Хари Потер (филмски серијал)

Хари Потер е британско-американски филмски серијал заснован на серијалот романи Хари Потер од авторката Џ. К. Роулинг. Серијалот е дистрибуиран од Warner Bros. и се состои од осум фантастични филмови, започнувајќи со Хари Потер и каменот на мудроста (2001) и завршувајќи со Хари Потер и реликвиите на смртта – 2 дел (2011).[2][3] Спин-оф серијал во ретропродолжение ќе се состои од пет филмови, започнувачи со Фантастични ѕверки и каде да се најдат (2016). Фантастични ѕверки го означуваат почетокот на медиумската франшиза Волшебничкиот свет на Џ. К. Роулинг.[4]

„Хари Потер филмски серијал“
РежисерКрис Колумбус (12)
Алфонсо Куарон (3)
Мајк Њуел (4)
Дејвид Јејтс (58)
ПродуцентДејвид Хејмен
Крис Колумбус (3)
Марк Редклиф (3)
Дејвид Барон (58)
Џ. К. Роулинг (78)
СценаристСтив Кловс (14, 68)
Мајкл Голденберг (5)
Главни улогиГлавното трио:
Даниел Редклиф
Руперт Гринт
Ема Ватсон
МузикаЏон Вилијамс (13)
Патрик Дојл (4)
Хиколас Хупер (56)
Александар Деспла (78)
ДистрибутерWarner Bros.
Премиера2001–2011
Времетраење1179 минути[1]
Земја Обединето Кралство
 САД
ЈазикАнглиски
БуџетВкупно (9 филмови):
$1.335 милијарда
Бруто заработкаВкупно (9 филмови):
$8,530,984,794

Серијалот бил главно продуциран од Дејвид Хејмен, а главните улоги ги играат Даниел Редклиф, Руперт Гринт и Ема Вотсон како трите главни ликови: Хари Потер, Рон Визли и Хермиона Гренџер. На серијалот работеле четири режисери: Крис Колумбус, Алфонсо Куарон, Мајк Њуел и Дејвид Јејтс.[5] Сценаријата биле напишани од Стив Кловс, со исклучок на Хари Потер и Редот на фениксот (2007), кој бил напишан од Мајкл Голденберг. Снимањето на филмскиот серијал траело десет години, следејќи ја мисијата на Хари Потер за совладување на својот главен непријател Лорд Волдеморт.[6]

Хари Потер и Реликвиите на смртта, седмиот и последниот роман во серијалот, бил адаптиран во два долгометражни филмови.[7] Првиот дел бил издаден во ноември 2010 година, а вториот дел бил издаден во јули 2011 година.[8][9]

Хари Потер и затвореникот од Азкабан (2004) е единствениот филм во серијалот кој не се наоѓа во списокот на 50. најпрофитабилни филмови во историјата, додека пак Хари Потер и реликвиите на смртта – 2 дел, најпрофитабилниот филм во серијалот е осми најпрофитабилен филм на сите времиња.[10] Без усогласувањето на инфлацијата, филмскиот серијал е втор најпрофитабилен филмски серијал со вкупна заработка од $8.5 милијарди долари во светски рамки.

Првична идеја и понатамошен развој

уреди

Синопсиси

уреди

Хари Потер и Каменот на мудроста

уреди

Хари Потер е единаесет годишно момче. Како бебе бил нападнат од злобниот волшебник Лорд Волдеморт кој ги убил неговите родители. Неговото преживување му носи огромна слава на Хари. На неговиот единаесетти роденден дознава од Рубеус Хагрид дека е волшебник и дека е повикан да започне со своето образование во Хогвортс. Во меѓувреме Хари ги запознава Рон Визли и Хермиона Гренџер кои му стануваат најдобри пријатели. Покрај сите авантури тројцата почнуваат да истражуваат за мистериозниот камен на мудроста и дознаваат дека еден од професорите го бара каменот за да може да му помогне на Волдеморт да се прероди. Хари решава да го спречи и се соочува лице во лице со Волдеморт.

Хари Потер и Одајата на тајните

уреди

Хари, Рон и Хермиона се враќаат во Хогвортс и ја започнуваат својата втора година. Тие се запознаваат со новиот професор по Одбрана од мрачните сили Гилдерој Локхарт кој се покажува како доста откачен. Една вечер додека Хари му помага на Гилдерој во некои работи слуша мистериозен застрашувачки глас, тој почнува да го следи и ја наоѓа мачката на домарот скаменета, а над неа напишано со крв: „Одајата на тајните е отворена. Непријатели на наследникот чувајте се.“. Нападите продолжуваат како и натписите на ѕидовите а и тие и тие се проследени од глас кој само Хари го слуша и секогаш решава да го следи. Сите се сомневаат дека Хари е одговорен за нападите и дека тој е наследникот. Поради нападите Гилдерој решава да формира секција по двобој. На скецијата Хари открива дека знае да зборува змиски пред половина училиште. Со ова сè повеќе ученици веруваат дека Хари е наследникот дури и самиот Хари почнува да се сомнева во себе. Нападите продолжуваат и Министерството смета дека Хогвортс не е повеќе безбеден. За Хари ситуацијата се влошува кога самата Хермиона е најдена скаменета. Поради ова и поради последниот натпис на ѕидот кој гласи дека еден од учениците е одвлечен во одајата и неговото тело ќе остане таму за засекогаш, Хари решава да ја пронајде одајата и да се соочи со хоророт скриен во неа.

