Езан
повик за молитва во исламот
Езан[1][б 1] (арап. أَذَان) — исламски повик за молитва. Муезинот го чита од минарето пет пати на ден, за секоја молитва посебно.
Првиот езан го изговорил Билал ибн Рабах, кого Мухамед го избрал за прв муезин бидејќи имал завидни гласовни способности.
Текст на езанот
уредиПовторување | Арапски | Транскрипција | Македонски |
---|---|---|---|
4x | الله اكبر | Allāhu akbar | Алах е најголем |
2x | اشهد ان لا اله الا الله | Ash-hadu an-lā ilāha illā allāh | Сведочам дека нема друг бог освен Алах |
2x | اشهد ان محمد الرسول الله | Ash-hadu anna Muhammadan-Rasul ullāh | Сведочам дека Мухамед е божји пратеник |
2x | حي على الصلاة | Hayya'alas-ṣalāh | Дојдете на намаз |
2x | حي على الفلاح | Hayya ʿalal-falāḥ | Дојдете на спас |
2x | الصلاة خير من النوم | As-salatu Khayrun Minan-nawm | Намазот е подобар од спиење* |
2x | الله اكبر | Allāhu akbar | Алах е најголем |
1x | لا اله الا الله | Lā ilāha illā-Allāh | Нема друг бог освен Алах |
Повторување | Арапски | Транскрипција | Македонски |
---|---|---|---|
4x | الله أكبر | Allāhu akbar | Алах е најголем |
2x | أشهد ألا إله إلا الله | Ash-hadu an-lā ilāha illā allāh | Сведочам дека нема други божества освен Алах |
2x | أشهد أن محمدا رسول الله | Ash-hadu anna Muhammadan-Rasulullāh | Сведочам дека Мухамед е божји пратеник |
2x | أشهد ان عليا ولي الله | Ash-hadu anna Alīyan walī-ullāh | Тврдам дека Алија е намесник Алахов |
2x | حي على الصلاة | Hayya ʿala ṣ-ṣalāt | Дојдете на намаз |
2x | حي على الفلاح | Hayya ʿala 'l-falāḥ | Дојдете на спас |
2x | حي على خير العمل | Ḥayya ʿala khayr al ʿamal | Дојде времето за најдобри дела |
2x | الله أكبر | Allāhu akbar | Алах е најголем |
2x | لا إله إلا الله | -{Lā ilāha illā-Allāh}- | Нема божество освен Алах |
Облик на езанот
уредиСекој дел од езанот е одделен со паузи и се повторува еднаш или повеќе пати. За време на првото излагање, секоја од фазите е ограничена во тонскиот опсег и е пократка. За време на повторувањето, фазата е подолга, помелодична и со поголеми тонски осцилации, кои можат да достигнат и над една октава. Не сите улеми се согласуваат за неопходноста од мелодизирање на повикот за молитва. Некои дури го сметаат за арам.
Поврзано
уредиБелешки
уреди- ↑ Во арапскиот јазик се користи називот адхан, додека називот езан се користи меѓу муслиманите во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Турција, називот азан се користи во Авганистан, Азербејџан, Бангладеш, Индија, Иран, Пакистан, Русија, Суматра, Таџикистан и Туркменистан, називот азон во Узбекистан и банг во некои области на Пакистан, Курдистан и Керала во Индија.
Наводи
уреди- ↑ „езан“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ 2,0 2,1 Сахих Бухари 89.329 Архивирано на 4 декември 2008 г.
- ↑ 3,0 3,1 Sahih Muslim : Book 020: Number 4477, 4478, 4480, 4481, 4482, 4483 Архивирано на 20 август 2011 г.
- ↑ 4,0 4,1 Sunan Abu Dawood : Book 36: Number 4266 Архивирано на 6 август 2011 г.
- ↑ 5,0 5,1 Sunan al-Tirmidhi (Arabic)
Chapter of Fitan,
2:45 (India) and 4:501 Tradition # 2225 (Egypt)
Hadith #2149 (numbering of al-'Alamiyyah) - ↑ Куран : Surah Sajda: Ayah 24-25 Архивирано на 27 април 2018 г.