Расизам
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Расизмот вообичаено се дефинира како гледишта, постапки и дела кои го одразуваат верувањето дека човештвото е поделено на различни биолошки групи наречени раси и членовите на одредена раса делат одредени особини коишто ја прават групата во целина помалку пожелна, повеќе пожелна, инфериорна или супериорна.
Точната дефиниција за расизам е спорна поради мала научна согласност за значењето на поимот „раса“, како и поради мала согласност за што ја сочинува а што не дискриминацијата. Критичарите тврдат дека изразот има различна примена, со сосредоточување на такви предрасуди од страна на белата раса и дефинирајќи едноставни забелешки на расни разлики како расизам. Според некои дефиниции, било која претпоставка дека однесувањето на една личност би било под влијание на неговата расна категоризација е расистичко, без обѕир дали тоа што го сторил е штетно или пејоративно. Други дефиниции вклучуваат и свесно злонамерни форми на дискриминација. Меѓу прашањата за тоа како да се дефинира расизмот се прашањата дали да се вклучат форми на дискриминација кои се ненамерни, како на пример претпоставување што некој претпочита или кои се неговите способности засновано врз расни стереотипи, дали да се вклучат симболични или регулирани форми на дискриминација како што е циркулирањето на етнички стереотипи низ медиумите, и дали да се вклучи социо-политичката динамика на социјална стратификација што во некои наврати е придружено од расна компонента. Некои дефиниции за расизам вклучуваат и дискриминаторски однесувања и ставови засновани врз културни, национални, етнички, општествено слојни или религиозни стереотипи. Термините расизам и расна дискриминација честопати се користат за да опишат дискриминација на етничка или културна основа, независно од тоа дали овие разлики се опишани како расни. Според Повелбата на Обединетите Нации, не постои разлика помеѓу термините расна дискриминација и етничка дискриминација, а супериорноста заснована на расно разликување е научно и морално погрешна, социјално неправедна и опасна, и не постои оправдување ни во теорија ни во пракса, никаде.
Во минатото, расизмот играл голема улога во политичкото и идеолошкото поддржување на геноцидите како што е Холокаустот, но и во колонијален контекст како што е „каучуковата треска“ во Јужна Америка и Конго, и во европското освојувањето на Америка и колонизацијата на Африка, Азија и Австралија. Расизмот исто така претставувал водечка сила на трансатлантската трговија со робови како и на земји кои се темелеле на расна сегрегација како што се Соединетите Американски Држави во 19-от и раниот 20 век и Јужна Африка под апартхејд (анг. apartheid). Обединетите Нации во целост ги осудуваат расистички политики и идеологии во Декларацијата за човекови права.
Употреба на терминот и сродни термини
уредиВо 19-от век, голем број на научници се сложиле со единственото верување дека човечката популација е поделена на различни раси. Ова често служело да се оправда верувањето дека некои раси биле инфериорни во однос на други, а оттаму и тој начин на разликување бил оправдан. Таквите теории со едно име обично се нарекуваат научен расизам. Во случај кога привилегирањето на некои групи, или негирањето на правата и поволностите на други, на основа на расни обележја, е во рамките на една иституција, тоа се нарекува институционален расизам.
Во денешно време, повеќето биолози, антрополози и социолози ја отфрлаат единствената таксономија на раси во корист на поконкретни и/или емпириски потврдливи начела како што се географија, етнички групи или историја на ендогамија.
Оние кои го поддржуваат тврдењето дека постојат неразделиви особености меѓу луѓето кои можат да се препишат на припадниците на една расна група (и кои можат да го користат ова за да го оправдат различниот однос кон такви гупи) настојуваат да се опишат самите себе користејќи го повеќе терминот „рациализам“ отколку „расизам“, за да ги избегнат негативните конотации. Рациализмот се смета за терминолошки израз со понеутрално значење, и посоодветен за (научна) објективна комуникација или истражување.
Покрај сето тоа, ова одделување на значењата помеѓу двата термина било баш спротивно во времето кога тие биле исковани. Речникот Oxford English Dictionary го дефинирал терминот „рациализам“ како „верување во супериорноста на одредена раса“ и дава цитат од 1907 година како прва евидентирана употреба. Скратениот термин „расизам“ се појавил во англискиот јазик дури во 1930-тите години. Речникот Oxford English Dictionary бил прв кој го дефинирал терминот како „теорија дека различните човечки одлики и способности се одредени од расата“, што ја дава 1936 година како прва евидентирана употреба. Освен тоа, речникот OED го бележи терминот „расизам“ како синоним на терминот „рациализам“: „верување во супериорноста на одредена раса“. До крајот на Втората светска војна, терминот „расизам“ се стекнал со истите расистички конотации, кои претходно биле поврзувани со терминот „рациализам“. Под терминот „расизам“ се подразбирало расна дискриминација, расна супериорност и штетна намера. (Социологот Фредерик Херц, во доцнежните 1920-ти, го користел и терминот „расна нетрпеливост“.)
По пример на терминот „расизам“, се исковале голем број на пејоративни изрази со наставката „изам“ за да опишат разни видови на предрасуда: сексизам, старосна дискриминација, хендикепизам, видова дискриминација, итн. Сродни поими претставуваат антисемитизам, шовинизам и хомофобија.
Дефинирање
уредиТерминот „расизам“ го опфаќа верувањето во расни разлики, што служи како оправдување за неднаквото постапување (што некои го сметаат за „дискриминација“) со припадници на таа раса. Терминот честопати се користи во негативна конотација и е вообичаено поврзан со расна предрасуда, насилство, антипатија, дискриминација или угнетување, и може да има променливи или оспорени дефиниции. „Рацијализмот“ е сроден термин, понекогаш наменет за да ги избегне овие негативни значења.
Како збор, терминот „расизам“ претставува идеологија, верување кое може да се опише со збор кој завршува на наставката „изам“, и кој се однесува на раса. Како што предлага етимологијата на самиот термин, тој се употребува релативно неодамна и како таков неговата дефиниција не е целосно утврдена. Речникот Oxford English Dictionary го дефинира расизмот како „верувањето дека сите припадници на секоја раса поседуваат одлики, способности или квалитети својствени за таа раса, за да се разликуваат како инфериорни или супериорни на други раси“ и изразувањето на такви предрасуди, додека речникот Merriam-Webster's Dictionary го дефинира како верување дека расата е основниот решавачки фактор на човековите особини и способности и дека расните разлики создаваат својствена супериорност или инфериорност на одредена расна група, а како алтернатива дека претставува и предрасуда врз основа на такви верувања. Речникот Macquarie Dictionary го дефинира расизмот како: „верување дека човечките раси имаат својствени одлики кои ја одредуваат нивната сопствена култура, обично вклучувајќи го и мислењето дека расата на една личност е супериорна и има право да владее врз или да ги доминира другите“.
Правно дефинирање
уредиОбединетите Нации не го дефинираат терминот „расизам“, меѓутоа тие го дефинираат терминот „расна дискриминација“. Во согласност со Меѓународната конвенција за отстранување на сите форми на расна дискриминација на Обединетите Нации, терминот „расна дискриминација“ би подразбирал какво било разликување, исклучување, ограничување, или претпочитување врз основа на раса, боја, потекло, или национална или етничка припадност што ја има целта или влијанието да ги уништи или намали признавањето, уживањето или вршењето, на еднакво рамниште, на човековите права и фундаментални слободи во политичкиот, економскиот, соцајалниот, културниот или било кој друг домен од јавниот живот.
Оваа дефиниција не прави разлика помеѓу дискриминација врз основа на етничка припадност или раса, делумно бидејќи разликата помеѓу двете е сè уште дискутабилна меѓу антрополозите.
На сличен начин, во Британското право изразот „расна група“ подразбира „секоја група на луѓе кои се одредени по однос на нивната раса, боја, националност (вклучувајќи и државјанство) или етничка или национална припадност“.
Социолошко дефинирање
уредиНекои социолози го имаат дефинирано терминот „расизам“ како систем на групно привилегирање. Во делото „Портрети на бел расизам“, Дејвид Велман го дефинирал расизмот како „културолошки потврдени верувања, кои, без обѕир на намерите, застануваат во одбрана на предностите кои припадниците на белата раса ги имаат поради подредената положба на малцинствата од други раси“. Социолозите Ноел А. Казанев и Дарлен Алварез Мадерн го дефинираат расизмот како „...високо организиран систем на групно привилегирање на расна основа којшто е застапен во секој оштествен слој и е поддржан од софистицирана идеологија на супериорност по боја на кожа/раса“. Селерс и Шелтон (2003 г.) установиле дека врската меѓу расната дискриминација и емотивната болка е умерена од расната идеологија и верувањата во јавните мислења. Со други зборови, изгледа дека расната сосредоточеност го зголемува степенот на дискриминација што младите Афроамериканци ја воочуваат додека расната идеологија може да ги ублажи штетните емоционални последици од таа дискриминација. Расистичките поредоци ја вклучуваат, но не можат да се сведат на, расната нетрпеливост. Социологот и поранешен претседател на Американската социолошка асоцијација, Џо Фигин, тврди дека Соединетите Држави може да се опишат како „тотално расистичко општество“. „ Малтретирањето и бруталноста од страна на полицијата упатена кон мажите, жените и децата од црната раса се стари колку и самото американско општество, датирајќи од времето на робување и Џим Кроу сегрегацијата. Таквиот вид на полициски акции ширум земјата денеска разоткриваат важни аспекти од.....секојдневните дискриминации од страна на поединци од белата раса......(и) институции управувани од припадници на белата раса кои дозволуваат или придонесуваат до такви дискриминации“.
Други социолози имаат истакнато, повикувајќи се на САД и на други места, дека формите на расизам во многу случаи се промениле од поизразити во поприкриени форми (но иако изразитите форми на омраза и дискриминација сè уште постојат). „Поновите“ (поскриените и понезабележителни) форми на расизам, кои можат да се сметаат како всадени во општествените постапки и структури, се потешки за да се истражат како и за да се оспорат. Се претпоставува дека, додека во многу земји отворениот и екплицитен расизам станува сè повеќе и повеќе табу, дури и во оние кои покажуваат рамноправно експлицитни ставови, имплицитен или аверзен расизам е сè уште потсвесно застапен.