Хари Потер и Затвореникот од Азкабан

уреди

Третата година на Хари започнува најчудно од сите. Во училишниот воз Хари е нападнат од страшно суштество наречено дементор,(дементорите се суштества кои ја цицаат среќата од човекот и предизвикуваат голема болка) но е спасен од новиот професор по Одбрана од мрачните сили Ремус Лупин. Во меѓувреме и волшебничкиот свет и обичниот свет се во опасност поради бегството на Сириус Блек, затвореник од волшебничкиот затвор Азкабан кој според некои избегал за да го убие Хари. Хари дознава дека Сириус бил пријател на неговите родители но ги предал на Волдеморт што значи дека тој е виновен за смртта на родителите на Хари. Хари полн со бес и желба за одмазда решава да го најде Сириус и да го убие. На крајот сосем неочекувано еден од ликовите станува врколак и ги напаѓа на сите но и дементорите решаваат да нападнат во исто време. Кога сите мислат дека крајот наближува Хари и Хермиона на чуден начин се враќаат во времето за да ги средат работите.

Хари Потер и Пламениот пехар

уреди

Четвртата година на Хари започнува со кошмарот на Хари како Волдеморт убива човек. На самиот почеток на учебната година Хари го запознава новиот професор по Одбрана од мрачните сили Аластор Лудоокиот, бивши Зор. Хогвортс е почестен со веста дека е одбран да биде домаќин на познатиот волшебнички натпревар Тробојот. Училиштата Боксбатон и Дармстранг се поканети во Хогворст како учесници на натпреварот. Силниот Виктор Крум е одбран да го претставува Дармстранг, прекрасната Флор Делакор е одбрана да го престставува Боксбатон и храбриот Седрик Дигори да го престставува Хогвортс. Таканаречениот пламен пехар ги одбира исклучително најсилните натпреварувачите за овој натпревар и само по еден од секое училиште, но сите се изненадени кога пехарот го исфрла и името на Хари. Хари е присилен да учествува на натпреварот и во меѓувреме се обидува да открие кој го ставил неговото име во пехарот.

Хари Потер и Редот на фениксот

уреди

Петтата година на Хари започнува со нападот на дементорите врз Хари и Дадли. Хари е повикан на судско сослушување каде го осудуваат дека употребил магија во присуство на неволшебник. Таму Хари дознава дека Министерството и поголемиот дел од волшебниците се во одрекување дека Волдеморт е вратен и дека медиумите ги обвинуваат Хари и Дамбладор за лажговци. Поради ова Министерството решава да ја вработи новата професорка по Одбрана од мрачните сили Долорес Амбриџ која одбива да ги учи учениците како да користат магија. Хари решава да формира своја армија од ученици кои ќе ги подготви за тоа што навистина е надвор. Со ова бунтот помеѓу Армијата и Министерството започнува.

Хари Потер и Полукрвниот Принц

уреди

Хари ја започнува шестата година во училиштето Хогвортс. Хари почнува да следи магични совети и совети за приготвување на волшебни напивки од мистериозен дневник со чија помош го импресионира професорот Хорациј Слагхорн. Хари почнува да се сомнева дека Снејп и Малфој му коваат завера и е одлучен да открие каква е заверата. Премиерата на филмот е закажана за 17 јули 2009.

Хари Потер и Реликвиите на смртта

уреди

Хари, Рон и Хермиона решаваат да ја пропуштат седмата година во Хогвортс и ја започнуваат својата посебна највозбудлива авантура до сега. Тие решаваат да го најдат Волдеморт и да го убијат еднаш за секогаш. Поради обемниот материјал филмот е поделен во два дела. Првиот се најавува на 19 ноември 2010, а вториот некаде во мај 2011.

Продукција

уреди

Наводи

уреди
  1. Kois, Dan. "The Real Wizard Behind Harry Potter" Slate (magazine), 13 July 2011. Accessed: 20 December 2013.
  2. „Fantasy – Live Action“. Box Office Mojo. Архивирано од изворникот на 2011-09-02. Посетено на 1 June 2011.
  3. „Harry Potter“. Box Office Mojo. Архивирано од изворникот на 2014-07-20. Посетено на 1 June 2011.
  4. http://www.campaignlive.co.uk/article/fantastic-beasts-release-shows-magic-brand-reinvention/1416310
  5. Dargis, Manohla; Scott, A. O. (15 July 2007). „Harry Potter and the Four Directors“. The New York Times. Посетено на 29 July 2011.
  6. „Harry Potter at Leavesden“. WB Studio Tour. Архивирано од изворникот на 2014-02-10. Посетено на 16 September 2012.
  7. „Warner Bros. Plans Two-Part Film Adaptation of "Harry Potter and the Deathly Hallows" to Be Directed by David Yates“. Business Wire. 13 March 2008. Посетено на 6 September 2012. ...expand the screen adaptation of Harry Potter and the Deathly Hallows and release the film in two parts.
  8. Boucher, Geoff; Eller, Claudia (7 November 2010). „The end nears for 'Harry Potter' on film“. Los Angeles Times. Посетено на 3 January 2010. The fantasy epic begins its Hollywood fade-out Nov. 19 with the release of " Harry Potter and the Deathly Hallows – Part 1" and finishes next summer with the eighth film, "Harry Potter and the Deathly Hallows – Part 2."
  9. Schuker, Lauren A. E. (22 November 2010). 'Potter' Charms Aging Audience“. The Wall Street Journal. Посетено на 3 January 2010. The seventh instalment in the eight-film franchise, "Harry Potter and the Deathly Hallows: Part I" took in a franchise record of $125.1 million at domestic theaters this weekend according to Warner Bros., the Time Warner Inc.-owned movie studio behind the films.
  10. „All Time Worldwide Box Office Grosses“. Box Office Mojo. Посетено на 11 October 2015.