Црква „Св. Кузман и Дамјан“ - Древено (Гуменџиско)

црква во некогашното село Древено во Бојмија (Општина Кукуш), Егејска Македонија

Свети Бессребреници Кузман и Дамјан или Свети Врач (грчки: Αγίων Αναργύρων) — црква во некогашното село Древено, Гуменџиско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Кузман и Дамјан
Αγίων Αναργύρων
Карта
41°3′9.1″N 22°30′44.0″E / 41.052528° СГШ; 22.512222° ИГД / 41.052528; 22.512222
МестоДревено, Гуменџиско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
ЗавршенаXIX век
Управа
ЕпархијаГуменџиско-бојмичко-ругуновска

Црквата е изградена во XIX век и е единствената преживеана градба од поранешното Древено, напуштено во 1950-тите. Претставува трикорабна базилика типична за македонските цркви од тоа време. Тремот, нартексот и галеријата веќе не постојат. Дрвените столбови кои ги двојат корабите на црквата се заменети со понови. Камениот плочник е пропаднат. Нишите на ѓаконикот и жртвеникот се внесени во источниот ѕид. Апсидата е полукружна и одвнатре и однадвор. Храмот има два влеза — еден од југ и еден од запад, со оформена ниша над горниот праг, каде биле насликани покровителите Кузман и Дамјан. Ѕидаријата е изработена од речни камења, а аголните камења се блокови изделкани од варовник. Од дрвените елементи на црквата преживеал само иконостасот, кој е во лоша состојба. Сета структура е во силни бои, а на дното има насликани вазни и цвеќиња. Во апсидата има траги од живопис. Црквата е отворена само за покровителската слава.[1]

Во 1984 г. храмот прогласен за споменик на културата.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „13. Ιερός ναός Αγίων Αναργύρων Δρέβενου“. Ανάδειξη των Μεταβυζαντινών Μνημείων στην Μητροπολιτική Περιφέρεια Γουμενίσσης- Αξιουπόλεως - Πολυκάστρου μέ κέντρο τό Δήμο Ευρωπού. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 24 јуни 2014.