Доселување
Доселување или имиграција — воведување на нови луѓе во живеалиште или население. Тоа е биолошки концепт и е важeн за популационата екологија, кој се разликува од иселувањето ( иселувањето) и поинаквите преселби (миграции).
На поимот „доселеник" (имигрант) често се гледа потценувачки. Лицето кое се населува од посиромашна во побогата земја се нарекува доселеник, а пак лицата кои потекнуваат од побогата земја, а имаат постојано живеалиште во посиромашна земја самите се нарекуваат „доселеници” или претпочитаат да велат дека се повлекле, а не дека се доселиле во земја со подобри климатски услови и пониски трошоци за живот.
Статистика
уредиОд денешните 200 милиони доселеници низ светот, речиси 70,6 милиони живеат во Европа, потоа следи Северна Америка со над 45,1 милион доселеници и Азија со околу 25,3 милиони. Азија стана главен извор на доселување.
Обединетите нации утврдија дека во 2005 година низ светот имало речиси 191 милион меѓународни доселеници, што е околу 3 проценти од светското население. Овој пораст, во однос на 1990 година, изнесува 26 милиони. Денес, шеесет проценти од овие доселеници живеат во развиени земји, што исто така претставува пораст во однос на 1990 година. Бројот на доселеници во помалку развиените земји стагнираше, главно, поради намалувањето на бројот на бегалци. Погледнете ги тие податоци во споредба со просечната стапка на глобализација (процентот на прекуграничната трговија во сите гранки) која надминува 20 проценти. Во иднина се очекува да се зголеми бројот на луѓе кои живеат надвор од својата родна земја.
Со пописот на ОН во 2005 година е евидентирано дека Средниот Запад (САД), некои делови од Европа, мали области во југозападна Азија, како и неколку места во Источна Азија имаат највисок процент на население кое се доселило. Меѓутоа, веродостојноста на пописите на доселеници е мала заради прикриениот карактер на непријавената преселба на работна сила. Меѓународната организација за преселба проценува дека денес бројот на странскипреселници низ светот изнесува над 200 милиони.
Неодамнешните истражувања на организацијата „Галуп“ покажуваат дека околу 700 милиони возрасни луѓе би сакале, доколку имаат можност, да се преселилет во друга земја. САД е најпосакуваното одредиште. Речиси една четвртина (24%) од овие испитаници, што претставува повеќе од 165 милиони возрасни луѓе низ светот, велат дека Америка е нивното најпосакувано идно место за живеење. Бидејќи се проценува дека дополнителни 45 милиони лица изјавиле дека сакаат да се преселат во Канада, Северна Америка е еден од двата најпосакувани региони.
Другите најпосакувани одредишта (оние во кои околу 25 милиони или повеќе возрасни луѓе би сакале да заминат) се главно земји во Европа. Четириесет и пет милиони возрасни луѓе би сакале да се преселат во Обединетото Кралство или во Франција како нивнo најпосакувано одредиште, додека 35 милиони би сакале да се преселилет во Шпанија и 25 милиони би сакале да се преселат во Германија, 30 милиони во Саудиска Арабија и 25 милиони во Австралија.
Разбирање на доселувањето
уредиОпшти теории за доселувањето
уредиЕдна теорија за доселување прави разлика меѓу фактор на одбивање (Push) и фактор на привлекување (Pull). Факторите на одбивање главно се однесуваат на причината за иселување од родната земја. Кај економската преселба (најчесто преселба на работната сила) се истакнуваат разликите во нивото на платите. Ако вредноста на платите во новата земја ја надминува вредноста на платите во родната земја, тој или таа ќе одлучи да се пресели сè додека трошоците не се премногу високи. Особено во 19 век, економската експанзија на САД го зголеми приливот на иселеник (емигрант) така што речиси 20% од населението беа странци за разлика од бројките денес кои покажуваат 10%, што претставува значителен процент од работната сила. Сиромашните луѓе од помалку развиените земји можат да имаат многу повисоки стандарди на живеење во развиените земји, отколку во земјата од која потекнуваат. Цената на иселувањето, во која се вклучени експлицитните трошоци, цената на картата, имплицитните трошоци, изгубеното работно време и губењето на врските со заедницата, исто така играат голема улога во привлекувањето на иселениците за да ја напуштат нивната родна земја. Со подобрувањето на транспортната технологија, помеѓу 18 век и почетокот на 20 век времето потребно за патување и трошоците драстично се намалија. Патувањето преку Атлантикот траело и до 5 недели во 18 век, а пак на почетокот на 20 век траело едвај 8 дена. Кога опортунитетниот трошок е понизок, стапките на доселување се стремат да бидат повисоки. Бегањето од сиромаштијата (од лични причини или заради роднините што остануваат зад нив) е традиционален фактор на одбивање, а достапноста на работни места е поврзана со факторот на привлекување. Природните катастрофи можат да го зголемат приливот на преселба предизвикан од сиромаштија. Овој вид преселба може да биде нелегална доселување во земјата одредиште (и иселувањето е нелегална во некои земји, како што се Северна Кореја, Мјанмар и Куба).