Ксенофобијa
уредиДефинициите за поимот „ксенофобија“ во речниците опфаќаат: остра или ирационална апатија или страв од луѓе од други земји (речниците Oxford English Dictionaries), неразбирлив страв од или омраза кон непознати или странци или од сè што непознато или од странско потекло (речникот Merriam-Webster's Dictionary). Речникот од областа на психологијата го дефинира поимот како „страв од непознати“.
Супремасизам
уредиРасистичките ставови на белата раса го простиле векови долг колонијализам од страна на Европа врз Северна и Јужна Америка, Африка и Азија. За време на раниот 20 век, фразата „Бремето на белиот човек“ широко се употребувала за да се оправда империјалистичката политика како благороден потфат.
Сегрегационизам
уредиРасна сегрегација претставува поделба, во секојдневниот живот, на луѓето на раси. Може да се однесува на работи како што се јадење во ресторан, пиење вода од јавна фонтана, користење на бања, образување, одење на кино, седење под кирија или купување на куќа. Сегрегација главно е законски забранета, но може да постои преку некој општествени норми, дури и кога не постои силна поединечна склоност за тоа, како што предлагаат моделите на сегрегација и подоцнежни дејства на Томас Шелинг.
Видови на расизам
уредиРасна дискриминација
уредиПоимот „расна дискриминација“ се однесува на издвојување на луѓето преку метод на општествена поделба на категории кои не мора да се поврзани со расите со цел на различен третман. Начелата на расната сегрегација можеби го формализираат, но честопати се користи без негово озаконување. Истражувачите Мериан Бертранд и Сендил Мулаинатан, на Универзитетот Чикаго (анг.University of Chicago) и Технолошкиот институт Масачусетс (анг.Massachusetts Institute of Technology) откриле во истражување од 2004 година дека постои распостранета дискриминација на работното место на кандидати чии имиња биле сметани како „имиња кои звучат црнечки“. Овие кандидати имале 50% помала веројатност да добијат повик за интервју од кандидати за кои било сметано дека имаат „имиња кои звучат како имања на белци“. Дева Пејџер, социолог на Универзитетот Принстон (анг.Princeton University), пратил два исти парови да аплицираат за работа во Милвоки и Њујорк, сметајќи дека кандидати од црната раса добиваат двојно помалку повици за интервју или работни понуди од еднакво квалификувани кандидати од белата раса. За разлика на ова, институциите и судовите ја поддржуваат дискриминацијата против припадници на белата раса во случаии кога се придонесува кон едно различно работно и образовно опкружување, па дури и кога било покажано дека е на штета на квалификувани кандидати. Истражувачите гледаат на овие резултати како цврст доказ за несвесни предрасуди, длабоко вкоренети во долгата историја на дискриминација на Соединетите Држави (на пр. законите Џим Кроу, и др.)
Расизам во рамки на институциите
уредиРасизам во рамките на институциите или институционален расизам (исто така познат како структурен расизам, расизам по ранг или ситемски расизам) е расна дискриминација од страна на државни власти, корпорации, религии, образовни институции или други големи организации со моќ да влијаат врз животите на многу поединци. Стокели Кармишаел се здобил со признанието за измислување на терминот иституционален расизам во доцните 1960-ти. Тој го дефинирал терминот како „севкупниот неуспех на една организација да обезбеди соодветна и професионална услуга на луѓе поради нивната боја на кожа, нивното културно или етничко потекло“.
Молана Каренга посочил дека расизмот претставува составен дел на можноста на уништување на една култура, јазик, религија и човечки род, и дека последиците од расизмот биле „можноста за морално грозоморно уништување на човечки род вклучува повторно дефинирање на африканскиот човечки род пред светот, промена на минати, сегашни и идни односи со оние кои не познаваат единствено преку ова стереотипизирање па на тој начин ги уништуваат правите човечки односи помеѓу луѓето“.
Економски расизам
уредиСе тврди дека историската економска и општествена нееднаквост претпоставува форма на дискриминација предизвикана од поранешни расистички и историски причини, и форма која влијае на денешната генерација преку недостатоци во формалното образование и различни видови на подготовка кај претходната генерација, и преку главно несовесни расистички ставови и дела на индивидуалци од севкупното население.
Хипотеза која е прифатена од класичните економисти е дека конкуренцијата во една капиталистичка економија го намалува влијанието на дискриминација. Погледите зад хипотезата се дека дискриминацијата наметнува еден вид на трошок, па на тој начин еден работодавач кој сака да профитира ќе избегнува расистички политики на вработување.
И покрај тоа што една капиталистичка економија би избегнувала дискриминирање за да избегне дополнителни трошоци, ова може да се избегне на други начини. На пример, една капиталистичка компанија може да применува расисички политики на вработување по отстапување во правец на „културната норма“. На пример, во едно општество каде главно е застапена белата раса, да се вработи обоен човек на менаџерска работна позиција може да предизвика расправии и да ја оневозможи комуникацијата помеѓу останатите вработени. На тој начин, компанијата би била во економска загуба поради дискриминаторката политика на други компании, затоа што тие применуваат таква политика и ја изолираат таа компанија. И покрај тоа што ова можеби е радикално и преувеличено гледиште, но истовремено отсликува колку е сеприсутен расизмот и како една компанија може понекогаш да скршне кон расистички политики на вработување сè со цел да не биде изолирана, притоа спречувајќи ја компанијата да западне во економска загуба.
Со декади, афроамериканските фармери тврдат дека биле неправедно одбивани од правото на земјоделски кредити или подложени на подолго чекање за одобрување на кредит поради расизам, и го обвинуваат Министерството за земјоделство на Сооединетите држави (USDA) за игнорирање на нивните поплаки. Во 2011 година, Bank of America се согласила да плати 335 милиони американски долари за да разреши федерална тужба за дискриминација од страна на одделот за хипотеки, Countrywide Financial, на купувачи на станбени објекти, припадници на црната раса и Хиспанци. Во прилог во 2011 година, Investor's Business Daily напишал, „Пред хипотекарната криза, државниот обвинител Џенет Рино ги обвинуваше банки за расизам во недостигот да рекламираат хипотеки на сиромашните малцинства со мала кредитоспособност. Страв од судско гонење предизвика панично и ризично кредитирање во централните делови што доведе, делумно, до денешните рекордни запленувања на станбени објекти. Сега заменикот на Рино, сегашниот државен обвинител, ги обвинува банките за премногу добро спроведување на она што тој и Рино им наредија да го прават пред кризата: „таргетирање на малцински заедници“ за високоризични кредити и кредити со високи камати“.
За време на шпанскиот колонијален период, Шпанците развиле сложен општесвен поредок на расна основа, кој се користел за општествена контрола и кој ја одредувал значајноста на една личност во општеството. Додека многу латино-американски земји веќе долго го прогласиле поредокот за официјално нелегален преку законодавна рамка, во основа од времето на стекнување независност, предрасуди засновани на степени на воочена расна оддалеченост од европските предци комбинирани со нечиј социо-економскиот статус останале, еко на овој колонијален општествен поредок. Скоро еднобразно, луѓе кои имаат потемна боја на кожа или домородно потекло го сочинуваат селанството и работничките класи, додека латино американците со шпанско потекло и посветла боја на кожа се во владеачката елита.
Декларации и меѓународен закон против расната дискриминација
уредиВо 1919 година, мнозинството поддржало предлог да се вклучи одредба за расна еднаквост во Повелбата на Лигата на народи, но тој предлог не се присвоил на Париската мировна конференција, 1919 година. Во 1943 година Јапонија со своите сојузници објавиле дека залагање за укинување на расната дискриминација ќе биде нивна цел на Конференција на Голема Источна Азија. Член 1 од Повелбата на Обединетите Нации, 1945, вклучува „залагање и поттикнување почит за човекови права и фундаментални слободи за сите без разлика на раса“ како цел на Обединетите Нации.
Во 1950 година, UNESCO, во „Прашањето за расата“, елаборат потпишан од 21 научник како што се Ешли Монтаг, Клод Леви-Штраус, Гунер Мирдал, Џулиан Хуксли, итн., предложил да „се изостави наполно терминот раса и наместо тоа да се зборува за етнички групи“. Елаборатот осудил научни расистички теории кои биле дел од Холокаустот. Елаборатот имал за цел да ги разоткрие научно расистичките теории, со приближување на современото знаење во однос на „расното прашање“ до широките маси, како и морално да го осуди расизмот како спротивност на филозофијата на Просветувањето и нејзината претпоставка за еднакви права за сите. „Прашањето за расата“ заедно со научниот труд на Мирдал, „Американска дилема: Проблемот со црнците и современата демократија“ влијаеле врз одлуката на Врховниот суд на Соединетите Држави од 1945 година за укинување на сегрегацијата во случајот „Браун против Одборот за образование на Топека“. Во 1950 година се усвоила Европската конвенција за човекови права, која широко се користи за прашања на расна дискриминација.
Обединетите Нации ја користат дефиницијата за расна дискриминација вметната во Меѓународната конвенција за елиминирање на сите форми на расна дискриминација, усвоена во 1966 година:
.... какво било разликување, исклучување, ограничување, или претпочитување врз основа на раса, боја на кожа, потекло, или национална или етничка припадност што ја има целта или влијанието да ги уништи или намали признавањето, уживањето или вршењето, на еднакво рамниште, на човековите права и фундаментални слободи во политичкиот, економскиот, соцајалниот, културниот или било кој друг домен од јавниот живот. (Дел 1 од Член 1 од Меѓународната конвенција за елиминирање на сите форми на расна дискриминација на Обединетите Нации) Во 2001 година, Европската Унија експлицитно го забранила расизмот, заедно со многу други форми на социјална дискриминација, во Повелбата на фундаментални права на Европската Унија, чија правна последица, доколку има, неизбежно би се ограничила на иституциите на Европската Унија: „Член 21 од Повелбата забранува дискриминација на каква било основа како што е раса, боја на кожа, етничко или општествено потекло, генетски особини, јазик, религија или верување, политичко или какво било мислење, припадност на национално малцинство, посед, инвалидитет, возраст или сексуална ориентација како и дискриминација на основа на националност“.
