Ендре Кукорели (унгарски: Kukorelly Endre), (1951, Будимпешта, Унгарија -) е современ унгарски писател - поет и прозаист.

Ендре Кукорели

Животопис

уреди

Ендре Кукорели е роден во 1951 година во Будимпешта. Дипломирал историја и библиотекарство на универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта. Работел како уредник во неколку унгарски списанија: Exit 84, Magyar Napló, Magyar Narancs и унгарското издание на Lettres Internationale. Исто така, тој предава творечко пишување на Колеџот за убави уметности. Кукорели е претседател на Друштвото на белетристи.[1]

Творештво

уреди

Кукорели е автор на поголем број поетски и прозни дела кои се преведени на повеќе европски јазици: шпански, шведски, германски, бугарски, словенечки и словачки. Исто така, два негови расказа се објавени на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на Темплум.[2]

Негови поважни дела се:[3]

  • Сладот на реалноста (песни), 1984 година
  • Manière (песни), 1986 година
  • Нема да заседам со никого (песни), 1989 година
  • Брегот меморија (песни), 1990 година
  • Градината на лековитите билки (песни), 1993 година
  • H.Ö.L.D.E.R.L.I.N (песни), 1998 година
  • Три 100 парчиња(прозни парчиња), 1999 година
  • Урнатина: Советониска историја, 2000 година
  • Долина на самовилата или Загатките на човековото срце (роман на меморијата), 2003

Признанија

уреди

Кукорели е добитник на повеќе награди, како што се:[4]

Наводи

уреди
  1. Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 222.
  2. Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 221-222.
  3. Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 222-223.
  4. Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 223.