Остраудерфен (германски: Ostrhauderfehn; источнофризиски долносаксонски: Ōsterfēn) — општина во округот Лер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Остраудерфен
Црквата „Св. Мартин“ во Потсхаузен
Црквата „Св. Мартин“ во Потсхаузен
Црквата „Св. Мартин“ во Потсхаузен
Грб на Остраудерфен
Остраудерфен во рамките на Германија
Остраудерфен
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Лер
Градоначалник Гинтер Хардерс (независен)
Основни податоци
Површина 51,00 км2
Надм. височина 3 м
Население 11.322 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 222 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. LER
Пошт. бр. 26842
Повик. бр. 0 49 52
Портал www.ostrhauderfehn.de
Местоположба на Остраудерфен во рамките на округот Лер
Карта
Карта
Координати 53°07′0″N 7°37′0″E / 53.11667° СГШ; 7.61667° ИГД / 53.11667; 7.61667

Географија уреди

Местоположба уреди

Општината се наоѓа во крајниот југоисток на областа Источна Фризија, во северозападниот дел на германската сојузна покраина Долна Саксонија. Влегува во состав на округот Лер и се граничи со окрузите Клопенбург и Емсланд.

Главното место се наоѓа околу 14 километри југоисточно од окружниот град Лер. Соседен поголем град е Олденбург, околу 41 километар на исток.

Соседни општини уреди

Острауферфен на запад се граничи со општината Раудерфен, на север со општината Детерн од општинската заедница Јиме. Ова се двете единствени општини од округот Лер со кои се граничи. На исток се граничи со општината Затерланд во округот Клопенбург. На еден мал дел на југ се граничи со општината Бокхорст во општинската заедница Нордхимлинг. Поради својата местоположба во крајниот југозапад на округот Лер, Остраудерфен е единствената источнофризиска општина, која се граничи со соседните области Емсланд и Олденбуршки крај.

Општински единици уреди

Единица Жители (2009) составни места
Остраудерфен 6459 нема
Холтерфен 1716 нема
Идафен 1500 нема
Лангхолт 591 нема
Потсхаузен 398 Потсхаузер Лајде, Ринцелдорф, Ринцелдорфер Мор, Терхајде
Холтермор 249 нема
Вкупно 10.913

Историја уреди

Се одвоила од Раудерфен помеѓу 1820 и 1830 година.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)

Надворешни врски уреди