Идеологија
уредиКако идеологија, расизмот постоел за време на 19-от век како „научен расизам“, кој имал за обид да го класифицира човештвото на раси. Џоан Блуменбах во 1775 година, застапувајќи ја теоријата на полигенизмот, ја поделил светската популација на пет групи според бојата на кожата (Белци, Монголци, итн.). Архетипската форма на расизам се, можеби, гледа кај полигенистот Кристоф Мејнерс. Тој го поделил човештвото на две големи групи, кои ги етикетирал како „убавата бела раса“ и „грдата црна раса“. Во своето дело „Преглед на историјата на човештвото“ тој тврдел дека главна одлика на една раса е или убавината или грдоста. Тој ја гледал единствено белата раса како убава. Тој ги сметал грдите раси за инфериорни, неморални и за животни.
Андерс Рициус бил следен кој демантирал дека полигенизмот на Блуменбах има некоја фундаментална вредност, покажувајќи дека ниту Европејците ниту другите нации се една „чиста раса“, туку се со мешано потекло. Истовремено дискредитирани, деривации на таксономијата на Блуменбах сè уште се широко користени за класификација на населението на Соединетите Американски Држави. Ханс Питер Стенсби, притоа силно нагласувајќи дека денес сите луѓе се со мешано потекло, во 1907 година утврдил дека потеклото на човечките различности мора да се открие многу далеку назад во времето, и претпоставил дека „најчистата раса“ денес би биле Австралијските Абориџини.
По отфрлањето на полигенизмот како и широко распостранетото расистичко и национално насилство од 1930-тите и 1940-тите, научниот расизмот се соочил со силно спротивставување, но потеклото на фундаменталните човечки и социјални различности сè уште се истражува во рамките на академскиот свет, во полиња како што е човечка генетика вклучувајќи ја и палеогенетиката, социјалната антропологија, компаративната политика, историјата на религии, историјтаа на идеи, праисторијата, историјата, етиката и психијатријата. Сите го отфрлаат Мејнеровиот остар расизам. Надвор од границите на Соединетите Американски Држави, постои распострането отфрлање на каква било методологија засновано на нешто слично со поделбата на Блуменбах. На тој начин, постои поголема нејаснотија до која мера и кога се прифаќаат етничките и националните стереотипи.
И покрај тоа што расистичките идеологии се значително дискредитирани по Втората светска војна и Холокаустот, расизмот и расната дискриминација останаа распостранети шитум светот. Некои примери за ова во денешно време се статистики вклучувајќи и, но не ограничувајќи се на, расниот пад на затворениците во однос на националното население, статистики за физичките и менталните способности, и други податоци собрани од научни групи. Додека овие статистики може да бидат точни, и да ги покажуваат трендовите, несоодветно е во многу земји да се претпостави дека поради одделна раса има висок криминал или ниска стапка на писменост дека сите припадници на расата се својствени криминалци, или неинтелигентни по природа.
Дубоа веќе забележал дека, во правењето разлика помеѓу расите, ние не расмислуваме во однос на расата, тука во однос на културата: „...заедничка историја, заеднички закони и религија, слични навики на размислување и свесно стремење заедно кон одредени животни идеали“. Националистите од доцниот 19 век били првите кои ги прифатиле современите дискурси на тема „раса“, етничка припадност и „преживување на најприлагодливиот“ за да обликуваат нови националистички доктрини. На крајот на краиштата, расите постојат за да ги претставуваат не само најважните особини на човечкото тело, туку тие се сметаат и за фактор кој несомнено го обликува карактерот и идентитетот на нацијата.
Според овој поглед, културата претставува физичка манифестација создадена од етнички групи, кои како такви се целосно определени по расни одлики. Поимите раса и култура станаа разгледувани како тесно поврзани и зависни еден од друг, во некои наврати и до таа мера на вклучување на националност и јазик во дефинирањето. Чистотата на една раса најчесто се поврзувала со доста површински одлики кои можеле лесно да се посочат и истакнат, како што е руса боја на коса. Расните особености најчесто се поврзувале со националност и јазикот отколку со вистинската географска распределба на расни одлики. Во случајот на нордицизам, називот „германски“ станал практично еквивалент на супериорност на една раса.
Потпомогнат од некои националистички и етноцентрични вредности сопствени достигнувања, овој концепт на расна супериорност се развил со цел да се разликува од други култури, кои биле сметани за инфериорни и мешани. Овој нагласок на културата соодветствува со модерната трендовска дефиниција на расизам: „Расизмот не потекнува од постоењето на ‘расите’. Расизмот ги создава нив преку процес на социјална поделба на категории. Секој може да биде ставен во одделна раса, независно од неговите соматски, културни или религиски различности“. Оваа дефиниција експлицитно го игнорира биолошкиот концепт на една раса, кој сè уште претставува предмет на научна дебата. Во зборовите на Дејвид Кристијан Роу: „Расниот концепт, и покрај тоа што во некои наврати под привид на друго име, ќе остане во употреба во биологијата и во други полиња бидејќи научниците, како и лаиците, се фасцинирани од човечката разновидност, дел од која припаѓа на доменот на расата“.
Сè до неодамна, ова расистичко злоупотребување на физичката антропологија било под политичка употреба. Освен тоа што е ненаучна, расната предрасуда стана предмет на расна предрасуда. На пример, Декларацијата за елиминација на сите форми на расна дискриминација, усвоена на 20 ноември 1963 година од Генералното собрание на Обединетите нации, упатуваат на расна предрасуда експлицитно до дискриминација поради раса, боја или етничко потекло (Член 1).
Расизмот претставува фактор на мотивација во социјална дискриминација, расна сегрегација, говор на омраза и насилство (како што се погроми , геноциди и етнички чистења). Покрај непопустливоста на расните стереотипи, хумор и епитети во секојдневниот јазик, расната дискриминација е нелегална во многу земји. Иронично, анти-расизмот исто така претставува политички инструмент на злоупотреба. Некои политичари користат подбивање со цел да добијат гласови. Во превртување на вредностите, деспотите го пропагираат анти-расизмот во служба на опскурантизам и потиснување на жените. Филозофот Паскал Брукнер тврди дека „анти-расизмот во Обединетите Нации станал идеологија на тоталитарните режими коишто го користат во нивни сопствени интереси“.
Етнички национализам
уредиПо Наполеоновите војни, Европа се соочувала со новото „прашање на националности“, што водело до реконфигурирање на Европската мапа, разграничување на границите на земјите за време на Вестфалскиот мировен договор. Национализмот го направил своето прво појавување со измислувањето на масовното регрутирање од страна на француските револуционери, притоа измислувајќи масовно собирање на војници со цел да бидат способни да ја одбранат ново создадената Република против доминацијата на стариот режим од страна на Европските монархии. Ова довело до Француските револуционерни војни (1792-1802 година) а потоа и до Наполеоновите освојувања, и до подоцнежните дебати ширум Европа на концептите и суштините на државите, а особено на националните држави. Вестфалскиот мировен договор ја поделил Европа на неколку империи и кралства (Отоманското Царство, Светото Римско Царство, Шведската империја, Кралството на Франција, итн.) и со векови се воделе војни помеѓу принцовите (Kabinettskriege на германски јазик).
Модерните национални држави се појавиле во почетокот на Француската револуција, со појавувањето на патриотски чувства за првпат во Шпанија за време на Полуостровската војна (1808-1813 година – позната во Шпанија како Војната за независност). И покрај враќањето на претходниот ред со Виенскиот конгрес, 1815 година, „прашањето за националностите“ станала главен проблем за Европа за време на Индустриската револуција, водејќи особено кон Револуциите од 1848-та, Италијанската унификација завршила за време на Француско-пруската војна, 1871 година, која и самата кулминираше со прогласување на Германското Царство во Версајската палата, па на тој начин постигнувајќи го обединувањето на Германија.
Во меѓувреме, Отоманското Царство, „Европскиот болен човек“, се соочувала со бескрајни националистички движења, кои, заедно со распуштањето на Австроунгарското Царство, ќе доведат до создавањето по Првата светска војна на неколку национални држави на Балканот, со „национални малцинства“ во нивните граници. Етничкиот национализам, кој го застапувал верувањето во наследно членство на нацијата, се појавил во историскиот контекст опфаќајќи го создавањето на современите национални држави.
Едно од своите главни влијанија било Рамантичарското националистичко движење на преминот кон 19-от век, претставувано од личности како Јохан Готфрид фон Хердер (1744-1803 година), Јохан Готлиб Фихте (1762-1814 година) во делото „Дискурс до германската нација“ (1808 година), Фридрих Хегел (1770-1831 година), или исто така, во Франција, Јулиј Мишел (1798-1874 година). Етничкиот национализам бил во спротивност со либералниот национализам, кој бил претставувам од автори како Ернест Ренан (1823-1892 година), кој ја гледал нацијата како заедница, која, наместо да се заснова на етничката група „Волк“ и на одреден, заеднички јазик, се создала на субјективната волја да се живее заедно („нацијата е секојдневен плебисцит“ , 1882 година) или Џон Стјуарт Мил (1806-1873 година).
Етничкиот национализам се споил со научно расистичките дискурси, како и со „континентално империјалистичките“ (Хана Арент, 1951 година) дискурси, на пример во пангерманистичките дискурси, коишто ја постулираат расната супериорност на германската етничка група „Волк“. Пангерманската лига (Alldeutscher Verband), создадена во 1891 година, се залагала за Германскиот империјализам, „расната хигиена“ и се спротивставувала на мешан брак со Евреи. Друго популарно движење, „Народното движење (Германија)“, претставувало важен поборник за германскиот етничко националистички дискурс, кој се поврзал со современиот антисемитизам. Членови на „Народното движење“, особено друштвото „Туле“, учествувале во создавањето на Германската работничка партија (ДАП) во Минхен во 1918 година, претходникот на Националсоцијалистичката партија (НСДАП). Пангерманизамот одиграл одлучувачка улога во меѓувоениот период на 1920-тите до 1930-тите години.
