Горан Паскаљевиќ (Белград, 22 април 1947Париз, 25 септември 2020) – српски филмски режисер, сценарист и продуцент.

Горан Паскаљевиќ
Goran Paskaljević
Горан Паскаљевиќ на Меѓународниот филмски фестивал Карлови Вари во 2010 година.
Роден(а)22 април 1947(1947-04-22)
Белград, Србија, Југославија
Починал(а)25 септември 2020(2020-09-25) (возр. 73)
Париз, Франција
ЗанимањеФилмски режисер, сценарист и продуцент
СопружникКристин Жанте (ж.1995)
ДецаВладимир Паскаљевиќ (р.1974) Петар Паскаљевиќ (р.1993)

Кариера

уреди

Дипломирал на Факултетот за филм и телевизија на Академијата за сценски уметности (чешки: Akademie múzických umění) во Прага. Режирал многу документарни филмови и ТВ-драми за ТВ Белград, а првиот долгометражен филм — Чувар на плажата во зимски период, го снимил во 1976 година. Неговото дело брои 30 документарни и 13 играни филмови.

Во текот на април 2016 година, во Виена била одржана ретроспектива на неговите филмови.[1]

Починал на 25 септември 2020 година во Париз.[2] После кремирањето во Париз на гробиштата Пер Лашез неговите посмртни останки, на 10 октомври биле пренесени во Белград на „Ново гробље“.[3]

Награди и признанија

уреди

Добитник е на многу престижни награди: Награда од критичарите за најдобар европски филм во 1998 година за Буре барут; Награда од критичарите во Сан Себастијан во 1990 година за Време на чуда. Магазинот Варајати (Variety), во 2001 година го рангирал во петте најдобри режисери на година (покрај Ласе Халстром, Нил Џордан, Стивен Содерберг и Едвард Јанг). Тој е првиот филмски режисер кој во 2002 година во Минхен ја добил наградата „Бернард Вики Мост“ за хуманизам во своите дела. Во ноември 2007 година, Паскаљевиќ бил одликуван со францускиот Орден за уметност и книжевност кој свечено му е врачен на 9 мај 2008 година во Белград.

Не го заобиколувале ниту наградите на домашните фестивали на играни филмови:

  • Голема бронзена арена за најдобар филм на Филмскиот фестивал во Пула, за играниот филм Земските денови течат, во 1979 година.
  • Најголемо признание на Југословенската кинотека Златен печат, во 2019 година.
  • Лесковачки меѓународен фестивал за филмска режија LIFFE 2020: Награда Живојин Жика Павловиќ за афирмација на регионалната филмска уметност во светот, во 2020 година.[4][5]

Филмски режии

уреди
Година Име на филмот
1970-ти
1972 Легенда за лапота
1973 Слуга
1976 Чувар на плажа во зимски период
1977 Кучето што ги сакаше возовите
1979 Земските денови течат
1980-ти
1980 Посебен третман
1982 Самрак
1984 Лажливо лето '68
1987 Ангел чувар
1989 Време на чуда
1990-ти
1992 Танго аргентино
1995 Туѓа Америка
1998 Буре барут
2000-ти
2002 Како Хари стана дрво
2004 Сон на зимската ноќ
2006 Оптимисти
2009 Меден месец
2010-ти
2012 Кога ќе осамне ден
2016 Земја на боговите
2019 И покрај маглата

Филмски сценарија

уреди
Година Име на филмот
1973 Слуга
1979 Земските денови течат
1982 Самрак
1987 Ангел чувар
1989 Време на чуда
1998 Буре барут

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди