Духовденски понеделник
Духовденски понеделник, познат и како Втор ден Духовден — празник што се празнува следниот ден по Духовден, подвижен празник во христијанскиот литургиски календар. Подвижен е бидејќи се определува според датумот на Велигден.
Духовденски понеделник | |
---|---|
Средновековна руска икона Свето Тројство од Стариот завет од Андреј Рубљов, користена како икона за празнување на Духовденски понеделник. | |
Го празнува(ат) | Многу европски зеји и некои поранешни колонии |
Вид | Христијански |
Почнува | 1-иот понеделник по Духовден |
Датум | Велигден + 50 дена |
Поврзано | Духовден, Духовденски вторник, Задушница, Ден на сите светци |
Празнување
уредиДуховден е секогаш во недела и затоа е обично неработен ден. Со оглед на тоа, понеделникот по Духовден е државен празник во Андора, Антигва и Барбуда, Ангвила, Австрија, Бахамите, Барбадос, Белгија, Бенин, Британските Девствени Острови, Централноафриканската Република, Република Конго, Кипар, Данска, Доминика, Франција, Габон, Германија, Грција, Гренада, Унгарија, Исланд, Брегот на Слоновата Коска, Луксембург, Мадагаскар, Монако, Монсерат, Холандија, Норвешка, Романија, Света Луција, Свети Кристофер и Невис, Сенегал, Соломони, Свети Винцент и Гренадини, Швајцарија, Того и Украина. Во многу од овие земји, Духовденскиот понеделник е познат како „Втор ден на Педесетницата“ или „Втор ден Духовден“.
Во Македонија, Духовденски понеделник е работен ден. Неработен ден за граѓаните од православната вероисповед е петокот пред Духовден, Мртов петок.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Програма за неработни денови“. Посетено на 15 септември 2024.
Надворешни врски
уреди- Trinity Week—Day of the Holy Spirit Orthodox icon and synaxarion