Овие движења започнале да ја поврзуваат националната идеја со биолошкиот концепт на „доминантна раса“ (наречена уште „Ариевска раса“ или „Нордиска раса“) кој произлегол од научно расистичкиот дискурс. Тие комбинирале националности со етнички групи наречени „раси“, со радикална разлика од претходните расистички дискурси со што се утврдило постоењето на „расна борба“ внатре во нацијата и самата држава. Освен тоа, тие верувале дека политичките граници треба да ги отсликаат овие наводни расистички и етнички групи, на тој начин оправдувајќи го етничкото чистење со цел да добие „расна чистото“ како и етничка хомогеност во националната држава.
Овој вид на расистички дискурси, комбинирани со национализам, не биле, сепак, ограничени на пангерманизмот. Во Франција, преминот од републикански, либерален национализам во етнички национализам, што го направил национализамот одлика на екстремно десничарските движења во Франција, се случил за време на „Аферата Дрејфус“ на крајот на 19-от век. За време на неколку години, национална криза го погодина француското општество, заради наводно предавство на Алфред Дрејфус француско еврејски воен офицер. Самата земја се поделила на два спротивни кампови, едниот претставуван од Емил Зола, кој го напишал отвореното писмо „Обвинувам“ во одбрана на Алфред Дрејфус, и другиот претставувам од националистичкиот поет, Морис Бар (1862-1923 година), еден од основачите на етничко националистичкиот дискурс во Франција. Истовремено, Чарлс Мора (1868-1952 година), основач на монархистичкото движење „Француска акција“(фран. Action Française), ја осмислил „анти-Франција“, составена од „четири конфедеративни држави на Протестанти, Евреи, масони и странци“(неговиот вистински назив за последното бил пејоративниот збор „Метик“). Всушност, за него првите три биле сите „внатрешни странци“, кои му се заканувале на етничкото единство на францускиот народ.
Етнички конфликти
уредиДебати на тема потекло на расизмот често подлежат на недостиг на јасна дефиниција за терминот. Многу го користат терминот за да упатат на поопшт феномен, како што е ксенофобија и етноцентризам, и покрај тоа што научниците јасно се обидуваат да ги разликуваат тие феномени од расизмот како една идеологија или од научниот расизам, што има мала поврзаност со секојдневната ксенофобија. Други комбинираат современи форми на расизам со поранешни форми на етнички и национални конфликти. Во повеќето случаи, етно-националниот конфликт изгледа како да мора да се спротивстави за природни и стратешки ресурси. Во некои случаи, етничката припадност и национализмот биле наменети да ги сплотат воините помеѓу големи религиски империи (на пример, муслиманските Турци и католичките Австроунгарци). Поимите раса и расизам често играле главни улоги во такви етнички конфликти. Низ историјата, кога еден противник ќе се препознаел како „припадник на другата страна“ во однос на раса или етничка припадност (особено кога таа друга страна се толкува како „инфериорна“) средствата применети од страна на само-претпоставената „супериорна“ страна за да присвои територија, робови, или материјално богатство честопати биле понемилосрдни, побрутални, и помалку притеснети од морални или етички сфаќања. Според историчарот Даниел Ричер, „Војната на Понтијак“ го увидело појавувањето на двете страни од конфликтот во идејата на романот дека „сите домородци се ‘Индијанци’, дека сите Евро-Американци се ‘белци’, и дека треба сите на една страна да се обединат за да ги уништат другите“. (Ричер, „Свртен на исток од една индиска земја“, стр. 208) Базил Дејвидсон настојува во својот документарец „Африка: различна но иста“, дека расизмот, всушност, само неодамна излегол на површина, некаде кај 19-от век, поради потребата за оправдување на ропството во Америка.
Идејата за ропството како еден „работодавач со еднаква можност“ се појавила со воведувањето на христијанската теорија на Западот. Држејќи сè до тоа дека Африканците биле „полулуѓе“ претставувало единствената дупка во тогаш усвоениот закон дека „луѓето се создадени еднакви“што би го земало во обзир одржувањето на „Триаголната трговија“. Нови луѓе во Америка, можни робови, биле пресретнати, тепани, и на крај потчинети, но, тогаш, поради европски болести, нивниот број драстично опаднал. Преку двете влијанија, се развиле теории за „расата“, и им помогнале на многу да ги оправдаат разликите во ставот и односот кон луѓето кои ги категоризирале како припадници на различни раси.
Хуан Сепулведа тврдел дека, за време на „Ваљадолидската контроверзија“, на средината на 16-от век, домородните Американци биле природни робови бидејќи тие немале души. Во Азија, и Кинеската и Јапонската Империја биле силни колонизатори, Кинезите правеле колонии и вазалски земји од поголемиот дел од Источна Азија низ времето, а Јапонците го правеле истото во 19-20-от век. И во двата случаи, азиските империски сили верувале дека имаа и етничка и расна предност.
Теоретски варијанти
уредиОвен Алик Шахадах коментира на овој вид расизам изјавувајќи: „Историски Африканците се создадени да се нишаат како лисјата на ветерот, непробојни и рамнодушни на каква било форма на цивилизација, народ оддалечен од научното откритие, филозогија или повисоките уметности. Ние сме препуштени да веруваме дека скоро ништо не може да произлезе од Африка, освен суровини.
Шкотскиот филозоф и економист Дејвид Хјум рекол: „Јас сум склон кон мислење дека црнците се инфериорни по природа во однос на белците. Речиси никогаш не постоела цивилизација од таков вид, дури ниту човек, возвишен во дела или во претпоставување. Не постои домороден ков меѓу нив, ниту наука, ниту уметност“. Германскиот филозоф Имануел Кант тврдел: „Жолтите Индијанци имаат оскуден талент. Црнците се далеку пониско од нив, и во најниската точка претставуваат дел од Американскиот народ“.
Во 19-0т век германскиот филозоф Георг Вилхелм Фридрих Хегел изјавил дека: „Африка не е историски дел од светот“. Хегел дополнително тврдел дека црнците немале „чувство за идентитет, нивниот духовна страна спие, останува потоната во самата себе, не напредува, и на тој начин прави паралела со компактната, еднолична маса на Африканскиот континент“(„Црнина без црнци: Есеи на тема сликата за црнците во Германија“, 1982, стр. 94).
Помалку од триесет години пред Нацистичка Германија да ја поттикне Втората светска војна, австриецот, Ото Вајнингер, наведил: „Речиси никогаш се нема појавено гениј кај црнците, и просекот на морталитет им е скоро па универзално ептен мала па веќе е време да се признае во Америка дека нивната еманципација претставува чин на непромисленост“ („Секс и карактер“, 1906, стр. 302).
Германскиот конзервативец, Освалд Шпенглер, дал забелешка на она штп тој го сметал за културно деградирачко влијание од Африканците на современата западна култура. Во „Времето на одлука“ Шпенглер го осудил „’среќниот крај’ на едно празно постоење, здодевноста која довела до џез музиката и црнечкото танцување за да се изведе Посмртниот марш за една голема култура“ („Времето на одлука“, стр. 227-228). За време на нацистичката ера, германски научници го преуредиле академскиот свет за да ги поддржат тврдењата на еден голем „Ариевски“ претставник зад сјајот на сите човечки цивилизација, вклучувајќи ги Индија и Древен Египет.
Научни варијанти
уредиСовремената биолошка дефиниција на терминот „раса“ се доби во 19-от век со научно расистичките теории. Терминот „научен расизам“ се однесува на примената на науката за да се оправдаат и поткрепат расистичките верувања, кој датира од раниот 18 век, и покрај тоа што го здобил поголемиот дел од своето влијание во средината на 19-от век, за време на Неоимперијализмот. Познат исто така како академски расизам, таквиот вид на теории требало прво да го надминат отпорот од страна на црквата кон позитивистичките погледи на историјата и поддршката на моногенизмот, концептот дека сите човечки суштества потекнуваат од истите предци, во согласност со креационистичките погледи на историјата.
Овие расистички теории ги изнеле научните хипотези кои биле компинирани со инилинеални теории на социјален напредок, кои ја претпоставуваат супериорноста на Европската цивилизација над остатокот од светот. Освен тоа, тие често наполно ја користеле концепцијата „преживување на најприлагодливиот“, израз искован од Херберт Спенсер во 1864 година, поврзана со концепции на конкуренција, кои биле наречени социјален дарвинизам во 1940-тите години. Самиот Чарлс Дарви се спротивставил на идејата на строги расни разлики во „Потеклото на човечкиот род“ (1871 година) каде тврдел дека луѓето се сите од еден вид, и делат заедничко потекло. Тој ги преознал расните разлики на човештвото, и ги нагласил тесните сличности меѓу луѓето од сите раси во умствени моќи, вкусови, склоности и навики, а истовремено сè уште ја спроредувал културата на „најголемите дивјаци“ со Европската цивилизација. На крајот на 19-от век, застапници на научниот расизам се вплетале самите себе со еугенски дискурси на „дегенерација на расата“ и „крвно наследство“. Од тогаш наваму, научно расистичките дискурси можат да се дефинираат како комбинацијата од полигенизам, унилинеализам, социјлен дарвинизам и евгенизам. Тие ја пронашле нивната научна оправданост на физичката антропологија, антропометријата, краниометријата, френологијата, физиогномијата, и други сега дискредитирани дисциплини со цел да се формулираат расистичките предрасуди.
