Западен Давао
Западен Давао (шпански: Davao Occidental, себуански: Kasadpang Dabaw; филипински: Kanluraning Davao) — покраина во регионот Давао на Филипините, сместена на островот Минданао.[2][3][4] Седиште е општината Малита. На исток се наоѓа Давајскиот Залив. На југ дели и морска граница со индонезиската покраина Северен Сулавеси.
Западен Давао Kasadpang Dabaw | |||
---|---|---|---|
Покраина | |||
| |||
Местоположба во рамките на Филипините | |||
Земја | Филипини | ||
Регион | Давао | ||
Основана | 28 октомври 2013 | ||
Седиште | Малита | ||
Управа | |||
• Управник | Франклин П. Баутиста | ||
• Вицеуправник | Лорна П. Баутиста-Бандиган | ||
• Претставник | Клод П. Баутиста | ||
Површина[1] | |||
• Вкупна | 2,163,45 км2 (0,83.531 ми2) | ||
Најг. вис. | 1.624 м | ||
Население (2020) | |||
• Вкупно | 317,159 | ||
• Густина | 150/км2 (380/ми2) | ||
Единици | |||
• Независни градови | 0 | ||
• Составни градови | 0 | ||
• Општини | 5 | ||
• Барангаи | 105 | ||
Час. појас | PHT (UTC+8) | ||
Јазици | |||
Приходна класа | IV | ||
Мреж. место | davaooccidental.gov.ph |
Историја
уредиСултанско време
уредиПодрачјето на Западен Давао било во состав на Султанатот Магинданао (освен Сарангани), а подоцна влегол во Султанатот Буајан.
Американско колонијално време
уредиТериторијата на денешен Западен Давао била дел од поранешната покраина Давао која го зафаќала целиот денешен регион Давао. Според законот од 1904 г. добар дел од подрачјето до денешна Малита на север било во состав на општината Санта Крус, денес во Јужен Давао. Домородци на подрачјето биле лумадските племиња како Матигсалузите и Тагакулосите. На почетокот на XX век почнале да доаѓаат доселеници од Лусон и Висајските Острови, смешувајќи се со домородното население; со време потомците на доселениците станале мнозинство. Чистите домородци денес се мало малцинство, и живеат претежно во шумските и планинските краишта на покраината.
Општината Малита е основана на 13 ноември 1936 г.[5] Тој била првата паланка на територијата на Западен Давао, и подоцна станал покраинско седиште. Подоцна се појавиле уште гратчиња: Тринидад (денес Хосе Абад Сантос) во 1948, Санта Марија во 1968 г., Дон Марселино во 1979 и Сарангани во 1980 г.
Осамостојување
уредиНа 8 мај 1967 г. покраината Давао е поделена на три покраини, од кои едната е Јужен Давао. Во оваа покраина биле општините кои подоцна се одвоени во Западен Давао.
Основање
уредиЗападен Давао е основан со законот од 23 јули 2013 г. со одземање на пет општини од покраината Јужен Давао. Одлуката е ратификувана на референдум одржан на 28 октомври 2013 г.[3]
Географија
уредиЗападен Давао зафаќа површиина од 2.163 км2[6] и се ноаѓа на југозападниот крај на регионот Давао на островот Минданао. Покраината се граничи со Јужен Давао на северозапад; Сарангани на запад и Давајскиот Залив на североисток.
Релјефот е претежно планински. Источниот брег има ридови на чие подножје се наоѓаат плажи. Покраината е прилично обрасната со растителност, особено со кокосови палми и тврди дрва.
Управа
уредиНа чело на покраината стојат управник и вицеуправник. Целата покраина е опфатена од еден конгресен округ.[6] Седишттето е во општината Малита, најголема во покраината.
Општини
уредиЗападен Давао е сочинет 5 општини.
- † Главна општина
- Општина
Општина | Население (2020)[7] |
Површина (км2) |
Густина (жит./км2) |
Барангаи |
---|---|---|---|---|
Дон Марселино | 45.540 | 407,3 | 110 | 15 |
Малита †
|
118.197 | 883,4 | 130 | 30 |
Санта Марија | 57.526 | 175,0 | 330 | 22 |
Сарангани | 22.515 | 97,7 | 230 | 12 |
Хосе Абад Сантос | 73.381 | 600,0 | 120 | 26 |
Стопанство
уредиНајважни стопански гранки на Западен Давао се рибникарството и земјоделството. Се произведуваат риби, банани и кокосови ороеви кои потоа се продаваат во неколку поголеми градови на јужен Минданао како Давао. Оризовите полиња се ограничени на малобројните рамни површини поради шумско-планинскиот карактер на крајот.
Средиште на трговијата е главната општина Малита.
Во покраината почнал да се развива и туризмот, и тоа по крајбрежните плажи и на островите Сарангани и Балут на југ.[8]
Наводи
уреди- ↑ „Province: Davao Occidental“. PSGC Interactive. Makati, Philippines: National Statistical Coordination Board. Архивирано од изворникот на 16 април 2014. Посетено на 15 април 2014.
- ↑ „Republic Act No. 10360: An Act Creating the Province of Davao Occidental“. Official Gazette of the Republic of the Philippines. Metro Manila, Philippines: Congress of the Philippines. 14 јануари 2013. Архивирано од изворникот 10 ноември 2017. Посетено на 24 јули 2016.
- ↑ 3,0 3,1 Cayon, Carina (30 октомври 2013). „DavSur voters approve of Davao Occidental“. Philippine Information Agency. Архивирано од изворникот на 3 декември 2013. Посетено на 7 ноември 2013.
- ↑ „Davao Occidental, PH's 81st province“. Manila Bulletin. Yahoo! News Philippines. 31 октомври 2013. Архивирано од изворникот на 4 ноември 2013. Посетено на 24 јули 2016.
- ↑ „Executive Order No. 64, s. 1936“. Архивирано од изворникот на 2023-07-08. Посетено на 2023-11-28.
- ↑ 6,0 6,1 „Province: Западен Давао“. PSGC Interactive. Quezon City, Philippines: Philippine Statistics Authority. Посетено на 8 јануари 2016.
- ↑ Census of Population (2020). Table B - Population and Annual Growth Rates by Province, City, and Municipality - By Region. Philippine Statistics Authority. Посетено на 8 јули 2021.
- ↑ Top 10 Must Visit Attractions in Davao Occidental
Надворешни врски
уреди- Западен Давао на Ризницата ?
- Службен портал на Западен Давао Архивирано на 19 мај 2023 г.