Clean Bandit
Clean Bandit ― англиска електронска музичка група, основана во Кембриџ во 2008 година. Имале четири песни на прво место и десет топ-10 песни на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство.
Clean Bandit | |
---|---|
Clean Bandit во 2016 | |
Животописни податоци | |
Потекло | Кембриџ, Англија |
Жанрови |
|
Период на активност | 2008–денес |
Издавачи | |
Мреж. место | cleanbandit.co.uk |
Членови | |
|
Историја на групата
уреди2008–2012: Основање и почетоци
уредиГрупата Clean Bandit била основана од Грејс Чато (виолончелистка и пејачка), браќата Џек и Лук Патерсон (клавијатури и саксофон, соодветно) и Нил Амин-Смит (виолинист). Членовите на групата се запознале додека студирале на Универзитетот во Кембриџ.[1] Во 2011 година, Чато и Џек Патерсон основале сопствена компанија за филмска продукција, Cleanfilm, за да прават музички спотови за нив и за други музичари.[1]
2012–2015: Прв албум и пробив на музичката сцена
уредиВо декември 2012 година, Clean Bandit го издале првиот сингл „A+E“, кој се искачил на 100-то место на топ-листата за синглови во Велика Британија. Прв поголем успех имале со синглот „Mozart's House“, издаден во март 2013 година, кој бил инспириран од класична музика и добил позитивни рецензии. Песната се искачила на 17-то место на топ-листата за синглови во Велика Британија. Нивниот трет сингл „Dust Clears“ стигнал 43-то место во ОК. Четвртиот сингл на групата „Rather Be“ во соработка со Џес Глин бил објавен во јануари 2014 година и се искачил на врвот на топ-листата за синглови во Велика Британија. Песната завршила како втора најпродавана песна за годината во Обединетото Кралство (зад „Happy“ од Фарел Вилијамс).[2] „Rather Be“ исто така бил на прво место во: Австрија, Финска, Германија, Холандија, Норвешка и Шведска, а стигнал до десетто место на американскиот Billboard Hot 100. Првиот студиски албум на групата, New Eyes, бил издаден во јуни 2014 година.[3] Во ноември, групата повторно соработувала со Џес Глин, на нивниот сингл „ Real Love“ кој се искачил на второ место во Обединетото Кралство.[4] Истиот месец, групата настапила како дел од хуманитарната група Band Aid 30 заедно со други британски и ирски поп-изведувачи и заедно ја снимиле најновата верзија од песната „Do They Know It's Christmas?“ за да соберат пари за кризата со ебола во Западна Африка во 2014 година.[5]
Во февруари 2015 година, „Rather Be“ освоил Греми награда за најдобар денс-запис.[6]
2016–2019: Успех со „Rockabye“ и втор албум
уредиВо октомври 2016 година, било објавено дека виолинистот и пијанист Нил Амин-Смит одлучил да ја напушти групата.[7][8] Два дена подоцна, групата ја објавила песната „Rockabye“, во која учествуваат раперот Шон Пол и пејачката Ен-Мари. „Rockabye“ станала нивна втора песна која се искачила на прво место во Обединетото Кралство,[9] каде се задржала девет недели. Станала најпопуларен божиќен сингл за 2016 година.[10][11] Песната се искачила на прво место во: Ирска, Австралија, Нов Зеланд, Германија, Италија, Шведска и Швајцарија. Во март 2017 година, Clean Bandit го издале синглот „Symphony“ во соработка со шведската пејачка Зара Ларсон. Песната станала уште еден светски хит, достигнувајќи го врвот на топ-листите во повеќе земји. [12] [13]
Clean Bandit го објавиле нивниот втор албум What Is Love? во ноември 2018 година. Албумот содржел соработки со Рита Ора, Ели Голдинг, Крег Дејвид, Ен-Мари и Чарли XCX.[14]
2020 – денес: Напуштање на Atlantic Records и нови проекти
уредиВо текот на 2020 и 2021 година, Clean Bandit продолжиле да издаваат успешни синглови, меѓу кои „Tick Tock“ со пејачката Мејбел и раперот 24kGoldn,[15] „Higher“ со Ијан Диор,[16] „Drive“ со германскиот диџеј Топик[17] и ремикс на песната „How Will I Know“ од Витни Хјустон. Овие песни го задржале електро-поп звукот по кој е позната групата, но со поекспериментален пристап кон новите музички трендови.
Помеѓу 2022 и 2024 година, Clean Bandit се раздели со нивната издавачка куќа Atlantic Records и потпиша договор со B1 Recordings.
