Ета Лебед
Ета Лебед (η Лебед, η Cygni) — ѕвезда во соѕвездието Лебед. Видлива е за голото око, со привидна величина од 3,889.[2] Лежи долж главниот труп на соѕвездието, некаде на средината помеѓу ѕвездите Гама Лебед и Албирео.[8] Судејќи според годишното паралаксно поместување од 24,17 лмс,[1] се наоѓа на растојание од 135 светлосни години од Сонцето.
Податоци од набљудување Епоха J2000,0 Рамноденица J2000,0 (ICRS) | |
---|---|
Соѕвездие | лебед |
Ректасцензија | 19ч 56м [1] | 18,37222с
Деклинација | +35° 05′ [1] | 00,3228″
Прив. величина (V) | 3,889[2] |
Особености | |
Спектрален тип | K0 III[3] |
U−B Боен показател | +0,881[2] |
B−V Боен показател | +1,035[2] |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | −25,87 ± 0,14[4] км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: −33,61[1] млс/г Дек.: −27,87[1] млс/г |
Паралакса (π) | 24.17 ± 0.15[1] млс |
Оддалеченост | 134,9 ± 0,8 сг (41,4 ± 0,3 пс) |
Апсолутна величина (MV) | 0,74[5] |
Податоци [4] | |
Маса | 1,59[6] M☉ |
Полупречник | 11 R☉ |
Површ. грав. (log g) | 2,7 |
Сјајност | 52,5 L☉ |
Температура | 4.783 ± 20[6] K |
Вртежна брзина (v sin i) | 2,2 км/с |
Старост | 3,29[6] Гг. |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
Со старост од 3,3 милијади години[6], ова е развиена џиновска ѕвезда во облика на црвена грутка[9] од класата K0 III.[3] Тековно се наоѓа на хоризонталната гранка и создава енергија по пат на јадрено соединување на хелиум во јадрото. Има 1,59[6] пати поголема маса од Сонцето и се проширила на 11[4] Зрачи 52,5 пати поголема сјајност од нејзината надворешна атмосфера, при делотворна температура од 4.783 K.[6]
Ета Лебед има пет визуелни придружнички,[10] од кои само составницата B е физички поврзана. Оваа ѕвезда со величина 12,0 лежи на аголно растојание од 7,80 лачни секунди по положбен агол од 206°, според утврденото во 2007 г.[11]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 van Leeuwen, F. (2007), „Validation of the new Hipparcos reduction“, Astronomy and Astrophysics, 474 (2): 653–664, arXiv:0708.1752, Bibcode:2007A&A...474..653V, doi:10.1051/0004-6361:20078357.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Oja, T. (August 1986), „UBV photometry of stars whose positions are accurately known. III“, Astronomy and Astrophysics Supplement Series, 65 (2): 405–409, Bibcode:1986A&AS...65..405O.
- ↑ 3,0 3,1 Morgan, W. W.; Keenan, P. C. (1973), „Spectral Classification“, Annual Review of Astronomy and Astrophysics, 11: 29, Bibcode:1973ARA&A..11...29M, doi:10.1146/annurev.aa.11.090173.000333.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Massarotti, Alessandro; и др. (January 2008), „Rotational and Radial Velocities for a Sample of 761 HIPPARCOS Giants and the Role of Binarity“, The Astronomical Journal, 135 (1): 209–231, Bibcode:2008AJ....135..209M, doi:10.1088/0004-6256/135/1/209.
- ↑ Cardini, D. (January 2005), „Mg II chromospheric radiative loss rates in cool active and quiet stars“, Astronomy and Astrophysics, 430: 303–311, arXiv:astro-ph/0409683, Bibcode:2005A&A...430..303C, doi:10.1051/0004-6361:20041440.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 Luck, R. Earle (September 2015), „Abundances in the Local Region. I. G and K Giants“, The Astronomical Journal, 150 (3): 23, arXiv:1507.01466, Bibcode:2015AJ....150...88L, doi:10.1088/0004-6256/150/3/88, 88.
- ↑ „eta Cyg“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. Посетено на 2017-02-19. (англиски)
- ↑ Marett-Crosby, Michael (2013), Twenty-Five Astronomical Observations That Changed the World: And How To Make Them Yourself, The Patrick Moore Practical Astronomy Series, Springer Science & Business Media, стр. 231, ISBN 1461468000.
- ↑ Puzeras, E.; и др. (October 2010), „High-resolution spectroscopic study of red clump stars in the Galaxy: iron-group elements“, Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, 408 (2): 1225–1232, arXiv:1006.3857, Bibcode:2010MNRAS.408.1225P, doi:10.1111/j.1365-2966.2010.17195.x.
- ↑ Mason, B. D.; и др. (2014), „The Washington Visual Double Star Catalog“, The Astronomical Journal, 122: 3466–3471, Bibcode:2001AJ....122.3466M, doi:10.1086/323920.
- ↑ Eggleton, P. P.; Tokovinin, A. A. (September 2008), „A catalogue of multiplicity among bright stellar systems“, Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, 389 (2): 869–879, arXiv:0806.2878, Bibcode:2008MNRAS.389..869E, doi:10.1111/j.1365-2966.2008.13596.x.
Надворешни врски
уреди- Калер, Џејмс Б. (7 септември 2012), „Ета Лебед“, Ѕвезди, Илиноиски универзитет, Посетено на 19 јануари 2017.