Лаув
Ари Стапранс Леф (англ. Ari Staprans Leff; роден на 8 август 1994 година во Сан Франциско, САД), професионално познат како Лаув ― американски музичар најпознат по неговиот хит „I Like Me Better“ објавен во 2018 година.[5][6] Неговиот прв студиски албум, How I'm Feeling, бил објавен на 6 март 2020 година. Лаув исто така напишал песни за други изведувачи како што се: „Boys“ од Charli XCX и „No Promises“ од Cheat Codes и Деми Ловато.
Лаув | |
---|---|
Лаув во 2019 година на доделувањето на наградите од iHeartRadio | |
Животописни податоци | |
Родено име | Ари Стапранс Леф |
Познат(а) и како | Somersault Sunday |
Роден(а) | 8 август 1994[1] Сан Франциско, Калифорнија, САД |
Потекло | Вејн, Пенсилванија, САД |
Жанрови | |
Период на активност | 2008–денес |
Издавачи | |
Соработници | LANY, Трој Сиван, Конан Греј, Ели Голдинг, Blackbear, BTS, DallasK, Мими Веб |
Мреж. место | lauvsongs.com |
Рани години
уредиАри Стапранс Леф е роден во Сан Франциско, Калифорнија. Неговата мајка има латвиско потекло, а татко му е Евреин. Уште како дете се интересирал за музика и земал часови по пијано и виола. Научил да свири гитара на 11-годишна возраст. [6] Почнал да пишува песни во средно училиште, на околу 14 години.[7]
По завршувањето на средно училиште, Леф одлучил да студира музичка технологија на Штајнхард при Њујоршкиот универзитет.[6][7] Две од неговите четири години во Њујоршкиот универзитет поминал како практикант во студиото Jungle City Studios, каде што снимале музичари како: Џеј Зи, Џастин Тимберлејк и Алиша Кис.[8]
Кариера
уреди2008–2016: Почетоци
уредиЗа време на студиите на Њујоршкиот универзитет, Лаув почнал да пишува и продуцира музика за други изведувачи. Во 2015 година одлучил да започне соло-кариера. Неговиот прв сингл, "The Other", бил објавен на SoundCloud и веднаш привлекол огромно внимание. Песната била позитивно оценета од критичарите и од публиката, што го поттикнало да продолжи да создава музика под уметничкото име Лаув. [9]
На 25 септември 2015 година, Лаув го објавил неговото прво EP, Lost in the Light, на кое се наоѓала и песната „The Other“.[10]
Лаув пишувал и продуцирал песни за други музичари, а најзебелажан станал како котекстописец и копродуцент на песната „No Promises“ од Cheat Codes и Деми Ловато,[7] која се искачила на 7-мо место на топ-листата за поп-песни на Билборд.[11]
2017–2018: Пробив на музичката сцена и успеси
уредиНа 19 мај 2017 година, Лаув го објавил синглот "I Like Me Better", кој набрзо станал светски хит.[11] Песната високо котирала на музичките топ-листи низ целиот свет и станала негова прва песна со златен и платинест тираж. До 9 март 2021 година, песната имала над 1,1 милијарди прегледи на Spotify.
Со овој хит, Лаув го привлекол вниманието на музичката индустрија и публиката, а неговата кариера почнала нагло да се развива. На 4 септември 2017 година било објавена дека Лаув ќе му се придружи на Ед Ширан како спореден изведувач на неговата турнеја Divide во Азија.[12]
Во мај 2018 година, Лаув го објавил албумот I Met You When I Was 18 (The Playlist), кој всушност е колекција од необјавени песни создадени во текот на младоста. Овој албум бил инспириран од неговите лични искуства и емоции,[11][13] и успешно го прикажал неговиот музички талент. Албумот добил голема поддршка од обожавателите и од критичарите.
2019–Денес: Прв студиски албум и следни изданија
уредиВо март 2020 година, Лаув го објавил неговиот прв студиски албум "How I'm Feeling". Албумот содржел 21 песна, вклучувајќи ги и сингловите: "I'm So Tired..." (со Трој Сиван), "Fuck, I'm Lonely" (со Ен-Мари), и "Mean It" (со LANY). Албумот бил комбинација на лични и емотивни песни, кои опфаќаат теми како љубов, ментално здравје и себеспознавање.
На 8 април 2022 година, Лаув го издал вториот сингл од неговиот втор албум, под наслов „All 4 Nothing (I'm So in Love)“ пропратен со музичко видео. Неговиот втор албум, All 4 Nothing, бил објавен на 5 август 2022 година.