Пред да бидат дисквалификувани во 20-от век од Американското школа за културна антропологија (Франц Боас, итн.), Аглиската школа за социјална антропологија (Бронислав Малиновски, Алфред Редклиф-Браун, итн.), Француската школа за етнологија (Клод Леви-Штраус, итн.), како и откритието на нео-дарвинистичката синтеза, овој вид на науки, особено антропометријата, се користеле за да се одреди потеклото на однесувањата и психолошките одлики од надворешните, физички изгледи.
Нео-дарвинистичката синтеза, за првпат појавена во 1930-тите години, на крај довела до еден еволуционен поглед насочен кон гените во 1960-тите години. Според Проектот Човечки геном најкомплетната картна на човечката ДНК денес укажува дека не постои јасна генетска база за расните групи. Додека одредени гени се позастепени кај некои популации, не постојат гени кои се присутни кај сите членови од една популација или било која друга.
Наследност и евгеника
уредиПрвата теорија на евгеника била развиена во 1869 година од страна на Франсис Галтон (1822–1911 година) кој го користел тогашниот познат концеп на дегенерација. Тој ја применил статистиката за да ги проучи човековите различности и наводното „наследување на интелигенција“, предвестувачките идни употреби на „тестирање на интелигенцијата“ од страна на антропометриската школа. Тие видови на теории биле јасно опишана од писателот Емил Зола (1840–1902 година), кој започнал со објавување на циклус од дваесет романи во 1871 година, „Ругон Макарови“, каде што ја поврзал наследноста со однесувањето. На тој начин, Зола ги опишал аристократите Ругон како оние што се вмешани во политика („Неговата екселенција Еужен Ругон“) и медицина („Доктор Паскал“) и неаристократите Макарови како оние кои фатално запаѓаат во алкохолизам („Дувлото“), проституцијата („Нана“) и убивање („Човечкото животно“).
За време на подемот на нацизмот во Германија, неколку научници во западните нации работеле на разоткривање на расистичките теории на режимот. Неколкумина биле против расистичките идеологии и дискриминацијата, и покрај тоа што верувале во наводното постоење на биолошки раси. Меѓутоа, во полињата на антропологија и биологија, овие ставови биле малцински сè до средината на 20-от век. Според елаборатот на UNESCO од 1950 година, „Прашањето на раса“, во средината на 1930-тите бил направен обид за меѓународен проект за разоткривање на расистичките теории. Меѓутоа, тој проект бил прекинат. На тој начин, во 1950 година, UNESCO објавил дека дека заклучил: ...повторно, по една петнаесет годишна грешка, проект кој Меѓународниот комитет за образовна соработка сакаше да го спроведе но којшто го прекина од почит кон „политиката на умирување“ на предвоениот период. Прашањето на раса стана еден од стожерите на нацистичката идеологија и политика. Масарик и Бенеш ја покренаа иницијатива за свикување на конференција со цел повторно утврдување на вистината за расата во свеста на луѓето насекаде. Нацистичката пропаганда беше способна да го продолжи своето штетно дејство без спротивставување од власта на некоја меѓународна организација.
Расистичките политики на Третиот Рајх, неговите програми на евгеника и истребување на Евреите во Холокаустот, како и Ромите во „Уништувањето“ (Ромскиот Холокаустот) и други малцинства довело до промена во размислувањето за научно истражување на тема раса, по војната. Промена во рамките на научните дисциплини, како што е подемот на Боаската антрополошката школа во Соединетите Американски Држави придонеле до оваа промена. Овие теории биле силно осудени во елаборатот на UNESCO од 1950 година, потпишан од меѓународно признати научници, и именуван „Прањањето на раса“.
Полигенизам и расни типологии
уредиДелата како што е „Есеј за неднаквоста на човечките раси“ на Артур де Гобино (1853–1855 година) може да се сметаат како една од првите теоризации на овој нов расизам, заснован на есенциалистичко гледање на една раса, што беше спротивставено на претходниот расен дискурс, на пример на Буленвиљ, кој забележал основна историска реалност кај расите, што бил променет низ времето.
Теориите на Гобино ќе бидат раширени, во Франција, од типологијата на раси на Жорж Ваше де Лапуж, кој во 1899 година го објавил делото „Ариецот и неговата социјална улога“, каде тој тврди дека белата „Ариска раса“, „долихоцефаличната“, е спротивна во однос на „брахицефаличната“ раса, од која како прв примерок биле Евреите. Ваше де Лапуж на тој начин создал хиерархиска класификација на раси, во која тој ги распознавал „нордиската раса (тевтони, протестанти, итн.)“, „алпската раса (оверњани, Турци, итн.)“ и на крај „средоземната раса(неаполитанци, андалусијци, итн.)“. Тој ги споредувал расите и социјалните класи, земајќи предвид дека француската високо класа била претставник на „нордиската раса“, додека ниската класа ја претставувала „алпската раса“. Применувајќи ја евгениката на Галтон на својата теорија на раси, „селекционизмот“ на Ваше де Лапуж најпрво имал за цел да постигне уништување на сидикалците, кои биле сметани за „дегенерици“, второ, да создаде видови на луѓе од кои секој да биде одреден во еден правец, со цел да се спречи какво било оспорување на работни услови. Неговата „антропосоциологија“ на тој начин целела кон блокирање на социјален конфликт со воспоставување на утврден, хиерархиски социјален поредок.
Истата година, Вилијам Рипли употребил идентична расна класификација во делото „Расите на Европа“ (1899 година) кое ќе има големо влијание во Соединетите Американски Држави. Други научни автори го вклучуваат Хјустон Стјуарт Чемберлејн на крајот на 19-от век (британски граѓанин кој се натурализирал самиот себе во германец поради поради неговото восхитување кон „ариевската раса“) и Медисон Грант, евгенист и автор на делото „Преминувањето на големата раса“ (1916 година). Медисон Грант обезбедил статистика за Имиграцискиот акт од 1924 година, кој сторо забранил имиграција на Евреи, Словени, и други јужно Европејци, кои потоа биле спречени во обидот да и избегат на нацистичка Германија.
Човечки зоолошки
уредиЧовечките зоолошки (наречени „човечки изложби“) претставувале важен начин на поттикнување на познатиот расизам. Тие претставувале предмет на народна љубопитност и предмет на антропологијата и антропометријата. Џојс Хет, афроамериканска робинка, била изложена од Финеас Тејлор Барнум во 1836 година, неколку години по изложбата на Саарти Бартман, „Хотентотската Венера“, во Англија. Таквиот вид на изложби зачестиле во ново-империјалистичкиот период, и останале така сè до Втората светска војна. Карл Хагенберг, изумителот на современите зоолошки, изложувал животни покрај луѓе кои се сметале за „дивјаци“.
Конголскиот пигмеец Ота Бенга, бил изложен во 1906 година од страна на евгенистот Медисон Грант, раководителот на Зоолошката Бронкс, како обид да ја илустрира „изгубената врска“ помеѓу луѓето и орангутаните. На тој начин расизмот бил поврзан со дарвинизмот создавајќи социјал-дарвинистичка идеологија која се обидувала да се заснова на научните откровенија на Дарвин. Во 1931 година, во Париз, Колонијалната изложба изложила „канаки“ од Нова Каледонија. Во 1958 година на „Експо 58“ било изложено едно „конголско село“.
Еволуциони теории за потеклото на расизмот
уредиБиолозите Џон Туби и Леда Космајд се зачудиле од фактот дека расата е една од трите одлики кои најчесто се користат во кратки описи на поединци (другите две се возраста и полот). Тие заклучиле дека природната селекција не би го помагала развојот на инстинктот за користење на расата како класификација, бидејќи за поголемиот дел од човечката историја, скоро никогаш не се сретнале припадници на други раси. Туби и Космајд претпоставиле дека современите луѓе ја користат расата како замена (прост показател) за припадност на некое здружување, бидејќи подобро од случајно нагодување за тоа на „која страна“ се наоѓа другиот, ќе биде корисно ако не се знае однапред. Нивниот колега Роберт Курцбан направил еден екперимент, чии резултати покажале дека ја поддржуваат оваа хипотеза. Користејќи го „протоколот-конфузија на меморијата“, тие претставиле субјекти со слики од поединци и реченици, наводно кажани од тие поединци, кои застапувале две страни од дебата. Грешките што субјектите ги направиле присеќавајќи се којшто кажал покажале дека тие понекогаш погрешно препишале изјава на поединец од иста раса како „точен“ говорник, но и понекогаш погрешно препишале изјава на говорник од „истата страна“ како „точен“ говорник. При втор обид на експериментот, тимот ги препознал „страните“ во дебата по облекувањето на слични бои, и во овој случај расната сличност во предизвикување на грешки скоро па изчезнала, со што била заменета со бојана на нивната облека. Со други зборови, првата група на субјекти, незнаејќи за облеката, ја земале расата како визуелен водич за да погодат кој се наоѓал на која страна на дебатата, а втората група на субјекти ја земале бојата на облеката како главен визуелен патоказ, и расниот ефектот на доста се намалил.
Одредени истражувања претпоставуваат дека етноцентричното размислување може навистина да има придонесено кон развојот на соработката. Политичките научници Рос Хамонд и Роберт Акселрод создале компјутерска симулација во која по случаен избор на виртуелни поединци им било доделено по една од различните бои на кожа, а потоа и една од различните стратегии на размена: да е неспособен да виде одредени бои, да биде наклонет кон оние од својата боја, или да биде наклонет кон оние од други бои. Тие откриле дека етноцентричните поединци се групирале заедно, а потоа станале се побројни сè додека неетноцентричните поединци не биле збришани.
Во делото „Егоистичниот ген“, еволуциониот биологот Ричард Докинс пишува дека „крвните освети и меѓуплеменските војувања лесно може да се протолкуваат во однос на генетската теорија на Хамилтон“. Докинс пишува дека расната предрасуда, притоа нееволуционарно прилагодлива, „може да се протолкува како како ирационална генерализација на тенденција на крвно сродство за поистоветување со поединци кои физички личат еден на друг, или лошо однесување кон поединци со различен надворешен изглед. Симулациски експерименти во еволуционата теорија на игри се обиделе да обезбедат објаснување за одбирањето на етноцентрично стратешки фенотипи.
