Бад Цвишенан (германски: Bad Zwischenahn; долногермански: Twüschenahn) — општина во округот Амерланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на Цвишенанското Езеро, околу 17 километри западно од слободниот град Олденбург и околу 60 километри јужно од брегот на Северното Море.

Бад Цвишенан
Поглед на Бад Цвишенан (фотографирано од водокулата)
Поглед на Бад Цвишенан
(фотографирано од водокулата)
Поглед на Бад Цвишенан
(фотографирано од водокулата)
Грб на Бад Цвишенан
Бад Цвишенан во рамките на Германија
Бад Цвишенан
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Амерланд
Месни единици 19
Градоначалник Арно Шилинг (СДП)
Основни податоци
Површина 130 км2
Надм. височина 7 м
Население 29.803 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 229 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. WST
Пошт. бр. 26160
Повик. бр. 04403
Портал www.bad-zwischenahn.de
Местоположба на Бад Цвишенан во рамките на округот Амерланд
Карта
Карта
Координати 53°11′1″N 8°00′35″E / 53.18361° СГШ; 8.00972° ИГД / 53.18361; 8.00972

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Општината Бад Цвишенан се наоѓа во југоисточниот дел на округот Амерланд. Главното место на општината е истоименото место, кое е сместено на Цвишенанското Езеро, каде се наоѓа и општинската управа.

Главното место Бад Цвишенан денес има изглед на мал современ град со пешачка зона, променада, продавници и ресторани.

Соседни општини

уреди

Општината Бад Цвишенан се граничи на североисток со општината Вифелштеде, на југоисток со градот Олденбург, на југ со општината Едевехт и на северозапад со окружниот град Вестерштеде.

Општински единици

уреди

Општината Бад Цвишенан се состои од 18 единици:[2]

  • Ашхаузен
  • Бад Цвишенан
  • Бло
  • Деникхорст
  • Екерн
  • Елмендорф
  • Хеле
  • Кајхаузен
  • Кајхаузерфелд
  • Офен
  • Орвеге
  • Петерсфен I
  • Петерсфен II
  • Роструп I
  • Роструп II
  • Шпекен
  • Венен
  • Вестерхолтсфелде

Историја

уреди

Во текот на Втората светска војна, Бад Цвишенан бил седиште на најголемата база на Луфтвафе во северниот дел на Германија. Воздухопловната база била жестоко бомбардирана. По војната, базата била претворена во терен за голф.

Стопанство

уреди

Главни стопански дејности во Бад Цвишенан се дрвната индустрија, прехранбената индустрија, како и туризмот.

Сообраќај

уреди

Железничката станица во Бад Цвишенан се наоѓа на железничката линија Олденбург-Лер и има редовни регионални возови.

Во Цвишенанското Езеро постојат редовни фериботски линии од Бад Цвишенан до Драјберген и Роструп.[3]

Познати луѓе

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. „Hauptsatzung der Gemeinde Bad Zwischenahn“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-01-28. Посетено на 2021-07-31.
  3. Nordwest-Zeitung. „Was Ist So Besonders Am Zwischenahner Meer? Bad Zwischenahn: Das liebste Loch der Ammerländer“. www.nwzonline.de (германски). Посетено на 2018-12-22.

Надворешни врски

уреди