Ен-Мари

англиска пејачка

Ен-Мари Роуз Николсон (англ. Anne-Marie Rose Nicholson; родена на 7 април 1991 година) ― англиска пејачка, текстописец и трикратен светски првак во шотокан-карате.

Ен-Мари
blonde white female in front of microphone, grinning with her one hand up to her ear
Ен-Мари на настап во 2017
Животописни податоци
Родено имеЕн-Мари Роуз Николсон
Роден(а)7 април 1991(1991-04-07)(33 г.)
Ист Тилбери, Есекс, Англија
Жанрови
Занимања
  • Пејачка
  • текстописец
ИнструментиПеење
Период на активност2013–денес
Издавачи
Мреж. местоiamannemarie.com

Животопис

уреди

Ен-Мари Роуз Николсон е родена на 7 април 1991 година во Ист Тилбери, Есекс. Нејзината мајка била учителка, а татко ѝ бил градежник.[3][4] Таа има постара сестра, Саманта.[5] Како дете, глумела во два мјузикла на Вест Енд: Клетници кога имала шест години и Whistle Down the Wind кога имала 12 години во кој исто така глумела и Џеси Џеј.[6][7]

Ен-Мари има црн појас во шотокан-карате. Почнала да се занимава со карате на девет години[8] и станала трикратен светски шампион;[9] освоила две злата на Светското првенство во карате асоцијацијата Фунакоши во 2002 година и уште едно злато и сребро во 2007 година. Таа освоила злато на државното првенство во Обединетото Кралство во традиционално карате.[10][11][12]

Кариера

уреди

2013–2015: Почетоци

уреди
 
Ен-Мари настапува со Rudimental на V Festival, 2014

Во 2013 година, Ен-Мари била прифатена од Rocket Music и го издала демото „Summer Girl“. Таа привлекла внимание откако Ед Ширан го објавил демото на неговиот Твитер профил.[13][14] Неколку музичари ја повикале во студио како гостин-музичар на нивните песни, со што го првлекла вниманието на британската поп-група Rudimental, [15] и во 2014 година тие ја замолиле да ја замени пејачката која ја напуштила групата.[16][17] Ен-Мари две години била на турнеја со Rudimental како пејачка.[18] Таа, исто така, учествувала на четири песни од нивниот втор албум We the Generation (2015),[19] што ѝ дало доволно самодоверба да започне соло-кариера.[20]

Нејзиното прво ЕР, Karate ЕР, било издадено на 10 јуни 2015 година под тогашната нова издавачка куќа на Rudimental, Major Tom's. Две песни биле објавени како синглови, „Karate" и „Gemini“. Во ноември 2015 година, таа го издала синглот „Do It Right“, која се искачила на 90-тото место на топ-листата за синглови во Велика Британија.[21]

2016–2018: Светска популарност и прв албум

уреди

Нејзиниот прв албум бил под работен наслов Breathing Fire.[22] На 20 мај 2016 година, Ен-Мари го издала „Alarm“, прв сингл од нејзиниот прв албум.[23] Во октомври 2016 година, таа потврдила дека ќе учествува на Eurosonic Noorderslag во Холандија.[24]  Истиот месец, Clean Bandit ја објавиле нивната песна „Rockabye“, во која главна пејачка била Ен-Мари и јамајканскиот рапер Шон Пол.[25] Песната поминала девет последователни недели на прво место на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство,[26] а исто така била на врвот на националните и радиски топ-листи за синглови во над 30 земји. На крајот од 2016 година, Ен-Мари објавила дека албумот е одложен за 2017 година и не дала дополнителни информации за насловот ниту за датумот на издавање.

 
Ен-Мари настапува на SWR3 New Pop Festival во 2017

Во 2017 година, таа ги издала сингловите „Ciao Adios“[27], „Heavy“[28] и „Then“.[29] На 9 февруари 2018 година, таа ја објавила песната „Friends“ во соработка со Маршмело.[30] На 19 април 2018 година, таа ја објавила песната „2002“, чиј котекстописец бил Ед Ширан.[31] Песната била емитувана повеќе од 1,5 милијарди пати на Spotify. Во јули 2018 година, Ен-Мари се појавила на песната на Дејвид Гета под наслов „Don't Leave Me Alone “, која се искачила на 18-то место на британската топ-листа за синглови.