Понекогаш иселувањето и доселувањето се задолжителни во договорот за вработување: религиозни мисионери и вработените во транснационалните корпорации, меѓународните невладини организации и дипломатска служба се очекува, по дефиниција, да работат во странство. Тие често се нарекуваат „експатриоти“, а нивните услови за вработување обично се еднакви или подобри отколку на оние кои аплицираат во земјата-домаќин (за слично работно место).
За некоипреселници, образованието е основен фактор на привлекување (иако повеќето меѓународни студенти не се класифицирани како доселеници). Преселбата на пензионери од богати земји во земји со пониски трошоци и со подобри климатски услови е нов вид меѓународна преселба. Примерите ја вклучуваат преселбата на пензионирани Британци во Шпанија и Италија и преселбата на пензионирани Канаѓани во САД (главно во американските држави Флорида и Тексас).
Неекономските фактори на одбивање вклучуваат прогонување (религиозно и друго), честа злоупотреба, малтретирање, угнетување, етничко чистење, дури и геноцид, како и ризик за граѓаните за време на војна. Традиционално, политичките мотиви го поттикнуваат одливот на бегалци-на пример за да се избегне диктатура.
Некои се преселилет од лични причини, врз основа на некоја роднинска врска (на пример, да бидат со семејството или со партнерот), како во случај на повторно обединување на семејството или интернационален брак (особено во случај на полова нерамнотежа). Во некои случаи, лице може да сака да емигрира во друга земја во форма на пренесен патриотизам. Избегнување на правдата (на пример избегнување апсење), е лична мотивација. Овој вид на иселување и доселување обично не е легален, доколку кривичното дело е меѓународно признато, иако криминалците можат да ги прикријат нивните идентитети или да најдат друг начин за да избегнат да бидат откриени. Постојат случаи, на пример оние кои можеби се виновни за воени злосторства, да се прикриваат како жртви на војна или конфликт и потоа да бараат азил во друга земја.
Бариерите на доселувањето не се среќаваат само во правна форма. Исто така моќни бариери се и природните и социјалните форми. Кога доселениците ја напуштаат својата земја, го напуштаат и сето она што им е познато: нивното семејство, пријателите, поддршка од другите и културата. Исто така тие треба да го распродаваат својот имот, често со големи загуби, и да ги покријат трошоците за преселување. Доаѓањето во друга земја, често е проследено со многу неизвесности околу наоѓањето работа, место за живеење, нови закони, нови културни норми, проблеми поврзани со јазикот или акцентот, можниот расизам и друг вид дискриминирачко однесување кон доселениците и нивните семејства. Овие бариери ја ограничуваат меѓународната преселба (кај ситуации кога населението масовно се движи кон други континенти создава огромен прилив на население, што само по себе врши оптоварување на инфраструктурата и на другите услуги, со што овие природни бариери за преселбата се игнорираат).
Доселбената (имиграциона) политика станува сè повеќе поврзана со други прашања, како што се националната безбедност, тероризмот и особено во Западна Европа присутноста на исламот како нова голема религија. Оние кои се загрижени за безбедноста го наведуваат граѓанското безредие во Франција од 2005 година, кое се поврзува со контроверзните карикатури на Мухамед во данскиот дневен весник „Јуландс Постен“ како пример на вредносни конфликти кои произлегуваат од доселувањето на муслиманите во Западна Европа. Поради ваквите асоцирања, доселувањето стана чувствително политичко прашање кај голем број европски земји.
Регионални фактори за доселување
уредиВо принцип, на граѓаните на една земја-членка на Европската унија им е дозволено да работат во друга земја-членка со мало или никакво ограничување на движењето. Ова е потпомогнато од мрежата на ЕУРЕС која ги поврзува Европската комисија и јавните служби за вработување на земјите кои се дел од Европската економска област и Швајцарија. За оние кои не се државјанина ЕУ, а се жители со постојан престој во ЕУ, движењето меѓу земјите-членки на ЕУ е значително потешко. По новите бранови на пристапување кон Европската унија, првите земјите-членки често воведуваа мерки за ограничување на учеството во „нивните“ пазари на трудот од страна на граѓани од новите земји-членки на ЕУ. На пример, Австрија, Белгија, Данска, Франција, Германија , Грција, Италија, Луксембург , Холандија, Португалија и Шпанија го ограничија својот пазар на трудот за период од 7 години во бранот на пристапување од 2004 и 2007 година.
