Вунсторф
Вунсторф (германски: Wunstorf) — град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 22 километри западно од покраинскиот главен град Хановер.
Вунсторф
Wunstorf | |
Пешачката зона во средиштето на градот | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хановер |
Градски единици | 14 |
Градоначалник | Ролф-Аксел Еберхарт (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 126,60 км2 |
Надм. височина | 43 м |
Население | 41.477 (31 декември 2019)[1] |
- Густина | 328 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | H |
Пошт. бр. | 31515 |
Повик. бр. | 05031, 05033 (Штајнхуде и Гросенхајдорн), 05723 (Идензен-Нинграбен) |
Портал | www.wunstorf.de |
Местоположба на градот Вунсторф во рамките на округот Хановер | |
Координати | 52°25′39″N 9°25′46″E / 52.42750° N; 9.42944° EКоординати: 52°25′39″N 9°25′46″E / 52.42750° N; 9.42944° E |
Во негова близина се наоѓа Воздухопловната база Вунсторф на германските воздухопловни сили. Западно од градот, местата Штајнхуде и Гросенхајдорн се наоѓаат на бреговите на Штајнхудското Езеро.
ГеографијаУреди
МестоположбаУреди
Низ градското подрачје на самиот Вунсторф тече Вестауе, која се влива во Лајне, североисточно од Борденау. На запад се наоѓа Природниот парк Штајнхудско Езеро.
Градски единициУреди
Кон градското подрачје на Вунсторф припаѓаат местата:
- Блуменау (со Лите)
- Бокело
- Гросенхајдорн
- Клајн Хајдорн
- Идензен (со Идензермор и Нинграбен)
- Коленфелд
- Луте
- Месмероде
- Штајнхуде
- Вунсторф
ПолитикаУреди
Градски советУреди
Градскиот совет се состои од 40 членови. Распределбата на места во советот, избрани на 11 септември 2016 година:
SPD: | 16 места |
CDU: | 13 места |
GRÜNE: | 4 места |
FDP: | 2 места |
AfD: | 4 места |
независни: | 1 место |
ГрадоначалникУреди
Од 1999 година градоначалник на Вунсторф е Ролф-Аксел Еберхарт (CDU).
Збратимени градовиУреди
Вунсторф е збратимен со следниве градови:
СообраќајУреди
Вунсторф има два излези на автопатот А2.
Железничката станица Вунсторф има редовни врски со Хановер преку локални и регионални возови, како и врски до Минден и Нинбург. Локалната автобуска мрежа дозволува врски со возови до/од Хановер.
Најблизок комерцијален аеродром е Хановер-Лангенхаген, околу 25 километри преку А2 и A352.
Познати луѓеУреди
- Хајнц-Јоахим Бархман (р. 1950) — политичар
- Ернст Јингер (1895–1998) — писател
- Поликарп Лајзер IV (1690–1728) — протестантски теолог филозоф, лекар, правник и историчар
- Јост Шмит (1893–1948) — типограф сликар и учител
- Андреас Шпенглер (р. 1947) — психијатар и психотерапевт
ГалеријаУреди
НаводиУреди
Надворешни врскиУреди
- Вунсторф на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)