На 27 април 2018 година, Ен-Мари го издала првиот албум, Speak Your Mind. Исто така, во ноември 2018 година, ја објавила песната „Rewrite the stars“ заедно со Џејмс Артур.

 
Ен-Мари во 2019 година

2019–2021: Сингл изданија и Therapy

уреди

Во 2019 година, Ен-Мари се појавила во синглот „Lonely“ од американскиот пејач Лаув за саундтракот од третата сезона од серијата 13 Reasons Why. Синглот бил објавен на 1 август. [32] На 7 февруари Ен-Мари ја објавила песната „Birthday“. На Денот на мајката 2020 година, Ен-Мари ја објавила песната „Her“. „To Be Young“, била објавена на 17 јули, во соработка со американската раперка Дожа Кет. На 28 август, Ен-Мари се појавила во песната од Рудиментал, „Come Over“. На 12 ноември, Ен-Мари го издала синглот „Problems“.[33] Истиот ден, на YouTube Originals бил објавен нејзиниот документарец, Како е да бидеш Ен-Мари. Документарецот го откривал нејзиниот личен живот и „времето кога таа не е во центарот на вниманието“. Во нејзиниот документарец се појавуваат и други познати личности, вклучувајќи го и Литл Микс.[34]

Од 2 јануари 2021 година, таа била ментор во десеттата сезона од The Voice UK, заменувајќи ја Меган Трејнор.[35] Во сезоата победил нејзин кандидат.

На 15 јануари, Ен-Мари го издала синглот „Don't Play“ во соработка со британскиот YouTuber и рапер KSI и англискиот диџеј и продуцент Digital Farm Animals како водечки сингл од нејзиниот втор студиски албум.[36] Ен-Мари пеела на песната „Way Too Long“ во соработка со Нејтан Доу и МоСтек, објавена на 9 април. На 13 мај, Ен-Мари го објавила синглот „Our Song“ со Ниал Хоран како трет сингл од нејзиниот претстоен втор студиски албум. Песната била објавена на 21 мај. На 12 јули, Ен-Мари ја објавила песната „Beautiful“, која се однесувала на сириската бегалка и падобран Дима Актаа.[37] [38] На 23 јули, Ен-Мари го издала синглот „Kiss My (Uh-Oh)“ како четврти сингл, со Литл Микс. Истиот ден бил објавен нејзиниот албум Therapy . [39]

На 30 септември, Ен-Мари ја издала нејзината прва книга „Заслужуваш подобро: Несовршен водич за наоѓање на сопствената среќа“.[40] Книгата била бестселер на Sunday Times.[41] Во ноември 2021 година било објавено дека ќе танцува со Грацијано Ди Прима на Божиќниот специјал за 2021 Strictly Come Dancing, [42] кој подоцна и го освоила.[43]

2022–сега: Unhealthy, соработки со други музичари

уреди

На 27 мај 2022 година, Ен-Мари соработувала со шведските диџеи од групата Neiked и американскиот рапер Лато на песната „I Just Called“. [44] На 26 август, Ен-Мари се појавила во новата верзија на песната „_World“ од кеј-поп групата Seventeen.[45] На 15 септември, Ен-Мари го издала синглот „Psycho“, во соработка со британскиот рапер Ајч, како водечки сингл од нејзиниот трет студиски албум.[46]

