Ова е крајот (англиски: This is the end) е американски филм (во жанрот комедија) од 2013 година, во режија на Сет Роген. Главните улоги ги толкуваат: Џејмс Франко, Џона Хил, Сет Роген, Џеј Барушел и Дени Мекбрајд.

Содржина уреди

Филмската ѕвезда Џејмс Франко приредува голема забава во својата куќа во Лос Ангелес. Ненадејно, доаѓа крајот на светот, проследен со инвазија на чудовишта. Токму пред куќата на Франко се отвора огромна дупка во која паѓаат голем број од посетителите на забавата. Така, во куќата отануваат заробени шестмина пријатели. Поради настанатата состојба и малите резерви на храна, постепено нивното пријателство се влошува. На крајот, тие решаваат да излезат надвор, при што, некои од нив умираат, а некои заминуваат во рајот.[1]

Наводи уреди

  1. Антена, број 857, 28.11.2014, стр. 26.