Поради политиката на единствен внатрешен пазар на трудот на Европската унија , во принцип, земјите како што се Италија и Република Ирска, кои имале релативно многу ниски нивоа на доселување на работната сила сè до неодамна (и кои во минатото често испраќале значителен дел од своето население во странство), денес се соочуваат со прилив на доселеници од земјите на ЕУ кои имаат пониски годишни стапки на заработувачка по жител, што предизвика општонародни дебати во врска со доселувањето.
Во меѓувреме, Шпанија се соочува со сè поголема нелегална доселување од Африка. Бидејќи Шпанија е најблиската земја-членка на ЕУ до Африка – таа има дури и два автономни градови (Сеута и Мелила) на африканскиот континент , како и автономна заедница (Канарските Острови) западно од Северна Африка , во Атлантикот - Шпанија е физички е најлесно достапна за иселениците од Африка. Ова доведе до дебата во рамките на Шпанија и помеѓу Шпанија и другите членки на ЕУ. Шпанија побара помош за гранична контрола од другите членки на ЕУ, а тие одговорија дека Шпанија сама си го донела бранот на африкански нелегалнипреселници со тоа што им доделувала амнестија на стотици илјадници непријавени странци.
Обединетото Кралство, Франција и Германија се соочија со голем број преселби од крајот на Втората светска војна и со децении дебатираат за проблемот. Странските работници беа донесени во овие земји за да помогнат во обновата по војната и многумина останале. Политичките дебати околу доселувањето обично се фокусираат на статистиката , законот за доселување и политиката за доселување и на спроведувањето на постоечките ограничувања. Во некои европски земји, во деведесеттите години од 20 век дебатата била фокусирана на барателите на азил, но рестриктивните политики во рамките на Европската унија , како и намалувањето на вооружените конфликти во Европа и соседните региони, нагло го намалиле бројот на баратели на азил.
Некои држави, како Јапонија, се одлучија за технолошки промени со цел да ја зголемат профитабилноста (на пример поголема автоматизација) и донесоа закони за доселување, особено за да го спречат надоаѓањето на доселениците и нивното населување во земјата. Меѓутоа, глобализацијата како и ниската стапка на наталитет и стареењето на работната сила ја принудија Јапонија да ја преиспита својата доселбена политика. Исто така, јапонското колонијално минато претвори во Јапонци значителен број на луѓе кои не потекнуваат од Јапонија. Сепак, Јапонија врши строга контрола на доселувањето и во 2009 година, покрај широкоградата помош од странство за бегалците, таа им даде политички азил само на 30 луѓе. Јапонскиот министер Таро Асо ја опиша Јапонија како уникатна, со тоа што е „една нација,една цивилизација,еден јазик ,една култура и една раса.”
Во САД политичката дебата за доселувањето постојано се разгоруваше откако САД станаа независни. Некои од екстремната левица од политичкиот спектар ја припишуваат анти доселбената реторика на необразованото и тесноградо малцинство од населението составено само од припадници на белата раса, неуки за релативните предности на доселувањето за економијата и општеството на САД. Додека оние од екстремната десница сметаат дека доселувањето го загрозува националниот идентитет, ја поевтинува на работната сила и ја зголемува зависноста од социјална помош.
Економски преселник
уредиТерминот економски преселник се однесува на некој кој се иселил од еден во друг регион со цел да најде вработување или да си ја подобри финансиската состојба. Економскиот преселник се разликува од некој кој е бегалец кој се обидува да избегне прогон. Овој преселни може да биде некој кој се доселил во Обединетото Кралство од САД или обратно.
Многу земји имаат ограничувања за доселување и визи , со кои на лицето му се забранува влез во земјата поради наоѓање работа без важечка работна виза. На лица кои се прогласени за економскипреселници може да им биде одбиен влезот во некоја земја.
Светската банка проценува дека во 2009 година дознаките изнесувале 420 милијарди долари, од кои 317 милијарди стасале во земјите во развој.