Расизмот како политика поддржана од државата
уредиИституционалниот расизам, односно, институции и делување на една национална држава кои се засноваат на расистичка идеологија, играл главна улога во сите случаии на колонизирање, од Соединатите Америнакси Држави до Австралија па до Израел. Овој вид на расизам играл видна улога и во режимот на нацистичка Германија и фашистичките режими во Европа, и во првиот дел од јапонскиот „Сева период“. Овие режими застапувале и применувале политики кои биле расистички, ксенофобични, и во случај на нацизам, и геноцидни. Политиките на Зимбабве придонесувале кон дискриминација против белците, во обид за етничко чистење на земјата.
Познато е дека законодавниот институционален расизам е предизвикан од Националистичката партија на Јужна Африка, за време на нивниот режим „Апартхејд“ меѓу 1948 и 1994 година. Во овој случај била усвоена серија на апартхејдски закони во Јужна Африка преку правните системи со цел да се направи законски да белите Јужноафриканци имаат права кои биле супериорни во однос на оние на обоените Јужноафриканци. На обоените Јужноафриканци не им било дозволено вклучување во какви било државни работи, вклучувајќи и гласање, пристап до квалитетно здравставо, набавка на основни услуги, вклучувајќи чиста вода, струја, како и пристап до соодветно образование. Тие биле спречени и од пристапување до одредени јавни места, користење на одреден јавен превоз и биле изискувани да живеаат само во некои одредени области. Обоените Јужноафриканци биле оданочувањи различно од белите Јужноафриканци и биле изискувани да постојано носат со себе дополнителна документација, која подоцна станала позната како „нема дозвола“, за да го потврдат своето обоено јужноафриканско државјанство. Сите овие законодавни расни закони биле укинати преку серија на закони за еднакви човекови права на крајот на Апартхејдот во раните 1990-ти години.
Институционалниот расизам придонел и во создавањето на идентитетот на Домениканската Република и насилни дела поттикнати од домениканската владина ксенофобија против хаиќаните и оние кои изгледаат како нив. Во моментов Домениканската Република применува де факто систем на сепаратизам за хаиќански деца и внуци и обоени доменикаци, негирајќи им изводи од матичната книга на родените, образование и пристап до здравствена заштита.
Расизмот во историјата
уредиРасизмот во антиката
уредиЕдит Сандерс во 1969 година ги цитирал „Вавилонскиот Талмуд“, кој го дели човештвото помеѓу трите „синови на Ноа“, изнесувајќи дека „потомците на Хам“ се проколнати што се црни и го опишува Хам како грешен човек а неговото потомство како изроди. И покрај тоа што „клетвата на Хам“ се користела како објаснување за потеклото на црните луѓе од третиот век п.н.е., Дејвид М. Голденберг (2005 година) пишува дека ова било засновано на теорија дека различни клими и изложување на сонце влијаат на составот на спермата и преку ова и на физичката композиција на потомците (што е значително спротивно од современите наследни разбирања на расата). Покрај тоа, најраното појавување на црна боја на кожа како казна за наследниците на Хам директно оврзано со „црните Африканци“ не стапува сè до 9-от или 10-от век. Раните почетоци ја препишуваат казната за црна боја на кожа на самиот Хам неспомнувајќи ги луѓето на Куш и тоа дека нивната боја на кожа е клетва. Исто така, и Голдберг продолжува да објаснува дека раните (третиот век) почетоци ја разбирале „црната боја на кожа„ дека ги вклучува не само потсахарските црни Африканци, туку и:
...Коптите, Фезан, Загава, Брбр, Индијците, Арабите, народот Мар, мештаните на островите во Индискиот Океан, дури и Кинезите, како и Етиопјаните (Хабаш), Зањ, Буја и Нубијците. Со други зборови, „обоените луѓе во светот“.
Бернард Левис го цитирал грчкиот филозоф Аристотел кој, во својата дискусија за ропството, изнел дека дедека Грците се слободни по природа, „варварите“ се робови по природа, и дека е во нивната природа да бидат поспремни да се покорат на деспотстко владеење. И покрај тоа што Аристотел не наведува некои одредени раси, тој тврди дека луѓето надвор од Грција се посклони на товарот на ропството од оние од Стара Грција. Таквиот прото-расизам и етноцентризам мораат да се разгледуваат во контекст, бидејќи современо разбирање на расизмот како наследна подреденост (современиот расизам заснован на: евгеника и научен расизам) сè уште не се развило и е нејасно дали Аристотел верувал дека природната подреденост на Варварите била предизвикана од околината и климата (како многуте негови современици) или со раѓање. Додека Аристотел дава забелешки дека најприродните робови се оние со силни тела и робовски души (неподобни за владеење, неинтелегентни) што би се чинело дека подразбира физичка основа за дискриминација, тој исто така екплицитно изјавува дека вистинскиот вид на души и тела не секогаш одат заедно, подразбирајќи дека најдобрите се определуваат за инфериорност и спротивноста меѓу природните робови и природните господари е во душата, а не телото. Овој прото-расизам се смета за важен претходник на современиот расизам на класицистот Бенџамин Исак.
Историчарот Данте А. Пузо, во неговото критично испитување на Аристотел, расизмот, и древниот свет пишува дека:
Расизмот се потпира на две основни претпоставки: дека постио заемна врска меѓу физичките одлики и духовните квалитети, дека човештвото може да се подели на супериорни и инфериорни рода. Расизмот, дефиниран на тој начин, претставува современа концепција, бидејќи пред 16-от век во суштина не постоело ништо во животот и размислувањето на Западот што може да се опише како расистичко. Со цел да се спречи недоразбирање треба да се направи јасна разлика меѓу расизам и етноцентризам […] Древните Евреи, повикувајќи се на сите оние кои не биле Евреи како „Друговерците“, се оддавале на етноцентризам, не на расизам. […] Така било и со Хелените кои ги именувале сите кои не биле Хелени, дали дивите Скити или Египќани кои ги признавале како нивни ментори во уметностите на цивилизацијата, како Варвари, поим што го означувал она што било непознато или далечно.
Средниот век и ренесансата
уредиВо регионот на Блискиот Исток и Северна Африка, расистичките мислења биле искажани во рамки на делата на некои историчари и географи вклучувајќи ги и Ал-Мукадаси, Ал-Џахиз, Ал-Масуди, Ал-Бируни, Насир ал-Дин ал-Туси и Ибн Кутајба. Во 14-от век од н.е. тунизискиот научник Ибн Халдун напишал:
„на таа страна зад [ познатите народи на црна Западна Африка] сè до југот не постои цивилизација во вистинската смисла на зборот. Постојат само луѓе кои се поблиску до глупави животни отколку до рационални битија. Тие живеат во густи шуми и пештери, и јадат трева и неприготвено жито. Тие често се јадат еден со друг. Не можат да се сметат за човечки битија. “ „Поради тоа, црнечките народи се, воопшто, покорни на ропство, бидејќи (црнците) имаат малку од она што е (во суштина) човечко и поседуваат особини кои се доста слични со оние на глупи животни, како што кажавме.“
И покрај тоа што Куранот не изнесува расни предрасуди, такви предрасуди се развиле подоцна меѓу Арапите поради различни причини: нивните пространи освојувања и трговија со робови, влијанието на аристотелските идеи во однос на ропството, што одредени муслимански филозофи го насочиле кон Зенџ (Источна Африка) и турските народи, и влијанието на јудео-христијански идеи во поглед на поделбите на човештвото. Како одговор на таквите гледишта, афро-арапскиот автор Ал-Џахиз, кој самиот имал дедо од Зенџ народот, напишал книга насловена „Супериорноста на црнците врз белците“, и објаснил зошто Зенџ народот биле црни во однос на географски детерминизам во поглавјето „За Зенџ народот“ во „Есеиите“. До 14-от век, значителен број на робови дошле од потсахарска Африка, што довело до желбите на египетскиот историчар Ал-Абшиби (1388-1446 година) да напише: „Се вели дека кога (црниот) робот е сит, тој блудничи, кога е гладен, тој кради“. Според Џ. Филип Руштон, арапски односи со црнците кои муслиманите ги тргувале како робови преку илјада години, може да се сумираат накратко како што следува:
Треба да се забележи дека расните предрасуди меѓу високите арапски кругови не биле ограничени на црнци со потемна боја на кожата, туку биле насочени и кон луѓе со посветла, „црвенолика“ боја на кожа (вклучувајќи ги и Персијците, Турците, белците и Европејците), дедека Арапите упатувале на самите себе како „црномурести луѓе“.
Покрај тоа, Омејадите ја освоиле Хиспанија и ја основале напредната цивилизација на Ал-Андалус, каде што траела „ера на религиска толеранција“ и „Златна ера на еврејска култура“ шест векови. Тоа било проследено со насилно повторно освојување под крилата на католичките монарси Фердинанд V и Изабела I. Во тој период католичките Шпанци ја формулирале доктрината „чистота на крв“. За време на овој историски период се појавил западњачкиот концепт на аристократска „сина крв“ во високо рациализиран и индиректно супермасистички концепт на белата раса, објаснува Роберт Ласи како автор:
Шпанскиот народ бил тој што го дал погледот на светот дека крвта на еден аристократ не е црвена туку сина. Шпанското дворјанство оклолу 9-от век започнало да личи класичен воен отмен свет, окупирајќи земја како воини на коњ. Тие го продолжиле процесот за повеќе од петстотини години, враќајќи назад со тешкотии делови од островот од неговите Маварски окупатори, и еден припадник на дворјанството го демонстрирал своето педигре со држење на својот меч за да го покаже филигранот на вени со сина крв под неговата бледа кожа, доказ дека неговиот род не бил заразен од непријател со темна боја на кожа. Сината крв, на тој начин претставувала еуфемизам за постоење како бел човек, сопствениот потсетник на Шпанија дека благородните чекори на аристократијата низ историјата ги носат прилично понеблагородните траги на расизам.
