Затерланд (германски: Saterland; затерландски фризиски: Seelterlound) — општина во округот Клопенбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Сместен е помеѓу градовите Лер, Клопенбург и Олденбург.

Затерланд
Црквата „Св. Петар и Павле“ во Затерланд
Црквата „Св. Петар и Павле“ во Затерланд
Црквата „Св. Петар и Павле“ во Затерланд
Знаме на Затерланд
Грб на Затерланд
Затерланд во рамките на Германија
Затерланд
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Клопенбург
Месни единици 4
Градоначалник Томас Ото (независен)
Основни податоци
Површина 123,62 км2
Надм. височина 5 м
Население 14.294 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 116 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. CLP
Пошт. бр. 26683
Повик. бр. 0 44 92 (Шарел, Зеделсберг) 0 44 98 (Рамслох, Штриклинген)
Портал www.saterland.de
Местоположба на Затерланд во рамките на округот Клопенбург
Карта
Карта
Координати 53°20′0″N 7°43′0″E / 53.33333° СГШ; 7.71667° ИГД / 53.33333; 7.71667

Ова е матичниот крај на Затерландските Фризи кои и денес говорат на свој јазик. Тие се најмалото признато јазично малцинство во Германија.

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Затерланд се наоѓа во северозападниот дел на областа Олденбуршки Минстерски крај, во триаголник на градовите Лер, Клопенбург и Олденбург. На југ од Затерланд се наоѓа крајбрежниот канал, на север и северозапад се наоѓа историската област Источна Фризија. Општината е одвоена од областа со реката Леда. На запад се наоѓа општината Остраудерфен, граничејќи се со местото Идафен. На исток Затерланд е опкружен со каналот Елизабетфен, што ја прави вкупната должина на географската граница на Затерланд. Со одлука на мештаните од 1949 година поранешната општина Елизабетфен, која припаѓала на Затерланд, била префрлена во општината Барсел.

Низ местото тече Загтер Емс од југ кон север.

Соседни општини

уреди

Соседни општини на Затерланд се следниве:

Општински единици

уреди

Општината е создадена во 1974 година со здружување на помалите општини Штриклинген (зат. фр. Струкелје), Рамслох (Ромелсе) и Шарел (Схедел). Поранешната општина Шарел се состоела од денешните општински единици Шарел и Зеделсберг.

Општината Затерланд се состои од четири општински единици:

  1. Рамслох со местата Рамслох-Орт, Рамслох-Норд, Рамслох-Ост, Хоеберг, Раке, Холен, Холен-Бранд и Холенермор. Во Рамслох се наоѓа општинското седиште и во март 2021 година имал 5.281 жител.
  2. Шарел со местата Шарел-Орт, Бетхолт, Лангхорст, Нојвал и Хезелберг. Во март 2021 година, Шарел имал 2.624 жители.
  3. Зеделсберг со местата Зеделсберг-Орт, Колони, Хилен I, Хилен II, Фермезанд и Хезелберг. Во март 2021 година, Зеделсберг имал 3.040 жители. Зеделсберг не припаѓал јазично на Затерланд и до општинската реформа бил дел од Шарел.
  4. Штриклинген со местата Штриклинген-Орт, Болинген I, Болинген II, Утенде, Витензанд и Бокелеш. Во март 2021 година, Штриклинген имал 3.287 жители.

Историја

уреди

Во средниот век, Затерланд бил песокливо подрачје и зафаќало површина од околу 15 километри во должина и 1–4 километри во ширина, окружено со мочуришта. Населен е во периодот помеѓу XX и XIII век од Фризи доселени од Источна Фризија. Поради релативната изолираност на местото, мештаните развиле сопствен облик на источнофризиски јазик наречен „затерландски“ кој опстојува и денес. Затерландските Фризи (герм. Saterfriesen) се најмалиот малцински народ признаен од властите.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди