Житието на Брајан според Монти Пајтон
Житието на Брајан според Монти Пајтон или Животот на Брајан (англиски: The Life of Brian) , е британски филм (од жанрот комедија) од 1979 година во режија на Тери Џонс, а главните улоги ги играат членовите на групата Монти Пајтон: Греам Чепмен, Џон Клиз, Тери Гилијам, Ерик Ајдл, Тери Џонс и Мајкл Палин. Покрај нив, во филмот настапуваат и Сју Џоунс-Дејвис, Гвен Тејлор, Џон Јанг, Нил Инс, Теренс Бајлер, Керол Кливленд итн.
„Житието на Брајан според Монти Пајтон“ | |
---|---|
Режисер | Тери Џонс |
Продуцент | Џон Голдстон |
Сценарист | Греам Чепмен Џон Клиз Тери Гилијам Ерик Ајдл Тери Џонс Мајкл Палин |
Главни улоги | Греам Чепмен Џон Клиз Тери Гилијам Ерик Ајдл Тери Џонс Мајкл Палин |
Музика | Џефри Бургон |
Дистрибутер | Warner Bros./ Orion Pictures Corporation (САД) Handmade Films (Велика Британија) |
Премиера | 1979 |
Времетраење | 94 минути |
Земја | Обединето Кралство |
Претходен | Монти Пајтон и Светиот Грал |
Следен | Монти Пајтон во живо на Холивуд Боул |
Синопсис
уредиВо филмот се раскажува приказната за Брајан Коен (го игра Греам Чепмен), млад човек роден на истата улица и во истата ноќ како и Исус Христос. Веднаш по раѓањето на Брајан, него го посетуваат тројцата кралеви кои му носат поклони, сметајќи го за месија, но пота ја увидуваат грешката. Триесет години подоцна, Брајан е млад човек кој е вљубен во Џудит (ја игра Џоунс-Дејвис) и поради неа ѝ се приклучува на една илегална еврејска револуционерна група. Бидејќи татко му бил Римјанин, Брајан ги мрази Римјаните и за да ја докаже својата храброст, тој пишува пароли на плоштадот. За време на акцијата, тој е уапсен, но подоцна успева да побегне. Бегајќи од римските војници, Брајан се преправа како пророк и луѓето почнуваат да го следат, така што набргу стекнува голем број следбеници, иако тој не може да го поднесе нивното слепо идолопоклонство. Подоцна, за време на една терористичка акција, Брајан е уапсен и осуден на смртна казна. За време на распнувањето на крстот, него го посетуваат мајка му, Џудит и раководството на терористичката група, но никој не му помага.
Осврт кон филмот
уредиФилмот бил контроверзен поради тоа што комбинира комични елементи и елементи од религијата. Сепак, истовремено тој се стекнал со голема популарен: во 2000 година, читателите на списанието Total Film го прогласиле за најдобра комедија на сите времиња; во 2004 година, истото списание го прогласило Житието на Брајан за петтиот најдобар британски филм на сите времиња; во 2006 година, повторно бил прогласен за најдобра комедија на две посебни гласања на британските ТВ канали Канал 4 и Пет; а на списокот на IMDb, филмот постојано се наоѓа меѓу 250-те најдобри филмови во историјата.
Надворешни врски
уреди- Житието на Брајан на Семрежната филмската база на податоци
- Кит Шорт - Филмски вајар - Слика на џиновските нозе направени за овој филм
- Criterion Колекција есеи на Џорџ Пери Архивирано на 14 август 2007 г.
- Графити вандал во Глостер
Рецензии
уреди- Filmcritic.com разглед на Житието на Брајан Архивирано на 22 февруари 2008 г.
- Критика на Џејмс Берардинели на Житието на Брајан
- Житието на Брајан според Монти Пајтон на Rotten Tomatoes