Едевехт (германски: Edewecht; долногермански: Erwech) — општина во округот Амерланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на 18 километри западно од слободниот град Олденбург.

Едевехт
Црквата „Св. Никола“ со дрвената камбанарија во Едевехт
Црквата „Св. Никола“ со дрвената камбанарија во Едевехт
Црквата „Св. Никола“ со дрвената камбанарија во Едевехт
Грб на Едевехт
Едевехт во рамките на Германија
Едевехт
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Амерланд
Месни единици 15
Градоначалник Петра Лауш (независен)
Основни податоци
Површина 113,50 км2
Надм. височина 6 м
Население 22.908 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 202 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. WST
Пошт. бр. 26188
Повик. бр. 04405
Портал www.edewecht.de
Местоположба на Едевехт во рамките на округот Амерланд
Карта
Карта
Координати 53°07′33″N 7°58′57″E / 53.12583° СГШ; 7.98250° ИГД / 53.12583; 7.98250

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Главното место се наоѓа 18 километри западно од градот Олденбург.

Низ местото поминува потокот Ауе, кој доаѓа од Цвишенанското Езеро, како и потокот Фене, кој се влива во Ауе во местото Остершепс.

Општински единици

уреди

Општината Едевехт се состои од 15 општински единици. Норд Едевехт I и Норд Едевехт II го образуваат главното место, каде се наоѓа општинската управа и црквата.

Во општината Едевехт влегуваат следниве единици:

  • Фридрихсфен Норд
  • Фридрихсфен Зид
  • Хисбаке
  • Једело I
  • Једело II
  • Клефелд
  • Клајн Шарел
  • Норд Едевехт I
  • Норд Едевехт II
  • Остершепс
  • Портслоге
  • Зидорф
  • Зид Едевехт
  • Вестершепс
  • Вилдело
  • Витенберге

Соседни општини

уреди

Општината Едевехт се граничи со три града и четири општини. Тука се Апен, Вестерштеде и Бад Цвишенан од округот Амерланд, слободниот град Олденбург, општината Варденбург од округот Олденбург и општините Безел, Фризојте и Барсел од округот Клопенбург.

Историја

уреди

Едевехт бил место на тешки борби во текот на последните седмици од Втората светска војна. Доаѓајќи од Фризојте на југ, на 17 април 1945 година канадските трупи го освоиле Едевехт во тешка борба куќа по куќа против фанатичните германски паравоени единици, како и други војници.

Познати луѓе

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди