish, ISBN 0-7614-1854-7
- Ортаковски, Владимир Т (2001), „Interethnic Relations and Minorities in the Republic of Macedonia“ (PDF), Southeast European Politics, 2 (1): 25–45
- Пултон, Хју; Таџи-Фаруки, Суха (1997), Muslim Identity and the Balkan State (англиски)