Јемгум (германски: Jemgum) — општина во округот Лер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Јемгум
Воздушен поглед на Јемгум
Воздушен поглед на Јемгум
Воздушен поглед на Јемгум
Знаме на Јемгум
Грб на Јемгум
Јемгум во рамките на Германија
Јемгум
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Лер
Градоначалник Ханс-Петер Хајкенс (независен)
Основни податоци
Површина 78,48 км2
Надм. височина 0 м
Население 3.675 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 47 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. LER
Пошт. бр. 26844
Повик. бр. 0 49 58
Портал www.jemgum.de
Местоположба на Јемгум во рамките на округот Лер
Карта
Карта
Координати 53°15′57″N 7°23′6″E / 53.26583° СГШ; 7.38500° ИГД / 53.26583; 7.38500

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Општината се наоѓа во источнофризиската област Рајдерланд, која е опкружена од Доларт на запад и од Емс на север и исток. Јемгум е најсеверната област на Рајдерланд. Најблиски градови се Венер, Лер и Емден. Главното место Јемгум е оддалечено 6 километри југоисточно од средиштето на Лер[2] и 16 километри од средиштето на Емден на северозапад.[3] Големи градови во околината се Олденбург во Германија и Гронинген во Холандија.

Растојанието на општината во насока север-југ, како и во насока исток-запад изнесува осум километри.

Соседни општини

уреди

На југ се граничи со општините Бунде и Венер, како и со градот Лер, додека на исток се наоѓа општината Мормерланд и градот Лер, на север е безокружниот град Емден.

Општински единици

уреди

Општината се состои од единаесет села, кои се разликуваат во нивната големина.

Јемгум се состои од следниве единици, подредени по бројот на жители (од 30 јуни 2015 г.), како и нивните составни места:

Единица Жители Површина (км²) составни места
Јемгум 1531 11,89 Епингавер, Јемгумгасте, Климпе, Ној-Запенборг (порано Тимпо), Запенборг
Дицум 657 10,39 Алтукерај (делумно), Дицумерхамрих (делумно), Гросварпен, Клајнварпен
Мидлум 295 7,42 Епингавер
Холтгасте 235 8,46 Золтборг, Грос-Золтборг, Бентумерзил, Јемгумклостер, Дедеборг, Гајзе
Погум 205 4,75 Дикстерхузен
Хацум 160 9,79 Бомборг, Ајлингвер, Хацумерфен
Крицум 158 6,97 Колдеборг, Колдеборгер Бургплац, Колдеборгерзил, Маринхорер Балкхаус
Нендорп 126 4,22 Вишенборг
Олдендорп 87 5,29 Архе, Ентенест, Ледиге Плац, Легеплац, Олдендорпер Хамрих, Остинг, Вишенборг
Бемерволд 51 4,73 Бовенхузен
Мариенхор 38 4,57 Мариенхорер Билтхојзер
Вкупно 3540 78,48

Историја

уреди

Во Јемгум се одвивала битката кај Јеминген на 21 јули 1568 година, ран момент во Осумдесетгодишната војна, во која шпанската војска била поразена од холандската војска.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. Jemgum–Leer. luftlinie.org; abgerufen am 23. Juli 2013.
  3. Jemgum–Emden. luftlinie.org; abgerufen am 23. Juli 2013.

Надворешни врски

уреди