Надворешна трговија

Надворешната трговија (англиски: Foreign trade) ги опфаќа продажбата (извозот) и купувањето (увозот) на производи и услуги меѓу земјата и странство. Вкупната вредност на извозот и увозот на една земја се бележи во билансот на меѓународните плаќања, и тоа во трговскиот биланс.

Надворешна трговија на Македонија уреди

Табела 1: Извоз на Македонија според економски групации (во илјади долари).[1]

Регион 2012 2013 Структура
ЕУ 28 2 610 776 3 099 759 72,6%
ЕФТА 33 717 42 303 1,0%
ОПЕК 14 221 10 755 0,3%
НАФТА 61 259 51 984 1,2%
Западен Балкан 879 185 751 922 17,6%
АПЕК 165 513 111 377 2,6%
ЗНД 58 936 63 409 1,5%
Останати земји 178 250 135 352 3,2%
Вкупно 4 001 857 4 266 861 100,0%


Табела 2: Увоз на Македонија според економски групации (во илјади долари).[2]

Регион 2012 2013 Структура
ЕУ 28 3 921 255 4 134 649 62,6%
ЕФТА 151 909 133 452 2,0%
ОПЕК 32 624 38290 0,6%
НАФТА 109 864 159 453 2,4%
Западен Балкан 619 127 657 402 10,0%
АПЕК 428 467 439 683 6,7%
ЗНД 462 584 271 689 4,1%
Останати земји 785 092 765 206 11,6%
Вкупно 5 510 922 6 599 824 100,0%


Табела 3: Земји со најголем обем на трговска размена со Македонија во 2013 година (во илјади долари).[3]

Земја Трговија Структура Извоз Структура Увоз Структура
Германија 2 227 254 20,5% 1 533 633 35,9% 693 621 10,5%
Грција 909 706 8,4% 211 919 5,0% 697 787 10,6%
Велика Британија 806 648 7,4% 79 839 1,9% 726 809 11,0%
Србија 791 996 7,3% 269 725 6,3% 522 270 7,9%
Италија 703 823 6,5% 275 380 6,5% 428 443 6,5%
Бугарија 690 763 6,4% 325 084 7,6% 365 679 5,5%
Кина 483 428 4,4% 103 864 2,4% 379 563 5,8%
Турција 386 174 3,6% 71 680 1,7% 314 494 4,8%
Косово 306 094 2,8% 276 376 6,5% 29 718 0,5%
Словенија 226 789 2,1% 59 419 1,4% 167 370 2,5%
Хрватска 215 449 2,0% 100 346 2,4% 115 103 1,7%
Романија 212 911 2,0% 87 135 2,0% 125 776 1,9%
Русија 195 204 1,8% 31 581 0,7% 163 624 2,5%
Австрија 190 707 1,8% 47 119 1,1% 143 589 2,2%
Швајцарија 171 669 1,6% 41 454 1,0% 130 216 2,0%
САД 170 030 1,6% 45 971 1,1% 124 059 1,9%
Б и Х 158 184 1,5% 94 655 2,2% 63 530 1,0%
Холандија 138 469 1,3% 67 538 1,6% 70 931 1.0%
Франција 120 221 1,1% 25 563 0,6% 94 658 1,4%
Полска 120 151 1,1% 18 870 0,4% 101 281 1,5%
Вкупно 10 866 685 100,0% 4 266 861 100% 6 599 824 100%


Во 2014 година, вкупната надворешно-трговска размена на Македонија со светот изнесувала 12,2 милијарди долари. Притоа, вредноста на македонскиот извоз изнесувала 4.933.845.000 долари, додека увозот достигнал вредност од 7.276.729.000 долари. Како последица на тоа, покриеноста на увозот со извоз била само 67,8%, односно во трговијата со странство, Македонија остварила дефицит од 2.342.884.000 долари. Во однос на 2013 година, извозот пораснал за 15,6%, додека увозот се зголемил за 10,3%. Во вредноста на извозот, најголемо учество имале катализаторите, фероникелот, спроводниците за палење на возила, производите од челик и железо, како и облеката. На страната на увозот, најмногу биле застапени: нафтените деривати, маслата од битуменозни материјали, платината и нејзините легури и електричната енергија. Дури 76,6% од извозот бил наменет за земјите од ЕУ, а 14% отишол во земјите од Западен Балкан. Земјите од ЕУ доминирале и во вредноста на македонскиот увоз, со 63,5%. Најголеми трговски партнери на Македонија биле: Германија, Британија, Грција, Србија и Италија, кои учествувале со дури 51,7% во вкупната трговска размена.[4]

Во 2015 година, вкупната вредност на надворешнотрговската размена на Македонија со светот изнесувала 9.828.165.000 евра (10.889.801.000 долари), од кој на извозот отпаѓале 4.051.230.000 евра (4.489.934.000 долари), а увозот изнесувал 5.776.935.000 евра (6.399.867.000 долари). Во 2016 година, вредноста на надворешната трговија достигнала 10.435.994.000 евра (11.544.649.000 долари), од кои извозот бил 4.329.267.000 евра (4.787.199.000 долари), а вредноста на увозот изнесувала 6.106.727.000 евра (6.757.450.000 долари). Во овие две години, најголемите трговски партнери на Македонија биле: Германија, Британија, Србија, Грција, Италија, Бугарија, Кина, Турција, Романија и Белгија.[5]

Наводи уреди

  1. Економија и бизнис, број 188, година 17, февруари 2014, стр. 94.
  2. Економија и бизнис, број 188, година 17, февруари 2014, стр. 94.
  3. Економија и бизнис, број 188, година 17, февруари 2014, стр. 94.
  4. „Извозот лани поголем за 15,6 проценти“, Дневник, година XIX, број 5685, петок, 6 февруари 2015, стр. 6.
  5. „Стаститика“, Економија и бизнис, година 18, број 225, март 2017, стр. 118.