Барзингхаузен
Барзингхаузен (германски: Barsinghausen) — град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Сместен е на ридскиот масив Дајстер, околу 20 километри западно од покраинскиот главен град Хановер. Барзингхаузен припаѓа на историската област Каленбершки крај и првпат бил споменат во 1193 година.
Барзингхаузен
Barsinghausen | |
Поглед на Градското собрание на градот Барзингхаузен | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хановер |
Градски единици | 18 |
Градоначалник | Марк Ламан (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 102,65 км2 |
Надм. височина | 142 м |
Население | 34.394 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 335 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | H |
Пошт. бр. | 30890 |
Повик. бр. | 05105 |
Портал | www.barsinghausen.de |
Местоположба на градот Барзингхаузен во рамките на округот Хановер | |
Координати | 52°18′0″N 9°28′52″E / 52.30000° СГШ; 9.48111° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиБарзингхаузен се наоѓа на ридскиот масив Дајстер помеѓу средногерманските ридски масиви и Северногерманската Низина. Градот административно припаѓа на регионот Хановер и се наоѓа во рамки на историската област Каленбершки крај. Дајстер е оддалечен околу 200 метри од градскиот центар.
Соседни општини
уредиБарзингхаузен се граничи со Вуншторф, Зелце, Герден, Бад Нендорф, Венигзен (Дајстер), Шпринге, Лауенау и Бад Миндер на Дајстер.
Градски единици
уредиГрадот се состои од следниве единици (бројот на жители во загради):
|
|
|
Историја
уредиВо Барзингхаузен се наоѓа стар манастир, кој бил основан во текот на доцниот среден век. Во тоа време, плодната почва и бројните потоци на реката Зидауе биле погодни за земјоделство и бројни ветерници во Каленбершки крај. Барзингхаузен станал рударски град помеѓу 1871 и 1957 година. По Втората светска војна почнале да се развиваат други сектори.
Население
уреди- 1998 - 34.743
- 1999 - 34.648
- 2000 - 34.497
- 2001 - 34.408
- 2002 - 34.370
- 2003 - 34.376
- 2004 - 34.253
(на 31 декември)
Главни знаменитости
уредиВо градот се наоѓаат следниве знаменитости:
- манастирот Барзингхаузен, првпат споменат во 1193 година;
- манастирската црква „Св. Богородица“ (Marienkirche);
- отворениот театар Дајстер (Deister Freilichtbühne);
- рудникот „Клостерштолен“ (Klosterstollen);
- спортскиот хотел Фуксбахтал; и
- фудбалскиот сојуз на Долна Саксонија.
Меѓународни односи
уредиЗбратимени градови
уредиБарзингхаузен е збратимен со следниве градови:
Познати луѓе
уреди- Хајнц Ерхарт (1909-1979) — глумец и комичар
- Ханс-Јоахим Мак (1928-2008) — генерал
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Барзингхаузен“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)