Детален урбанистички план

Детален урбанистички план се донесува за плански опфат, за кој е донесен генерален урбанистички план. Деталниот урбанистички план (кој претставува план од пониско ниво), мора да биде усогласен со генералниот урбанистички план.[1]

Графички дел од депалниот урбанистички план за Урбана Зона А од населбата Ново Лисиче во општина Аеродром. Со различните бои се претставени различните зони, и во табелата од десната страна се наведени сите елементи од планот.

Содржина уреди

Деталниот урбанистички план содржи текстуален дел и графички приказ на планските решенија на опфатот, како и бројчен дел со билансни показатели за планскиот опфат и за инфраструктурата.[1]

Графички дел уреди

Графичките прикази на ДУП-от содржат:

граница на планскиот опфат,
регулациони линии,
парцелација на градежното земјиште,
површини за градење на градби определени со градежни линии,
максимална висина на градбата изразена во метри до венец,
намена на земјиштето и градбите,
планско решение на секундарната сообраќајна мрежа со нивелманско решение и
плански решенија на сите секундарни комунални и телекомуникациски инфраструктури.

Дел од серија статии по

Просторен план на РМ
Генерален урбанистички план
Детален урбанистички план
Урбанистички план за село
Урб. план вон населено место
Архи.-урб. проект
Урбанистички проект

Министерство
Сектор за урбанизам

Останато

Историја на урбанизмот
Агенција за прос. планирање
Терминологија


Текстуален дел уреди

Текстуалниот дел на ДУП-от содржи:

општи услови за изградба,
развој и користење на земјиштето и градбите,
посебни услови за изградба за поединечни градежни парцели,
податоци за сообраќајните, комуналните и телекомуникациските инфраструктури,
други параметри за спроведување на планот,
мерки за заштита на културното наследство, природата и животната средина,
мерки за заштита од разурнувања.

Нумерички податоци уреди

Нумеричките податоци од ДУП-от содржи: уреди

податоци за површините на градежни парцели,
планираните површини за градење,
максималната висина на градбите изразена во метри до венец,
податоци за инфраструктурните водови.

Податоците за постојната состојба, можностите за просторен развој и програмските проекции за просторниот развој претставуваат документациона основа на деталниот урбанистички план, кој а е прилог на планот.[1]

Деталните урбанистички планови во чиишто плански опфат постојат споменици, споменички целини и други заштитени добра со статус на културно наследство, треба да содржат детални параметри за заштита на недвижното културно наследство.

Методологија за донесување на ДУП уреди

Деталниот урбанистички план, се донесува врз основа на издадени услови за планирање на просторот согласно со закон.[1]

Извори уреди

Извори уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Закон за просторно и урбанистичко планирање“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-05. Посетено на 2010-04-02.