На 3 февруари 2023 година, Ен-Мари го издала „Sad B!tch“, втор сингл од нејзиниот претстоен трет студиски албум.[47] На 9 март, Ен-Мари соработувала со тајландската пејачка Мини, членка на јужнокорејската женска група (G)I-dle, на песната „Expectations“.[48] На 7 април, Ен-Мари, соработувала со Дејвид Гета и со Кои Лереј на песната „Baby Don't Hurt Me“. На 27 април, Ен-Мари најавила дека нејзиниот трет албум Unhealth ќе биде објавен на 28 јули.[49] Насловната песна од албумот, со Шанаја Твен, била објавена на 18 мај 2023 година.[50] На 5 јули, Ен-Мари го објавила „Trainwreck“.[51] На 16 август, Ен-Мари соработуваше со диџејот од Хаити Михаел Брун и американската пејачка Беки Џи на синглот „Coming Your Way“. [52] „Christmas Without You“ бил издаден исклучиво на Amazon Music на 7 ноември како дел од саундтракот за Твојот Божиќ или Мојот 2.[53] Истиот месец, Ен-Мари за прв пат била номинирана за Греми за песната Baby Don't Hurt Me.[54]

Личен живот

уреди

Во 2018 година, Ен-Мари открила дека ја привлекуваат и мажи и жени, но дека не се идентификува како бисексуалка. Таа рекла: „Едноставно ме привлекува оној што ми се допаѓа“.[55] [56]

Ен-Мари станала вегетаријанка во 2018 година, но изјавила дека „ќе се труди да јаде веганска [храна] колку што е можно повеќе“.

Ен-Мари отворено зборувала за нејзината борба со анксиозноста. Таа рекла дека терапијата и помогнала „да се соочи со нејзините демони за време на карантинот“ [57] Таа исто така изјавила дека има АДХД, дислексија и опсесивно-компулсивно растројство.[58]

Во 2022 година, Ен-Мари започнала врска со британскиот рапер Slowthai.[59] Нивната врска, иако главно приватна, ја потврдил Slowthai во интервју за Ролинг Стоун во февруари 2023 година.[60] Двојката тајно се венчала во јули 2022 година во Лас Вегас. Во февруари 2024 година, Ен-Мари родила ќерка.[61]

Дискографија

уреди

Студиски албуми

  • Speak Your Mind (2018)
  • Therapy (2021)
  • Unhealthy (2023)

