Духовденски вторник
Духовденски вторник или Трет ден Духовден — христијански празник кој се слави ден по Духовденски понеделник, третиот ден од седмицата што започнува на Педесетница.[1] Духовден е подвижен празник во христијанскиот календар кој зависи од датумот на Велигден.
Духовденски вторник Трет ден Духовден | |
---|---|
Танчерската поворка во Ехтернах што се одржува годишно на Духовденски вторник во Ехтернах, Луксембург. | |
Го празнува(ат) | Многу европски зеји и некои поранешни колонии |
Вид | Христијански |
Почнува | 1-виот вторник после Духовден |
Датум | Велигден + 51 ден |
Поврзано | Духовден, Духовденски понеделник, Мртов петок, Ден на сите светци |
Празнување
уредиДуховденскиот вторник бил празник во Лутеранската црква во Германија во времето на Бах, кога сите големи празници се славеле три дена. За таа пригода Бах и други компонирале музика за кантата.
Порано бил државен празник во Данска и Шведска. Во Данска бил укинат на 26 октомври 1770 година, а во Шведска на 4 ноември 1772 година, и во двата случаи како дел од поголемите намалувања на бројот на празници.
Танцувачката поворка на Ехтернах се одржува на Духовденски вторник. Во 19 век, тоа било и повод на празникот Света Тета во Корнвол.[2]
Празнување во православието
уредиВо Православните цркви, Духовденскиот вторник е познат како „Трет ден Духовден“ и е дел од празникот Духовден. Манастирите, соборните и парохиските цркви често ја служат Божествената литургија на овој ден.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ [1] Lucchese, Kathryn M. and Rylander ,Cathy "Folk like me: The read-aloud book of saints," Morehouse Publishing, 2008, ISBN 978-0-8192-2289-3, page 43.
- ↑ Orme, Nicholas. English Church Dedications: With a Survey of Cornwall and Devon, p. 119. University of Exeter Press (Exeter), 1996.