Драган Томовски

македонски архитект

Драган Томовскимакедонски архитект, урбанист и проектант на бројни значајни објекти во Македонија.

Драган Томовски
Роден(а)1919
Скопје, Кралство СХС
Починал(а)2009
Скопје, Македонија
НационалностМакедонец
Администратиен објект во центарот на Скопје
Хотел Турист во Скопје
Поединечна куќа во Скопје

Животопис

уреди

Драган Томовски е роден во Скопје во 1911 година и е еден од позначајните македонски архитекти и урбанисти. Потекнува од пошироко градителско семејство, дедо му Михајло бил познат градител во периодот во кој живеел. Изградил повеќе сакрални и опшествени објекти во нашата и во соседните земји, а во Скопје неговиот најзначаен објект е ,,Машката гимназија” која веќе не постои. Вујко на Дрган Томовски бил Јосиф Михајловиќ , големиот скопски архитект и градоначалник помеѓу двете светски војни. Драган Томовски развива богата архитектонска и урбанистичка дејност.

Во периодот пред втората светска војна, Драган Томовски се вработува во Tехничкото одделение на Скопската градска општина. Веднаш по ослободувањето со формирањето на Mинистерството за градежништво на владата на НРМ работи како проектант во бирото за обнова и изградба на земјата. Во 1950г. е преместен во Градското собрание на град Скопје како раководитетл на архитектонско-урбанистичката служба. При формирањето на заводот за архитектура и урбанизам на град Скопје тој е еден од основачите и член на потесното раководство на оваа институција.

Драган Томовски се јавува како современик на Јан Дубави, Славко Леви, Михо Чакеља и други познати архитекти од тој период. Се јавува као проектант на бројни објекти со различни намени од кои преовладуваат станбените згради, туристичко-угостителските објекти, доследно спроведувајќи го меѓународниот стил. Во проектирањето на становите обрнува посебно внимание на функцијата и се залага за рационално организиран стан. Драган Томовски се занимава и со урбанистичко проектирање. По земјотрeсот во 1963г. во градскиот завод за урбанизам и архитектура работи како соработник и член во тимот за изработка на Генералниот урбанистички план на град Скопје , во поширок состав со странските соработници ,,Доксијадес” од Атина и ,,Полсервис” од Варшава. Драган Томовски подолго време престојувал како експерт во странство. Во Сирија е ангажиран за изработка на урбанистички програми и студии за развој на туристичките реони и населби во периодот од 1967 - 1968г. Во емиратот Кувајт е ангажиран како проектант и консултант за архитектонско-урбанистичко проблеми 1976 - 1978г. Во Кувајт остварува i повеќе проекти мегу кои станбени населби и јавни згради со типична архитектура за тоа подрачје и поединечни семејни објекти за видни тамошни личности. Со успех учествувал и на повеќе анонимни архитектонско -урбанистички конкурси во поранешна Југославија. Некои од проектите и реализираните проекти на Томовски, публикувани се во реномирани стручни списанија на терироријата на поранешна Југославија и презентирани се на повеќе колективни и самостојни изложби. Слободното време го надополнува со сликарство - акварелска техника со пејсажни мотиви. Асоцијацијата на архитекти на Република Македонија, го наградува со престижната награда ,,Андреја Дамјанов" во 2004 година и тој станува член на Архитектонската академија при Асоцијацијата на архитекти на Република Македонија.

Oстварувања од областа на архитектурата

уреди
  • Учителската школа со интернат и сите придружни содржини : исхрана, опшествени потреби и спортска активност во Битола - 1946г. ;
  • Станбените блокови (П+2) во населбата Карпош во Скопје - 1947г.;
  • Станбените блокови во Дебар Mаало во Скопје - 1947г.;
  • Станбено-деловната зграда со ресторан во центарот на Скопје - 1953г.;
  • Спортскиот центар под Кале во Скопје (соавтор) 1956г.;
  • Повеќестанбени згради со деловен простор - Бит-пазар, Скопје - 1956г.;
  • Хотел ,,Турист" во Скопје, ул. ,, Македонија" - 1958г.;
  • Коплкес кули во населба Аеродром, Скопје (соавтор) - 1974г.;
  • Станбени кули во населба Капиштец, Скопје - 1975г.;
  • Станбено деловна зграда на плоштадот ,,Македонија" наспроти кафеаната ,,Лондон" - 1956г.;
  • Станбена зграда со деловни простории (каскадно решение) во центарот на Свети Николе - 1974г.;
  • Зграда на Општинското собрание на Свети Николе со сала за општински и јавни потреби - 1975г.

Oстварувања од областа на урбанизмот

уреди

Наградени трудови

уреди

Добиени награди

уреди