Етика
уредиИако слободата на движењето често е признаена како граѓанско право , слободата се однесува само на движењето во рамките на националните граници, што може да биде гарантирано со устав или со закони за човековите права. Во дополнение, оваа слобода е често ограничена на државјаните, а ги исклучува останатите. Денес ниту една држава не дозволува целосна слобода на движењето преку нејзините граници, а меѓународните договори за човекови права не даваат општо право на влез во друга држава. Застапниците на доселувањето тврдат дека, според член 13 од Универзалната декларација за човековите права (УДЧП), секој има право да излезе или да влезе во некоја земја и да се движи во рамките на таа земја (внатрешна преселба), иако член 13 всушност ја ограничува слободата на движење „во рамките на границите на секоја држава.” Исто така, УДЧП не спомнува влез во други земји со тоа што наведува дека „секој има право да напушти која било земја, вклучувајќи ја и својата, и да се врати во родната земја.” Некои сметаат дека слободата на движењето во и меѓу земјите е основно човеково право и дека рестриктивните преселбени политики, карактеристични за националните држави , го прекршуваат ова човеково право на слобода на движење. Ваквите аргументи се вообичаени меѓу антидржавните идеологии како анархизмот и либертарианизмот. Како што напишал филозофот и активист за „ отворени граници” Јакоб Апел (Jakob Appel) : „Различното третирање на луѓето , само поради тоа што тие биле родени на спротивната страна од националната границата, тешко може да се оправда со која било предоминантна филозофска , религиозна или етичка теорија.”
Онаму каде што доселувањето е дозволена , тоа е главно селективно. Повторното обединување на семејството се вбројува во околу две третини од легалната доселување во САД секоја година . Етничката селекција ,како што е политиката на бела Австралија , генерално исчезна, но предност најчесто им се дава на образованите, квалификуваните и богатите. Помалку привилегираните лица, вклучувајќи ја масата сиромашни луѓе во земјите со низок приход , не можат да ги искористат можностите за легалната и заштитена доселување кои ги нудат богатите земји. Исто така, оваа нееднаквост беше критикувана како противречна на принципот на еднакви можности ,кои се применуваат (барем во теорија) во рамките на демократските национални држави. Фактот дека вратата е затворена за неквалификуваните , додека во исто време многу развиени земји имаат огромна побарувачка на неквалификувана работна сила , е главен фактор во нелегалната доселување. Контрадикторната природа на оваа политика – која особено во подредена улога ги става неквалификуваните доселеници, а во исто време го експлоатира нивниот труд- исто така беше критикувана врз етички основи.
Доселбените политики кои селективно им доделуваат слобода на движење на одредени поединци, се наменети да создадат економска нето добивка за земјата -домаќин. Таквите политики создаваат загуби за сиромашните земји –дарители преку загубата на образуваното малцинство – таканаречен „одлив на мозоци”. Ова може да ја зголеми глобалната нееднаквост во стандардите на живеење, кои пред сè ги мотивираат поединците да се преселилет. Пример за „натпреварување за квалификувана работна сила” е активното регрутирање на здравствени работници од земјите на Третиот свет во земјите во Првиот свет.
Доселување по земји
уредиИндексот за заложби за развој ги рангира 22-те најбогати земји во светот според нивната имиграциска политика и отвореноста конпреселниците и бегалците од најсиромашните земји.
Азија
уредиИзраел
уредиДоселување на Евреите во Палестина во текот на 19 век беше промовирана од австроунгарскиот новинар Теодор Херцл (Theodor Herzl) кон крајот на 19 век, по објавувањето на книгата „ Еврејската држава.“ Неговото ционистичко движење се обидуваше да ја охрабри преселбата на Евреите, или доселувањето кон Палестина. Неговите поборници на неговата цел гледаат како на самоопределување за еврејскиот народ. Со создавањето на ционистичкото движење ,процентот на Евреите во светот кои живеат во поранешниот британски мандат во Палестина од првичните 25 000 Евреи постојано растеше. Денес, околу 40 % од Евреите во светот живеат во Израел , повеќе отколку во која било друга земја. Израелскиот Закон за враќање на Евреите , донесен во 1950 година, им дава право на оние кои се родени Евреи, (оние кои имаат мајка или баба Еврејка), оние со еврејско потекло (оние кои имаат татко или дедо Евреин) и оние кои го прифатиле Јудаизмот (од православна, реформистичка или конзервативна вероисповед , но не од секуларизам, иако преобратувањето од реформисти и конзервативци мора да се направи надвор од земјата , што е слично со граѓанските бракови), да исе преселилет во Израел. Амандманот на законот од 1970 година, ги прошири правата на доселување на „детето и внукот на Евреинот, брачниот другар на Евреинот, брачниот другар на детето на Евреинот и брачниот другар на внукот на Евреинот.” Од деведесеттите години од 20 век, над милион Евреи од поранешниот Советски Сојуз исе преселиле во Израел, а голем број од Евреите од Етиопија со воздушен мост беа пренесени во Израел во „операцијата Мојсеј”. Во последниве години , над 16 000 баратели на азил од Африка влегоа во Израел. Во 1991 година, Израел им помогна на 14 000 доселеници од Етиопија да пристигнат како дел од операцијата „Соломон”.