Наводи

уреди
  1. Kheraj, Alim (2018-04-25). „One Of Us: Anne-Marie and making pop music real again“. The Line of Best Fit. Посетено на 2024-04-13.
  2. Joshi, Tara (2023-07-30). „Anne-Marie: Unhealthy review – freer and more playful“. The Observer (англиски). ISSN 0029-7712. Посетено на 2024-04-13.
  3. Power, Ed (17 July 2021). „Anne-Marie: 'I had to turn to therapy to talk through what my brain was saying to me'. The Irish Times. Посетено на 17 July 2021.
  4. Anne-Marie [@AnneMarie] (April 6, 2021). „IT'S MY BIRTHDAY TOMORROW“ (Tweet). Посетено на April 11, 2023 – преку Twitter.
  5. Anne-Marie; Nicholson, Samantha (25 August 2021). „Anne-Marie and her sister on Essex, bullying and Glastonbury“. The Times. Interviewed by Hannah Evans. Архивирано од изворникот на 25 August 2021. Посетено на 11 April 2023.
  6. „Anne-Marie“. MTV UK. Архивирано од изворникот на 28 July 2017. Посетено на 26 July 2016.
  7. Spreyer, Simon. „Anne-Marie Biography“. AllMusic. Архивирано од изворникот на 11 October 2016. Посетено на 26 July 2016.
  8. Moran, Jonathon (9 May 2016). „Who is Anne Marie dating? Star won't tell a secret“. The Daily Telegraph. Архивирано од изворникот на 6 November 2017. Посетено на 27 February 2020.
  9. McIntosh, Steven (2 July 2017). „Anne-Marie: Pop star and karate champion“. BBC News. Архивирано од изворникот на 6 December 2017. Посетено на 9 December 2017.
  10. Power, Ed (17 July 2021). „Anne-Marie: 'I had to turn to therapy to talk through what my brain was saying to me'. The Irish Times. Посетено на 17 July 2021.
  11. „Karate: Golden Anne-Marie sets her sights on Las Vegas“. Daily Gazette. April 29, 2002. Посетено на April 11, 2023.
  12. Mary, S. B. Vijaya (10 March 2023). „English pop star Anne-Marie on her maiden visit to India and her association with singer-actor Diljit Dosanjh“. The Hindu (англиски). ISSN 0971-751X. Посетено на 10 May 2024.
  13. Spreyer, Simon. „Anne-Marie Biography“. AllMusic. Архивирано од изворникот на 11 October 2016. Посетено на 26 July 2016.
  14. Rogers, Mandy (30 May 2013). „WATCH "SUMMER GIRL" BY ANNE-MARIE“. EQ Music. Посетено на 12 April 2023.
  15. Spreyer, Simon. „Anne-Marie Biography“. AllMusic. Архивирано од изворникот на 11 October 2016. Посетено на 26 July 2016.
  16. Nicholson, Rebecca (19 April 2020). „Anne-Marie: 'I just want to make people smile'. The Guardian. Архивирано од изворникот на 3 June 2020. Посетено на 24 May 2020.
  17. McGregor, Nesta (2 February 2016). „Rudimental singer Anne-Marie brands herself 'singer and ninja“. BBC News. Архивирано од изворникот на 11 October 2019. Посетено на 27 February 2020.
  18. Nicholson, Rebecca (2020-04-19). „Anne-Marie: 'I just want to make people smile'. The Observer (англиски). ISSN 0029-7712. Посетено на 2023-04-26.
  19. „Anne-Marie“. MTV UK. Архивирано од изворникот на 28 July 2017. Посетено на 26 July 2016.
  20. Peak chart positions for singles in the United Kingdom:
  21. Peak chart positions for singles in the United Kingdom:
  22. Campbell, Brian (19 February 2016). „Singer Anne-Marie puts Rudimental behind her as her solo career looks set to soar“. Irish News. Архивирано од изворникот на 17 September 2019. Посетено на 27 February 2020.
  23. "Alarm" from Alarm – Single by Anne-Marie on iTunes“. iTunes Store (GB). 20 May 2016. Архивирано од изворникот на 24 February 2018. Посетено на 4 March 2018.
  24. „First European Artists Confirmed for Eurosonic Noorderslag – Eurosonic Noorderslag“. Eurosonic Noorderslag. Архивирано од изворникот на 26 October 2016. Посетено на 26 October 2016.
  25. Corner, Lewis (21 October 2016). „Clean Bandit team up with Sean Paul and Anne-Marie for bouncy new single 'Rockabye'. Digital Spy. Архивирано од изворникот на 7 December 2016. Посетено на 26 November 2016.
  26. Savage, Mark (23 December 2016). „Clean Bandit land Christmas number one with Rockabye“. BBC News. Архивирано од изворникот на 26 February 2017. Посетено на 13 February 2017.
  27. "Ciao Adios" from Ciao Adios – Single by Anne-Marie on iTunes“. iTunes Store (GB). 10 March 2017. Архивирано од изворникот 24 February 2018. Посетено на 4 March 2018.