Следејќи го исфрлањето на повеќето Сефарадски Евреи од Иберијскиот полуостров, останатите Евреи и муслимани биле принудени да преминат во римски католицизам, станувајќи „нови христијани“ кои биле презирани и дискриминирани од „старите христијани“. Домениканскиот ред спровел „инквизиција“ со цел да ги исплеват оние кои преминале а сè уште применувале јудаизам и ислам во тајност. Ситемот и идеологијата на „чистота на крв“ ги прогонувал оние кои преминале во христијанството, без оглен на нивниот вистински степен на искреност во верата.
Во Португалија, законската разлика меѓу „новите христијани“ и „старите Христијани“ била единствено прекината со декрет издаден од Маркизот од Пломбал во 1772 година, скоро три века по спроведувањето на расната дискриминација. Доктрината „чистота на крв“ била доста честа и во колонизацијата на Америка, каде довела до расна поделба на многуте народи во колониите и создала многу нејасна список на номенклатура за опишување на расата на одереден поединец, а со тоа, и неговото место во општеството. Оваа прецизна класификација била опишана од Едуардо Галеано во „Отворените вени на Латинска Америка“(1971 година). Оваа класификација опфаќала, меѓу другите споменати поими, Метиси (50% Шпанци, 50% домородни Американци), Кастиси (72% Европејци, 25% домородни Американци), Шпанци (87,5% Европејци, 12,5% домородни Американци), Мулати (50% Европејци, 50% Африканци), Албаразади (43,75% домородни Американци, 29.6875% Европејци, 29.6875% Африканци) итн.
На крајот од Ренесансниот период, Ваљадолидската дебата (1550–1551 година) поради начинот на постапување со домородното население во „Новиот Свет“ го спротивставила домениканскиот фратар и бискуп на Чаиапас, Бартоломе де Лас Касас со друг доменикански филозоф Хуан де Сепулведа. Тие подоцна тврделе дека „Индијанците“ биле природни робови бидејќи немале души, и со тоа биле под човештвото. На тој начин, сведувањето на ропство или кметство било во согласност со католичката теологија и законот на природата. Во спротивност, Бартоломе де Лас Касас тврдел дека американските домородци биле слободни луѓе во природниот поредок и го заслужувале истиот третман како другите, во согласност со католичката теологија. Ова претставувало една од многуте контроверзии однесувајќи се на расизам, ропство и етноцентризам што настанале во следните векови.
И покрај тоа што антисемитизмот има долга европска историја, во однос со христијанството (анти-јудаизмот), самиот расизам честопати се опишува како современ феномен. Според францускиот филозоф и историчар Мишел Фуко, првата формулирање на расизмот се појавило некаде во Новото време како „дискурсот на расна војна“, историски и политички дискурс, кој Фоко го спротивставил со филозофскиот и правен дискурс на суверенитет. На тој начин Фоко тврдел дека првото појавување на расизмот како социјален дискурс (спротивно од простата ксенофобија, за којашто некои би можеле да тврдат дека постоела секаде и секогаш) може да се забележи во „Славната револуција“ во Велика Британија во 1688 година, во делата на Едвард Кук или Џон Лилбрн.
Меѓутоа, овој „дискурс на расна војна“, како што Фоко го протолкувал, мора да се издвои од биолошкиот расизам од 19-от век, познат и како „наука за раса“ или „научен расизам“. Всушност, овој современ дискурс има многу точки на разликување со современиот расизам. Како прво, во овој „дискурс на расна војна“, расата не се смета за биолошки поим, што би го поделил човештвото на одделни биолошки групи, туку како историски поим. Освен тоа, овој дискурс е во спротивност со дискурсот на суверенитет, се користи од буржоазијата, народот и аристократијата како средство за борба против монархијата. Овој дискурс, кој за првпат се појавил во Велика Британија, во тоа време бил пренесен во Франција од страна на луѓе како што се Буленвиљ, Никола Фрер, а потоа, за време на Француската револуција во 1789 година, Сије, а подоцна Огустин Тери и Курно, Буленвиљ, којшто ја создал матрицата од таков расистички дискурс во средновековна Франција, го зачнале поимот „расата“ како нешто поблиску до смислата на „нација“, односно, во денешно време “народот“.
Тој ја замислил Франција како поделена на повеќе народи, обединетата национална држава овде претставувала, секако, анахронизам, кои самите формирале различни „раси“. Буленвиљ се спротивставил на апсолутната монархија, која се обидела да ја заобиколи аристократијата со воспоставување на директна врска со Националното собрание. На тој начин, тој ја создал оваа теорија според која француските аристократи биле потомци на странски освојувачи, кои тој ги нарекол „Франки“, додека Националното собрание според него било сочинето од автохтоните, победени Гало-римјани, кои биле доминирани од франкиската аристократија како резултат на правото на освоена територија. Современиот расизам бил во спротивност со национализмот и националната држава. Грофот Монтлоси, во егзил за време на Француската револуција, кој го искористил дискурсот на Буленвиљ за „нордиската раса“ дека француската аристократија ги освоила простонародните „Гали“, на тој начин тој го покажал неговиот презир кон Националното собрание нарекувајќи го „овие нови луѓе родени од робови... мешавина од сите раси и сите времиња.
Додека расизмот од 19-от век станал блиску преплетен со национализмот, водејќи кон етничко националистичкиот дискурс што го споредувал поимот „раса“ со „народ“, водејќи до такви движења како пангерманизмот, ционизам, пан-Турцизам, пан-арабизам и панславизам, средновековниот расизам прецизно ја поделил нацијата на различни небиолошки раси, кои се сметале за последиците од историските освојувања и социјалните конфликти. Мишен Фуко го открил потеклото на современиот расизам во овој средновековен „историски и политички дискурс на расна војна“. Според него, тој се поделил самиот себе во 19-от век во однас на двата противнички фронта, од една страна, бил обединет од расисти, биолози, евгенисти, кои го дале современото сфаќање на поимот „раса“ и, дури и, го промениле овој познат дискурс во „институционален расизам“ (на пр. нацизам). Од друга страна, марксистите го сфатиле овој дискурс основан на претпоставката на политичка војна дека ја дал вистинската „движечка сила на историјата“ и продолжил да делува под привидниот мир. На тој начин, марксистите го промениле есенцијалистичкото гледање на поимот „раса“ во историското гледање на поимот „класна борба“, дефиниран со социјално структурирана позиција, капиталистичка или пролетаријатска. Во делото „Волјата на знаењето“ (1976 година), Фоко анализирал друг противник на „дискурсот на расна војна“, психоанализата на Сигмунд Фројд, која била спротивставена на концептите на „крвна наследност“, застапени во расистичкиот дискурс во 19-от.
Расизмот во 19. век
уредиАвтори како што е Хана Аренд, во нејзината книга „Почетоците на тоталитаризмот“ од 1951 година, изјавиле дека расистичката идеологија (популарно „расизам“) што се развила на крајот на 19-от век придонела кон оправдување на империјалистичките освојувања на туѓу територии и придружните дела (како што се Геноцидот на Хереро и Намака народот од 1904-1907 година или Арменскиот геноцид од 1915-1917 година). Поемата „Бремето на белиот човек“ на Радјард Киплинг (1899 година) е една од најпознатите илустрации на верувањето во својствената супериорност на европската култура врз остатокот од светот, дури е сметана и за сатирично вреднување на таков империјализам. Расистичката идеологија на тој начин придонела кон оправдување на потчинувањето и растурањето на традиционалните општества на домородното население, кои се сметале за хуманитарни обврски како резултат на овие расистички верувања.
Меѓутоа, за време на 19-от век, западноевропските колонијални сили биле вмешани во прикривањето на троговијата со арапски робови во Африка, како и на трговијата со робови во Западна Африка. Другите колонизатори ја препознале расипаноста на нивните дела но продолжиле поради лична добивка. Некои Европејци за време на овој период се спротивставиле на неправдите од колонијализмот и лобирале во име на домородното население. На тој начин, кога на почетокот на 19-от век во Англија била изложена „Хотентотската Венера“, африканската асоцијација јавно се спротивставила на изложбата. Истата година кога Киплинг ја објавил својата поема, Џозеф Конрад го објавил делото „Срцето на темнината“ (1899 година), чиста критика на „Слободната држава Конго“, поседувана од Леополд II од Белгија.
Примери на применети расистички теории го вклучуваат создавањето на хамитската етно-лингвистичка група за време на европското истражување на Африка. Во тој период Карл Фридрих Лепсиус (1810–1877 година) ги ограничил на несемитски афро-азијски јазици. Терминот „Хамити“ се употребувал за различни населенија во границите на Африка, кои главно се состоеле од Етиопјани, Еритрејанци, Сомалијци, Бербери и Нубијци. Хамитите се сметале за народ од белата раса кој најверојатно потекнал или од Арабскиот полуостров или Азија врз основа на нивните културн, физички и лингвистички сличности со тамошните луѓе. Европејците ги сметале Хамитите за поцивилизирани од црните Африканци и посродни на нив и на Семитите. Во првите две-третини од 20-от век, хамитската раса се, всушност, сметала за една од родните гранки на белата раса, заедно со ИндоЕвропејците, Семитите и средоземната раса.
Меѓутоа, честопати се мислело дека самите Хамитите потфрлиле како владетели, што обично се припишувало на вкрстувањето со црнци. Во средината на 20-от век, германскиот научник Карл Мејнхоф (1857–1944 година), наведил дека расата „банту“ била создадена со спојување на хамитска и црнечка раса. Хотентотите (Нама или Кои) биле создадени со спојување на хамитската и бушманската раса, кои денес се наречени „Којсански народ“).