Јапонија
уредиВо почетокот на деведесеттите години од 20 век, за да се надомести недостатокот од работна сила Јапонија ги ублажи прилично строгите закони за доселување за да им овозможи специјални дозволи за влез на странци со јапонско потекло кои живеат во Јужна Америка. Според јапонскиот центар за доселување , бројот на странски жители во Јапонија постојано се зголемуваше , а бројот на странски жители (вклучувајќи ги постојаните жители , но со исклучок на нелегалните доселеници и краткорочните посетители како што се странските државјани кои престојуваат во Јапонија помалку од 90 денови ) во 2008 година изнесуваше 2,2 милиони. Најголеми групи се Корејците ( јужни и северни), Кинезите (вклучувајќи ги Народна Република Кина, Тајван , Хонгконг , Макао) и Бразилците ( најголем дел од Бразилците во Јапонија имаат јапонско потекло , поради огромната доселување на Јапонци кон Бразил во првите децении од 20 век). Веднаш по Втората светска војна, во минатото најголемиот број Корејци во Јапонија беа регрутирани како принудна работна сила за време на војната.
Од доселениците , Јапонија годишно, преку натурализација, прифаќа постојан прилив од 15 000 нови јапонски граѓани. Навистина, според статистиките на Јапонците концептот на етничките групи се разликува од етничкиот попис на Северна Америка или некои западноевропски статистики. На пример, во пописниот формулар на Обединетото Кралство има прашање за етничката или расната припадност која го сочинува населението на Обединетото Кралство, без оглед на нивната националност. Меѓутоа, Заводот за статистика на Јапонија сè уште го нема ова прашање, бидејќи пописот на населението во Јапонија обрнува внимание на националноста на луѓето , а не на нивната етничка припадност, а натурализираните јапонски граѓани и јапонски државјани кои имаат мултиетничка припадност во пописот на населението во Јапонија се сметаат за етнички Јапонци.
Исто така, според Јапонското здружение на бегалци (или скратено ЈАР) од 2009 година бројот на бегалците кои поднеле барања за да живеат во Јапонија брзо се зголеми, а во 2008 година имаше повеќе од илјада барања од целиот свет , кои бараа да добијат статус на бегалци за да живеат во Јапонија. Меѓутоа, политиката за бегалци на јапонската влада беше критикувана во земјата и на меѓународно ниво, бидејќи бројот на бегалците во Јапонија е сè уште мал во споредба со земјите како Канада во Северна Америка или Франција во Западна Европа. На пример, според Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), во 1999 година Јапонија прифати 16 бегалци за населување, додека САД прифати 85 010, а Нов Зеланд ,кој е помал од Јапонија, прифати 1 140 бегалци. Помеѓу 1981 година, кога Јапонија ја ратификуваше Конвенцијата за бегалци на ОН, и 2002 година Јапонија призна за бегалци само 305 лица.
Европа
уредиСпоред Статистичкиот завод на европските заедници (Евростат), денес некои земји- членки на ЕУ примаат голем број доселеници, како на пример Шпанија , во која во текот на изминатите 5 години економијата отвори повеќе работни места од сите други ЕУ држави заедно. Во 2005 година, од меѓународната преселба ЕУ имаше целокупна нето добивка од плус 1,8 милиони луѓе. Ова изнесува речиси 85 % од вкупниот пораст на населението во Европа во 2005 година. Во 2004 година , вкупно 140 033 луѓе се доселиле во Франција, од кои 90 250 биле од Африка и 13 710 од Европа. Во 2005 година, доселувањето се намали на 135 890 доселеници. Иселувањето на Британците во Јужна Европа е од особена важност. Граѓаните на Европската унија сочинуваат голем дел од доселениците во Шпанија. Тие претежно доаѓаат од земји како Велика Британија и Германија, но британскиот случај е особено интересен поради неговите размери. Британските власти проценуваат дека британското население во Шпанија изнесува 700 000 доселеници. Среднорочните и долгорочните демографски податоци на ЕУ укажуваат на недостаток од квалификувана работна сила до степен кој би го загрозил економскиот пораст и стабилноста на голем број индустрии. Поради оваа причина во 2009 година Европската унија започна иницијатива наречена „Сина карта” на ЕУ. Сината карта на ЕУ првично била наменета за привремен престој и работна дозвола. Меѓутоа таа ќе им понуди можност на лицата кои ја поседуваат оваа карта да аплицираат за постојана дозвола за престој, откако непрекинато ќе работат две до пет години за да се здобијат со Сината карта на ЕУ, во зависност од поединечните прописи на секоја земја- членка. Во наредните години, земјите- членки на ЕУ постепено ќе ги прифаќаат барањата за Сина карта на ЕУ. Во процесот на аплицирање, од особено голема важност е да се има склучен договор за работа со организација која е дел од ЕУ. Во јануари 2010 година, за да се поедностави ова барање Европската комисија започна база на податоци на Сината карта на ЕУ.