  28. "Heavy" from Heavy – Single by Anne-Marie on iTunes“. iTunes Store (GB). 22 September 2017. Архивирано од изворникот 24 February 2018. Посетено на 4 March 2018.
  29. "Then" from Then – Single by Anne-Marie on iTunes“. iTunes Store (GB). 15 December 2017. Архивирано од изворникот 24 February 2018. Посетено на 4 March 2018.
  30. "FRIENDS" from FRIENDS – Single by Marshmello & Anne-Marie on iTunes“. iTunes Store (GB). 9 February 2018. Архивирано од изворникот на 24 February 2018. Посетено на 4 March 2018.
  31. Празен навод (help)
  32. Roth, Madeline (1 August 2019). „Lauv And Anne-Marie Are Lonely As Fuck On New 13 Reasons Why Song“. MTV. Архивирано од изворникот на 27 December 2019. Посетено на 2 August 2019.
  33. Dodds, Emma. „Anne-Marie drops brand new song 'Problems'. Hits Radio (англиски). Архивирано од изворникот на 16 November 2020. Посетено на 2 January 2021.
  34. „Anne-Marie is giving fans a close look at her life away from the spotlight in a new YouTube documentary, and Little Mix will feature in the film“. Capital FM. Архивирано од изворникот на 8 November 2020. Посетено на 1 March 2021.
  35. „Essex star Anne-Marie to become judge on popular TV show“. Echo. 12 October 2020. Архивирано од изворникот на 14 October 2020. Посетено на 12 October 2020.
  36. „Anne-Marie, KSI & Digital Farm Animals release new single 'Don't Play'. Celebmix. 15 January 2021. Архивирано од изворникот на 15 January 2021. Посетено на 23 January 2021.
  37. „A Walk with Dima“. Refugee Week (англиски). 23 June 2022. Посетено на 2023-04-14.
  38. „BBC 100 Women 2022: Who is on the list this year? - BBC News“. News (англиски). Посетено на 2023-04-14.
  39. „Therapy is out JULY 23rd!!! Pre-order here“. Архивирано од изворникот на 21 May 2021. Посетено на 21 May 2021.
  40. Anne-Marie (2021-04-13). You Deserve Better (англиски). Orion. ISBN 978-1-3987-0743-6.
  41. „WHAT IS GOING ON!!!!!! NUMBER 1 #YouDeserveBetter“. Twitter (англиски). 2021-10-10. Посетено на 2023-04-12.
  42. „Anne-Marie is the fifth celebrity contestant confirmed for the Strictly Come Dancing Christmas special 2021“. www.bbc.com.[мртва врска]
  43. PA, Kerri-Ann Roper; Fitzgerald, Todd (25 December 2021). „Anne-Marie wins 2021 Strictly Come Dancing Christmas Special“. Manchester Evening News.
  44. „Latto joins Neiked and Anne-Marie for new "I Just Called" single“. REVOLT.
  45. Suacillo, Angela Patricia (26 August 2022). „Hear SEVENTEEN and Anne-Marie's new version of '_World'. NME.
  46. John-Clement, Nina (16 September 2022). „Anne-Marie teams up with Aitch on PSYCHO“. United by Pop.
  47. „Anne-Marie Sad B!tch“ (англиски). 2023-02-03. Посетено на 2023-02-19.
  48. Празен навод (help)
  49. Празен навод (help)
  50. Празен навод (help)
  51. „Trainwreck by Anne-Marie“. 5 July 2023. Посетено на 5 July 2023.
  52. Armstrong, Megan (2023-08-16). „Michaël Brun, Becky G, Anne-Marie Are 'Coming Your Way' With New Song“. UPROXX. Посетено на 2023-08-17.
  53. Griffiths, Georgia (2023-11-07). „Amazon Music Original reveals new Christmas songs for 2023 from Sam Ryder, Anne-Marie and Jorja Smith“. Official Charts (англиски). Посетено на 2023-11-12.
  54. Harteam Moore, Sam (2023-11-10). „Grammys 2024: Arctic Monkeys, Burna Boy and Dua Lipa among nominees“. PRS For Music. Посетено на 2023-11-12.
  55. Празен навод (help)
  56. Празен навод (help)
  57. Edmonds, Lizzie (2021-07-16). „Anne Marie: Therapy helped me face my demons“. Evening Standard. Архивирано од изворникот на 16 July 2021. Посетено на 16 July 2021.
  58. „Anne-Marie replied to fan with 'happy face' selfie after tweets about ADHD“. Capital FM. 20 September 2019. Посетено на 13 August 2021.
  59. by Halina Watts, Tom Hitchenor (2022-05-31). „Northampton's Slowthai in bust-up after an evening with girlfriend Anne-Marie“. northantslive (англиски). Посетено на 2023-03-24.
  60. Ewens, Hannah; Reilly, Nick (2023-02-15). „slowthai: finding beauty in the ugly“. Rolling Stone UK (англиски). Посетено на 2023-03-24.
  61. „Anne-Marie confirms she's welcomed her first baby with rapper Slowthai“. Capital. 2024-03-18. Посетено на 2024-03-18.

Надворешни врски

уреди