Во јуни 2023 година, Лаув го издал синглот „Steal the Show“, за филмот „Елементал“ изработен од студиото за анимација „Пиксар“. Во исто време, за Мими Веб ја напишал песната „This Moment" за анимираниот тинејџерски филм Руби Џилман, Тинејџерско морско чудовиште.[14][15]
Личен живот и активизам
уредиЛаув живее во Лос Анџелес [16] Во 2018 година, 10 месеци бил во врска со поп-музичарката Џулија Мајклс и раскинале истата година.[17][18] Во 2020 година, започнал врска со пејачката Софи Кејтс,[19] но раскинале.[20]
Леф е отворен по прашањата за менталното здравје и често говори за неговите сопствени искуства со анксиозност и депресија.[21] Како резултат на тоа, Леф е познат по тоа што ги донира приходите од песните на организации за ментално здравје во обид да ја избрише стигмата околу менталното здравје. Во 2019 година, Лаув, во соработка со Мајкрософт, започнал иницијатива наречена „Моите сини мисли“ (англ. "My Blue Thoughts"), која им овозможува на неговите обожаватели да ги споделат нивните чувства и мисли на различни начини, вклучувајќи ја и платформата за споделување на приказни на неговата веб-страница и на интерактивни ѕидови поставени на неговите концерти.[22]
Во јуни 2023 година, Лаув станал член на LGBTQ+ заедницата на TikTok.
Дискографија
уреди- How I'm Feeling (2020)
- All 4 Nothing (2022)
Наводи
уреди- ↑ California Birth Index, 1914–1995
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Collar, Matt. „Ari Biography“. AllMusic. Посетено на August 26, 2019.
- ↑ Zhang, Cat (March 11, 2020). „Lauv – ~how i'm feeling~“. Pitchfork. Посетено на April 9, 2020.
- ↑ Murray, Robin (October 13, 2020). „Lauv, Conan Gray Combine On 'Fake'“. Clash. Посетено на July 13, 2021.
- ↑ Interviews, Rachael Ciccone (December 25, 2023). „On The Rise: An Interview with Lauv“. The Aquarian.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 „Lauv – Biography & History – AllMusic“. AllMusic. Посетено на May 27, 2017. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „:0“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ 7,0 7,1 7,2 Mastrogiannis, Nicole (July 10, 2017). „INTERVIEW: LAUV Reveals The Touching Inspiration Behind 'I Like Me Better'“. iHeartRadio. Посетено на April 13, 2018. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „:1“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Bruner, Raisa (August 17, 2018). „Meet Lauv, the New Voice in Pop Making Hits Out of Heartbreak“. Time. Посетено на April 30, 2019.
- ↑ „Somersault Sunday on Sonicbids“. Sonicbids. Посетено на August 16, 2020.
- ↑ Lauv (October 3, 2015). „Lauv – "Lost In The Light – EP" (Official Full Stream)“. Посетено на May 27, 2017.
- ↑ 11,0 11,1 11,2 Sands, Nicole (April 11, 2018). „5 Things to Know About 'I Like Me Better' Singer Lauv“. People. Посетено на April 30, 2019. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „people“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ „Independent singer, songwriter and producer Lauv will join Ed Sheeran through his Asia tour, 14 date run commencing in Osaka“. Facebook. Посетено на September 4, 2017.
- ↑ Sahai, Fred (April 12, 2019). „Q+A with Hopeless Romantic Lauv“. L'Officiel. Посетено на April 30, 2019.
- ↑ Zwick, Hannah (June 5, 2023). „Lauv Drops Original Song 'Steal The Show' From Pixar's 'Elemental'“.
- ↑ „Mimi Webb Releases New Song "This Moment" from DreamWorks "Ruby Gillman, Teenage Kraken" Soundtrack“. June 23, 2023.
- ↑ Scott, Jason (August 22, 2017). „Lauv Opens Up About Songwriting Charli XCX's 'Boys' and Moving to 'Strange' Los Angeles“. Pop Crush. Посетено на February 16, 2021.
- ↑ Stewart, Allison (December 3, 2018). „Jingle stuff, youthful pop stars, Sabrina Carpenter, Lauv and all that fame“. Chicago Tribune. Посетено на April 30, 2019.
- ↑ Chiu, Melody (January 3, 2019). „Julia Michaels and Lauv Split as She Shares New Year's Resolution: 'No More Dating Narcissists'“. People. Посетено на April 30, 2019.
- ↑ „Is Sophie Cates in a Relationship? Who is her Boyfriend?“.
- ↑ marcobmartinez (2024-03-28). „Sophie Cates album 'SUPERNOVA' dropping this Friday“. r/popheads. Посетено на 2024-05-23.
- ↑ Homewood, Ben (November 6, 2019). „Lauv Opens Up About His Battle with Depression and OCD: 'I Had Fallen Out of Love with Everything'“. People.
- ↑ „Experience My Blue Thoughts with Lauv“. Microsoft in Culture (англиски). Посетено на February 21, 2022.