Италија
уредиДенес, Италија има околу 5 до 6 милиони доселеници или околу 9 % од населението. По проширувањето на Европската унија, најновиот бран на преселба настана од страна на околните европски земји , особено Источна Европа, а сè повеќе и од Азија, која ја замени Северна Африка како најголема област подложена на доселувања. Околу 997 000 Романци официјално се регистрирани дека живеат во Италија, заменувајќи ги Албанците (590 000) и Мароканците (445 000) како најголема етничка малцинска група, но независните проценки велат дека вистинската бројка на Романци e двојно поголема или можеби и повеќе од тоа. Други доселеници од Централноисточна Европа се Украинците (260 000), Полјаците (120 000), Молдавците (190 000), Македонците (100 000), Србите (75 000), Бугарите (124 000), Босанците (40 000), Русите (45 600), Хрватите (25 000) , Словаците (9 000) и Унгарците (8 600). Почнувајќи од 2009 година, потеклото на странското население во Италија е поделено на следниов начин : Европа (53,5%), Африка (22,3%), Азија (15 ,8 %), Америка (8,1%) и Океанија (0,06%). Распределбата на странското население во Италија е во голема мера нееднакво : 80% од доселениците живеат во северните и централните делови од земјата (во економски најразвиените области) , додека само 20 % живеат во јужниот дел на полуостровот. Во 2008 година, нето доселувањето во Италија изнесуваше 438 000 доселеници.
Норвешка
уредиВо последниве години, на доселувањето ѝ се припишува порастот на повеќе од половина од населението во Норвешка. Во 2006 година, Бирото за статистика во Норвешка (ССБ) пресмета рекордни 45 800 доселеници кои се доселиле во Норвешка, што е 30 % повеќе од 2005 година. На почетокот на 2007 година во Норвешка имаше 415 300 лица со доселеничко потекло (односно доселеници, или чии родители биле доселеници), кои сочинуваа 8,3 %од вкупното население.
Португалија
уредиПортугалија е земја која долго време беше подложена на иселување и која создаде големи португалски заедници во Франција, САД и Бразил,а денес стана земја на нето доселување,но не само од поранешните колонии, туку до крајот на 2003 година , законските бегалци и доселеници сочинуваа околу 4 % од населението и најголемите заедници потекнуваа од Зелениот ’Рт, Бразил, Ангола, Гвинеја-Бисао, Обединетото Кралство, Шпанија и Украина.
Шпанија
уредиШпанија е најпосакуваното европско одредиште за Британците кои го напуштаат Обединетото Кралство. Од 2000 година, Шпанија прифати повеќе од три милиони доселеници, со што го зголеми бројот на своето население на речиси 10 %. Бројот на населението кое се доселува сега надминува повеќе од 4,5 милиони. Според податоците за дозвола за престој за 2005 година, околу 500 000 беа Мароканци, други 500 000 беа Еквадорци , повеќе од 200 000 беа Романци и 260 000 беа Колумбијци.Само во 2005 година програмата за регулација го зголеми бројот на легални доселеници до 700 000 лица.
Шведска
уредиДоселувањето е главен извор на пораст на населението и културните промени низ голем дел од историјата на Шведска. Економските, социјалните и политичките аспекти на доселувањето предизвикаа дискусии во однос на етничката припадност, економските придобивки , работните места за оние кои не се доселеници, образец на населување, влијание врз нагорната општествена подвижност, криминал и однесувањето на гласачите.
Во Шведска не постојат прецизни бројки за вкупниот број лица со доселеничко потекло, бидејќи шведската влада не заснова ниту една статистика врз етничката припадност. Од 2010 година, сепак 1,33 милиони лица или 14,3% од жителите во Шведска се странци. По крајот на Првата светска војна Шведска беше трансформирана од земја на иселување во земја на доселување почнувајќи од Втората светска војна па сè до денес. Во 2009 година, доселувањето го достигна своето највисоко ниво откако започна да се води евиденција, така што 102 208 луѓе се иселиле кон Шведска. Во 2010 година 32 000 луѓе поднеле барање за азил во Шведска, што претставува пораст од 25 % од 2009 година, што е најголем износ во историјата на Шведска. Во 2009 година, по Кипар и Малта, Шведска беше на четврто место во ЕУ по најголем број барања за азил и најголем број по глава на жител. Доселениците во Шведска најмногу се концентрирани во градските средини на Свеаланд и Геталанд и најголемиот број странци во Шведска доаѓаат од Финска, бившите југословенски републики, Ирак, Полска и Иран.
