Зелце
Зелце (германски: Seelze) — мал град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Лајне, околу 10 километри западно од покраинскиот главен град Хановер.
Зелце
Seelze | |
Поглед на Градското собрание | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хановер |
Градоначалник | Детлеф Шалхорн (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 54 км2 |
Надм. височина | 50 м |
Население | 34.742 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 643 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | H |
Пошт. бр. | 30926 |
Повик. бр. | 05137, 0511, 05031 |
Портал | www.seelze.de |
Местоположба на градот Зелце во рамките на округот Хановер | |
Координати | 52°23′46″N 9°35′53″E / 52.39611° СГШ; 9.59806° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиГрадот се наоѓа помеѓу реката Лајне, Средногерманскиот Канал и Страничниот Канал Хановер-Линден. Сместен е на железничките линии Бремен-Хановер и Хановер-Минден.
Градски единици
уредиГрадот се состои од обата дела Зелце (градското јадро) и Летер (станбената област Летер-Зид), како и местата: Алмхорст, Дедензен, Детеберг, Гимер, Харенберг, Кирхверен, Латверен, Лонде и Фелбер.
Јужно од градот се гради поголема област Зелце-Зид (1.207 жители, состојба 31.7.2020).
Соседни општини
уредиЗелце се граничи со Гарбзен, Хановер, Герден, Барзингхаузен и Вунсторф (почнувајќи од север, надесно).
Музеј
уредиЛокалниот музеј и музејот за локална историја (Heimatmuseum Seelze) се наоѓа во фахверк градба од 1856 година во градскиот дел Летер. Музејот ја прикажува историјата на Зелце и останатите негови делови, интеграцијата на повратниците од поранешните германски територии, кои сега припаѓаат на Полска и Русија, како и историјата на товарната станица Зелце. Околу трипати годишно се прикажуваат посебни изложби. Во постојаната поставка може да се види чевларска работилница од 1930 година, берберница од 1920 година, училиште од 1900 година и дневна соба од истата година.[2]
Сообраќај
уредиЖелезнички
уредиЗелце и неговите делови имаат три станици на Хановерската С-Железница: Летер, Зелце и Дедензен/Гимер, сите на линиите С1 и С2.
Товарната станица Зелце е важна станица во Германија. Поседува 51 колосек, 6 главни пруги и работилници за вагоните и електричните локомотиви, во должина од 6 километри. Со повеќе од 200 воза дневно, станицата е една од најголемите во Германија.
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет на Роненберг се состои од 39 членови.
На изборите на 11 септември 2016 година бил избран следниов состав:
Партија/Листа | Места |
---|---|
SPD | 16 места |
CDU | 12 места |
Зелени | 3 места |
FDP | 2 места |
Левица | 2 места |
Граѓански форум | 3 места |
Независен | 1 место |
Градоначалник
уредиГрадоначалник на градот Зелце е Детлеф Шалхорн (независен).
Збратимени градови
уредиЗелце е збратимен со следниве градови:
Галерија
уреди-
Градската црква „Св. Мартин“
-
Музеј
-
Градскиот плоштад
-
Товарната станица „Зелце“
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Зелце на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)