Илија Аџиевски
Илија Аџиевски е роден во 1926 година , Струга, Македонија — македонски вајар[1].
Илија Аџиевски | ||
Роден | 2 декември 1926 Струга, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | вајар |
Акдемија за ликовна уметност завршил во Загреб 1954 год, во класата на проф.Франо Кршиниќ.
Автор е на голем број споменици, монументални керамички релјефи, парковски скулптури, портрети на познати личности од јавниот и културниот живот како и на во помал фомат.
Бил учесник во НОБ (1942). Автор е на Споменикот на паднатите борци во Струмица (1959), Мавзолејот на паднатите борци во Кратово (1962), Споменикот на братството и револуцијата во Дебар (1989), во Неготино и др.
Имал повеќе самостојни изложби: Струга (1965), Битола (1966), Велес (1967), Скопје, (1991, 1994 и 2001) и Париз (1997). Ниш, Белград, Тузла, Загреб, Подгорица, Софија, а учествувал на над сто групни изложби. Добитник е на значајни национални и меѓународни награди.
Неговите скулптури имаат реалистички и експресионистички обележја. Посебно значајни се скулптурите-портрети на неговите современици Петре М. Андреевски, Георги Божиков, Борко Лазески, Тодор Николовски, Анте Поповски, Петре Прличко, Димитар Солев, Глигор Чемерски и други познати македонски современици.
Илија Аџиевски спаѓа во редот на најзначајните современи македонски вајари. Неговите дела се високо вреднувани од страна на ликовната критика во Македонија[2].
Наводи
уреди- ↑ „Илија Аџиевски“. Архивирано од изворникот на 2020-11-07. Посетено на 2020-11-01.
- ↑ АЏИЕВСКИ, Илија