Обединето Кралство
уредиВо 2007 година нето доселувањето во Обединетото Кралство изнесуваше 237 000 доселеници,што претставува пораст од 46 000 во однос на 2006 година. Во 2004 година бројот на оние лица кои станале британски граѓани се зголеми на рекордни 140 795, што претставува пораст од 12 % во однос на претходната година. Од 2000 година оваа бројка драматично се зголеми. Во пописот од 2001 година , граѓаните од Република Ирска беа и се најголемата група на странско население за последните 200 години. Оваа бројка не ги вклучува оние од Северна Ирска кои се населиле во Британија. Оние кои имаат ирско потекло бројат околу 6 милиони доселеници од првата, втората и третата генерација. Најголемиот дел од новите граѓани доаѓаат од Азија (40%) и Африка (32%), а најголемите три групи се луѓе од Пакистан, Индија и Сомалија.
Во 2005 година, околу 565 000преселници се преселиле во Обединетото Кралство за период од најмалку една година, а поголемиот дел одпреселниците беа од Азија (особено од Индискиот Потконтинент) и Африка, додека 380 000 се иселиле од Обединетото Кралство на една или повеќе години во најпознатите одредишта во Австралија, Шпанија и Франција. По пристапувањето на Полска кон ЕУ во мај 2004 година беше проценето дека на почетокот на 2007 година, 375 000 Полјаци се регистрирале за работа во Обединетото Кралство, иако се сметаше дека полското население во Обединетото Кралство изнесува 500 000. Многу Полјаци работат сезонска работа и голем број од нив веројатно со текот на времето ќе се вратат назад и повторно ќе заминат во Обединетото Кралство. Голем бројпреселници заминаа по светската економска криза од 2008 година, која беше проследена со девалвација на фунтата. Од март 2011 година министер за доселување во Обединетото Кралство стана Дамиан Грин (Damian Green).
Северна Америка
уредиКанада
уредиВодена од економската политика и повторното обединување на семејството Канада има највисока нето стапка на доселување по жител во светот и во 2010 година планира меѓу 240 000 и 265 000 нови постојани жители. Во 2001 година во Канада се доселиле 250 640 луѓе. Новодојдените главно се населуваат во големите урбани средини на Торонто, Ванкувер и Монтреал. Од деведесеттите години од 20 век , мнозинството од доселениците во Канада доаѓаа од Азија. Водечки земји на иселување во Канада се Кина, Филипините и Индија. Во Канада, доколку некого го обвинат за расизам најчесто се смета за сериозна навреда.Денес, сите политички партии се претпазливи кога го критикуваат високото ниво на доселување бидејќи, како што се наведува во канадскиот весник „Глоуб енд Мејл” (Globe & Mail), во раните деведесетти години од 20 век старата реформска партија на Канада беше обележана како „расистичка” бидејќи предложила намалување на нивото на доселување од 250 000 на 150 000 доселеници.
САД
уредиИсторичарите проценуваат дека помалку од 1 милион доселеници- можеби само 400 000- го преминале Атлантикот за време на XVII и XVIII век. Во 18 век релативно малку доселеници се доселиле од Англија : само 80 000 доселеници се доселиле помеѓу 1700 и 1775 година, споредено со 350 000 доселеници кои се доселиле за време на 17 век. Освен тоа, помеѓу 17 и 19 век, околу 645 000 Африканци беа донесени на територијата на денешен САД. Во почетоците на САД доселувањето изнесуваше помалку од 8 000 луѓе годишно. По 1820 година, доселувањето постепено растеше. Од 1850 до 1930 година странското население од САД се зголеми од 2,2 милиони на 14,2 милиони доселеници. Во САД , во овој период имаше највисок процент на странци, што во 1890 година го достигна својот врв со 14,7 % . Во текот на овој период, пониските трошоци за патување преку Атлантскиот Океан во однос на времето и цената на превозот го направија преселувањето на доселениците во САД поповолно отколку во претходните години. Од 1880 до 1924 година, над 25 милиони Европејци се преселиле во САД. По овој период доселувањето се намали, бидејќи во 1924 година Конгресот го донесе Актот за ограничување на доселувањето од 1924 година, што беше во прилог на земјите кои се извор на доселување и кои до 1980 година веќе имале голем број доселеници во САД. Моделите на доселување од триесеттите години од 20 век беа доминирани од Големата криза и во почетокот на триесеттите години од 20 век поголем број луѓе есе преселиле отколку што исе преселиле во САД. Во текот на четириесеттите и педесеттите години од 20 век доселувањето продолжи да се намалува, но потоа повторно се зголеми.