На 23 јули 2024 година, Clean Bandit ја најавиле новата песна со англиската пејачка Ен-Мари и францускиот диџеј Дејвид Гета под наслов „Cry Baby“. Била објавена на 9 август 2024 година. [18]
Музички стил
уредиClean Bandit се електронска,[19] електропоп[20] и денс-поп група.[21] Групата прави спој на електронска музика со класични дела од композитори како Моцарт и Шостакович.[22]
Членови
уредиСегашни членови
- Грејс Чато – виолончело, клавијатури, удирачки инструменти, пејачка (2008-денес)
- Џек Патерсон – клавијатури, пејач, пијано, бас, гитара, виолина, продуцент, диџеј, саксофон (2008-денес)
- Лук Патерсон – тапани, удирачки инструменти (2008-денес)
Турнејски музичари
- Стефани Бенедети – виолина (2016-денес)
- Јасмин Грин – пејачка (2016–денес)
- Кирстен Џој – пејачка (2016–денес)
- Сем Скироу – бас (2017-денес)
- Ден Пејсли – гитара (2018–денес)
Поранешни членови
- Нил Амин-Смит – виолина, пијано (2008–2016)
- Сегава-С`сету Киванука – пејач (2008–2010)
Дискографија
уреди- New Eyes (2014)
- What Is Love? (2018)
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Interview: Clean Bandit“. Varsity, the independent student newspaper for the University of Cambridge. 30 September 2011.
- ↑ Copsey, Rob (31 December 2014). „The Official Top 100 Biggest Songs of 2014 revealed“. Official Charts Company. Посетено на 10 July 2015.
- ↑ Copsey, Robert (3 February 2014). „Clean Bandit announce debut album New Eyes“. Digital Spy. Архивирано од изворникот на 24 September 2015. Посетено на 3 February 2014.
- ↑ „Band Aid 30 single storms to number one“. BBC News. 23 November 2014. Посетено на 3 February 2016.
- ↑ „Band Aid 30: One Direction among celebrity line-up“. Telegraph. 10 November 2014.
- ↑ „GRAMMYS: Clean Bandit's "Rather Be" Wins Best Dance Recording“. Headline Planet. 8 February 2015. Посетено на 4 April 2015.
- ↑ „Neil Milan on Twitter“. Twitter. Посетено на 23 December 2016.
- ↑ „Clean Bandit announce Neil Amin-Smith's departure from the band“. Official Charts Company. 21 October 2016. Посетено на 9 December 2016.
- ↑ Copsey, Rob (11 November 2016). „Clean Bandit's Rockabye reaches Number 1 in the UK“. Official Charts Company. Посетено на 9 December 2016.
- ↑ Cantor, Brian (2 December 2016). „CLEAN BANDIT, SEAN PAUL & ANNE-MARIE'S "ROCKABYE" ENJOYS 4TH WEEK AS UK'S #1 SONG“. Headline Planet. Посетено на 9 December 2016.
- ↑ Savage, Mark (23 December 2016). „Clean Bandit land Christmas number one with Rockabye“. BBC News. Посетено на 23 December 2016.
- ↑ „Clean Bandit“. Official Charts. Архивирано од изворникот на 7 October 2017. Посетено на 5 November 2017.
- ↑ „Official Singles Chart Top 100 – 28 April 2017 - 04 May 2017“. Official Charts. Архивирано од изворникот на 21 August 2017. Посетено на 5 November 2017.
- ↑ „What Is Love? (Deluxe) by Clean Bandit on Apple Music“. Apple Music. Посетено на 28 September 2018.
- ↑ „Clean Bandit announce new single titled Tick Tock“. www.officialcharts.com (англиски). Посетено на 20 August 2020.
- ↑ Gable, Jake (2021-01-30). „Clean Bandit drop new single 'Higher' feat. chart-topping rapper Iann Dior“. We Rave You (англиски). Посетено на 2024-08-11.
- ↑ Rees, Katrina (2021-08-09). „Clean Bandit & Topic unveil music video for 'Drive' featuring Wes Nelson“. CelebMix (англиски). Посетено на 2024-08-11.
- ↑ Griffiths, George (2024-08-08). „Clean Bandit talk new single Cry Baby with Anne-Marie and David Guetta: 'This is 4 years in the making'“. Official Charts. Посетено на 2024-08-11.
- ↑ Multiple citations:
- ↑ Multiple citations:
- ↑ Multiple citations:
- ↑ „Clean Bandit: A classical approach to pop music“. BBC News. 26 May 2014.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Cleanfilm.co Архивирано на {{{2}}}.