Во раниот 19 век во Соединетите Американски Држави, се основало Американското колонизационо општество како примарно средство за предлагање за враќање на поголема слобода и еднаквост на црните Американци во Африка. Обидот резултирал од мешавина на причини со изјава на основачот Хенри Клеј: „непобедлива предрасува како резултат од нивната боја на кожа, тие никогаш не би можеле да се спојат со слободните белци од оваа земја. Беше пожелно, поради тоа, што се однесуваше до нив, и останатиот дел од населението на земјата да ги исцеди.“ Расизмот се проширил низ Новиот Свет во доцниот 19-ти и раниот 20 век. Насилно незаконско движење (анг. White capping), што започнало во индијана во доцниот 19 век, брзо се раширило низ цела Северна Америка, предизвикувајќи многу африкански работници да побегнат од земјата на којашто работеле. За време на 1860-тите година, во Соединетите Држави се користеле расистички постери за време на изборни кампањи. На еден од тие постери е насликан црнец кој се шета мрзоволно во предворието додека еден белец го ори неговото поле а друг сече дрва. Придружни етикети на постерот се: „Во потта од твоето лице ќе го јадиш твојот леб“, и „ Белецот мора да работи за да ги задржи своите деца и да ги плаќа своите даноци“. „Црнецот се прашува, што корист имам јас да работам додека тие ги прават овие определувања“.
На 5 јуни 1873 година, господинот Франсис Галтон, истакнат истражувач и роднина на Чарлс Дарвин, напишал писмо до дневниот весник The Times:
„Мојот предлог е да го направиме поттикнувањето на кинески колонии во Африка дел од нашата национална политика, верувајќи дека кинеските имигранти не само што ќе ја задржат својата позиција, туку и дека ќе се размножат и нивните потомци ќе ја истиснат инфериорната црна раса.“ „Јас треба да очекувам дека африканското крајбрежје, моментно ретко населено од мрзоволни, дрдорливи дивјаци, за неколку години може да биде земено под наем од работливите, принципиелни Кинези, кои ќе живеат како делумно независна колонија на Кина, или пак во потполна слобода под свои закони.“
Расизмот во 20 век
уредиНацистите ги сметале Евреите, Ромите, Полјаците и други словенски народи како што се Русите, Украинците, Чесите и секој друг кој не бил „ариец“, согласно со современата нацистичка расна терминологија, за нечовек (гер. Untermensch). Нацистите наоѓале логичко објаснување дека Германците, кои биле божествена раса, имале природно право да ги преселат, елиминираат или потчинат оние кои се инфериорни на нив. За време на Холокаустот, Нацистите убиле околу 6 милиони Евреи. На подолгорочен план, Нацистите сакале да истребат приближно 30-45 милиони Словени.
По војната, под „Големиот план“, „Генералниот план Ост“ го предвидел протерувањето на повеќе од 50 милиони негерманзирани Словени од Источна Европа преку принудна миграција, како и некои од Балтите, преку планината Урал во Сиберија. На нивно место, Германци би биле населени на поширок „животен простор“ (Лебенсраум) на илјада годишната империја. Херберт Баке бил еден од оркестраторите на „Планот на гладување“, планот да изгладнат десетици милиони Словени за да обезбедат сигурни резерви на храна за германскиот народ и трупи. Во 1949 година во Дурбан избиле сериозни расни немири помеѓу Индијците и Зулу народот. Обидот за добивање на власт на Не Вин во Бурма во 1962 година и неговото немилосрдно гонење на „странски државјани кои постојано живеат во земјата“ довело до егзодус на 300,000 бурмански Индијци. Тие мигрирале за да избегнат расна дискриминација и целосна национализација на приватни претпријатија неколку години подоцна во 1964 година. Занзибарската револуција од 12 јануари, 1964 година ја прекинала локалнара арапската династија. Илјадници Арапи и Индијци во Занзибар биле масакрирани во бунтови, а уште илјадници биле задржани или избегале од островот. На 4 август 1972 година, Иди Амин, претседател на Уганда, етнички ги исчистил Азијците од Уганда, давајќи им 90 дена да ја напуштат земјата.
Кратко по Втората светска војна, Националистичката партија на Јужна Африка презела контрола врз управувањето на Јужна Африка. Помеѓу 1948 и 1994 година, настапил режимот на Апартхејдот. Овој режим ги основал своите идеологии врз расната поделба на бели и обоени луѓе вклучувајќи ги и нееднаквите права на обоените. Неколку протести и немири се случиле за време на Апартхејдот во Јужна Африка, од кои најпознати се „Шарпвилскиот масакар“ во 1960 година, „Бунтот во Совето“ во 1976 година, бомбандирањето на „Чрч Стрит“ од 1983 година, „Мировниот марш во Кејптаун“ од 1989 година.
За време на Граѓанската војна во Конго (1998–2003 година), Пигмејците биле ловени и јадени како дивеч. Двете воени страни ги сметале за „нелуѓе“ а некои велеле дека нивното тело можело да пренесува маѓични моќи. Активисти за човекови права на Обединетите Нации во 2003 година изјавиле дека бунтовниците спроведувале чинови на канибализам. Синафаси Макело, претставник Мбутските пигмејци побарал од Советот за безбедност на Обединетите Нации да го признае канибализмот како злодело кон човештвото и чин на геноцид. Извештај објавен од страна на Одборот за елиминација на расна дискриминација го осудува третманот на Боцвана кон „бушманите“ како расистички. Во 2008 година, трибуналот на Заедницата за развој на Јужна Африка составена од 15 нации го обвинила претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе за поседување на расистички став кон бели луѓе. Уставот во Либерија забранува државјанство единствено на луѓе со црно африканско потекло.
Масовните демонстрации и немири против африкански студенти во Нандзин, Кина, траеле од декември 1988 година до јануари 1989 година. Сопственици на барови во централен Пекинг биле приморани да „не служат црнци или Монголци“ за време на Летните олимписки игри во 2008 година. Некои соседни заедници во Гуанджоу им забрануваат на Африканци да живеат во станбени комплекси. Во ноември 2009 година, британскиот весник The Guardian изјавил дека Лу Џинг, од мешано кинеско и африканско потекло, се појавила како најпознатиот натпреварувач на талент шоу натпревари во Кина и станала тема на жестока дебата поради бојата на нејзината кожа. Медиумското внимание насочено кон неа отворило сериозни дебати за расизмот и расната дискриминација во Кина.
Во Азија и Латинска Америка, посветла боја на кожа се смета за поатрактивна. Според тоа, козметички производи за избелување на кожата се популарни во Источна Азија и Индија. Одредени активисти, најистакнато на Конференцијата на Обединетите Нации во Дурбан, имаа тврдено дека ситемот на општествен редови во Индија претставува форма на расна дискриминација, иако многумина истакнати научници го сметаат ова гледиште како „научна бесмислица“, бидејќи не постојат постојани расистички разлики меѓу различните општествени редови. Овие активисти користат генетски студии кои тврдат дека го поткрепуваат нивното гледиште, покрај тоа што други поопширни студии ги оспориле овие тврдења како премногу површни. Моментно, во Индија има околу 165 милиони Далити (претходно познати како „недопирливите“).
Околу 70 000 црни африкански Мавритијци биле исфрлени од Мавританија во доцните 1980-ти години. Во Судан, црните африкански заробеници од граѓанската војна често биле потчинувани, а жените затворенички често биле сексуално искористувани. Војната во Дарфур некои ја опишале како расно прашање. Во октомври 2006 година, Нигер објавил дека ќе ги депортира Арапите кои живеат во регионот Дифа во источен Нигер во Чад. Ова население броело околу 150,000. Додека Владата ги собирала Арапите за подготовка за депортирање, две девојки умреле, како што се зборува по бегање од владините сили, а три жени претрпеле спонтан абортус.
Интеграцијата на заедницата на етиопски Евреи во израелското општество се усложнала од расистички ставови на дел од некои елементи на израелското општество и официјалното државно уредување. Израелските медиуми изјавиле дека жители на Писгат-Зеев, голема еврејска населба во Ерусалим, форморала одмаздничка патрола за да ставе крај на состанувањето на арапи со локалните еврејски девојки. Во испитување од 2007 година, повеќе од половина израелски Евреи се изјасниле дека мешаниот брак треба да се споредува со „национално предавство“.
Немирите во Џакарта во мај 1998 година биле насочени кон многу кинески Индонезијци. Анти-кинеската легислатива била во индонезијскиот устав сè до 1998 година. Ксенофобијата против кинеските мигранти е моментно во подем во Африка и Океанија. Анти-кинески немири, вклучувајќи десетици илјади луѓе, се појавиле во Папуа, Нова Гвинеја во мај 2009 година. Државниот пуч во Фиџи од 2000 година предизвикал насилна реакција против Индијците во Фиџи. Жителите на Фиџи од индиска, европска, мешана раса или други островски потомци станале граѓани од втор ред. Расни поделби постојат и во Гвајана, Малезија, Тринидад и Тобаго, Мадагаскар, или Јужна Африка. Една особено штетна форма на расизам во Соединетите Американски Држави е расната сегрегација, која, може да се докаже, продолжува да постои и денес.
Анти-расизам
уредиАнти-расизмот вклучува присвоени или развиени гледишта, дела, движења, политики за спротивставување на расизам. Во главни црти, се залага за рамноправно општество во кое луѓето не дискриминирани во раса. Движење како што се Афроамериканското движење за граѓански права и Анти-апартхејдското движење биле примери за анти-расистички движења. Ненасилен отпор во одредени случаи претставува елемент на анти-расистичките движења, и покрај тоа што тое не било отсекогаш така. Закони за криминал од омраза и позитивна дискриминација се исто така примери на владина политика направена да го потисне расизмот.
Меѓународен ден за елиминација расната дискриминација
уредиУНЕСКО го бележи 21 март како Меѓународен ден за елиминација на расната дискриминација кој се случава секоја година, во сеќавање на настаните што се случиле на 21 март 1960 година во Шарпвил, Јужна Африка, каде полициските сили убиле демонстратори-студенти кои мирно протестирале против режимот на Апартхејдот.
Расизмот како мотив во популарната култура
уреди- „Расист“ (англиски: The Racist) — песна на американската хип-хоп група Буги даун продакшнс (Boogie Down Productions) од 1990 година.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Меѓународен ден на борба против расната дискриминација, „Окно“, 21.03.2013.