Амандманите на законот за доселување и националност од 1965 година (Hart-Celler Act) ги отстранија ограничувањата на големите сегменти на приливот на доселеници и се зголеми легалната доселување во САД. Во 2006 година бројот на доселеници достигна рекордни 37,5 милиони. По 2000 година, доселувањето во САД изнесуваше околу 1,000,000 доселеници годишно. И покрај построгиот граничен надзор по 9/11, од 2000 до 2005 година околу 8 милиони доселеници се населија во САД -повеќе отколку во кој било друг период од 5 години во историјата на земјата. Речиси половина влегоа нелегално. Во 2006 година 1, 27 милиони доселеници добија легален престој. Повеќе од 2 децении, Мексико беше водечки извор на нови жители во САД и од 1998 година Кина, Индија и Филипините секоја година се наоѓаа меѓу првите четири земји кои испраќаа доселеници во САД. САД често се нарекува „мешавина од раси и идеи” (што потекнува од Карл Н. Деџлер, историчар и автор на делото „Од нашето минато” , (Carl N. Degler, “Out of our Past”)) и е назив кој потекнува од богатата традиција на доселеници во Соединетите Американски Држави, кои доаѓале во САД во потрага по нешто подобро и ги мешале и приклучувале своите култури кон структурата на земјата.
Назначена од претседателот Клинтон, Комисијата за доселбени реформи во САД, управувана од Барбара Џордан, повика на намалување на легалната доселување на околу 550 000 доселеници годишно. Од 11 септември, 2001 година политиката на доселување станала исклучително жешко прашање и била главна тема за време на изборниот циклус од 2008 година.
Во 2009 година, бројот на странските државјани кои станале законски постојани жители на САД, како резултат на процесот на повторно обединување на семејството (66%), ги надминаа оние кои станаа законски постојани жители врз основа на вештините за вработување (13%) и поради хуманитарни причини (17%). Од Втората светска војна поголем број бегалци си најдоа свој дом во САД отколку во која било друга земја и од 1980 година повеќе од 2 милиони бегалци се доселија во САД. Меѓу првите десет земји кои во 2006 година прифатиле раселени бегалци, САД прифатила двојно повеќе отколку сите девет земји заедно.
Океанија
уредиАвстралија
уредиВкупното ниво на доселување во Австралија значително се зголеми во текот на последната деценија. Нето преселбата во странство се зголеми од 30 000 во 1993 година на 118 000 во 2003/04 година. Најголемите компоненти на доселување се преселбата на квалификуваната работна сила и програмите за повторно соединување на семејството. Во последниве години, задолжителниот притвор на оние кои нелегално доаѓаат со чамец предизвика контроверзност. Во текот на 2004 и 2005 година , вкупно 123 424 лица исе преселиле во Австралија. Од нив 17 734 беа од Африка, 54 804 од Азија , 21 131 од Океанија, 18 220 од Обединетото Кралство , 1 506 од Јужна Америка и 2 369 од Источна Европа. Во 2005 и 2006 година во Австралија се преселиле 131 000 лица и во 2006 и 2007 година бројот на луѓе кои се преселиле изнесуваше 144 000.
Нов Зеланд
уредиНов Зеланд има релативно отворена политика за доселување. 23% од населението е родено во странство, главно во Азија, Океанија и Обединетото Кралство, што претставува една од најголемите стапки на доселување во светот. Од 2009 до 2010 година , „Доселба Нов Зеланд “ (Immigration New Zealand ) постави цел од 45 000 ± 5000 доселеници.
Економски ефекти
уредиИнститутот Катон утврди дека доселувањето има мало или дека воопшто нема никакво влијание врз доходот на месното население. Институтот Брукингс утврдил дека како резултат на доселувањето во периодот од 1980 до 2007 година платите се намалиле за 2,3 % . Центарот за истражување на доселувањето утврдил дека во периодот од 1980 до 2000 година како резултат на доселувањето платите се намалиле за 3,7 %.
Според Европскиот центар за следење на расизмот и ксенофобијата (ЕУМЦ), „во Европа 28 % од странците кои се на возраст помеѓу 25 и 49 години не можат да најдат работа, а стапките на невработеност се високи 35 % кај Турците и Пакистанците и 60 % кај неодамнешните групи доселеници како Сомалијците.”
„Доселување“ на Ризницата ? |