Венер
Венер (германски: Weener) — град во округот Лер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Венер
Weener | ||
Старото пристаниште | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Долна Саксонија | |
Округ | Лер | |
Градски единици | 9 | |
Градоначалник | Хајко Абас (ДХС) | |
Основни податоци | ||
Површина | 81,24 км2 | |
Надм. височина | 5 м | |
Население | 15.997 (31 декември 2022)[1] | |
- Густина | 197 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | LER | |
Пошт. бр. | 26826 | |
Повик. бр. | 04951 | |
Портал | www.weener.de | |
Местоположба на градот Венер во рамките на округот Лер | ||
Координати | 53°10′9″N 7°21′23″E / 53.16917° СГШ; 7.35639° ИГД |
Се наоѓа близу границата со Холандија, на реката Емс. Венер претставува најголем град во областа Рајдерланд. Поседува железничка и автопатска врска до Гронинген (Холандија), Емден и Бремен.
Географија
уредиМестоположба
уредиГрадот Венер се наоѓа во југозападниот дел на областа Источна Фризија. Тој е единствениот град на областа сместен на западниот брег на реката Емс. Венер е означен како „Зелениот град во Рајдерланд“[2] и е средиште на германскиот дел на областа. Недалеку од градот се наоѓа Доларт и границата со холандската покраина Гронинген. Околни големи градови се Олденбург и Гронинген во Холандија.
Соседни општини
уредиВенер се граничи со шест општини (почнувајќи од запад, надесно): Бунде, Јемгум, Лер и Вестоверлединген (спроти Емс). Овие четири општини се наоѓаат во округот Лер. Потоа, Венер се граничи со Папенбург (спроти Емс) и Ресе, обете во округот Емсланд.
Градски единици
уредиГрадот Венер се состои од градското јадро и 14 други единици. Бројот на жители во табелата се од 31 декември 2017 година.
|
|
|
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет се состои од 32 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 15.001 и 20.000 жители.[4] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[5]
Партија | % на гласови | Број на места | Промена |
---|---|---|---|
SPD | 51,8 % | 17 | +4,2 % |
CDU | 26,5 % | 8 | +3,9 % |
GRÜNE | 8,5 % | 3 | +3,0 % |
AfD | 5,3 % | 2 | −2,1 % |
Независна избирачка група (UWG) | 4,8 % | 2 | −2,5 % |
Градоначалник
уредиГрадоначалник на градот Венер е Хајко Абас (CDU).
Збратимени градови
уредиВенер е збратимен со следниве градови:
Галерија
уреди-
Баптистичка црква
-
Католичката црква
-
Локалниот музеј
-
Градската црква
-
Фронехаус
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Zum Beispiel auf der Offiziellen Internetseite der Stadt, Weener.de: Grußwort des Bürgermeisters, abgerufen am 2. November 2018.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Daten und Fakten. Weener.de; abgerufen am 2. November 2018.
- ↑ Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 28. Dezember 2016.
- ↑ Ergebnis der Kommunalwahl 2021 auf votemanager.kdo.de; abgerufen am 19. September 2021.
Надворешни врски
уреди- Венер на Ризницата ?
- Матична страница (германски)