Долно Неволјани
Долно Неволјани (грчки: Βαλτόνερα, Валтонера или Βαλτόνερο, Валтонеро; до 1928 г. Κάτω Νεβόλιανη, Като Неволяни[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 232 жители (2011).
Долно Неволјани Βαλτόνερα | |
---|---|
Координати: 40°38.11′N 21°35.10′E / 40.63517° СГШ; 21.58500° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Суровичево |
Општ. единица | Ајтос |
Надм. вис. | 600 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 232 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото е сместено во северниот дел на котлината Сариѓол, 46 км јужно од Лерин и 6 км југоисточно од Ајтос. Лежи близу источниот брег на езерото Зазерци.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиСелото првично било населено исклучиво со Македонци, кои подоцна биле делумно истиснати од муслиманско население, па селото станало мешано во бројна полза на муслиманите.[3] Наречено е Долно Неволјани, за да се разликува од другото Неволјани во Леринскои — наречено Горно Неволјани.
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за селото:
„ | Село Николјан со 50 муслимански и 10 христијански куќи. Данокот на муслиматни е 7.250 пијастри, а на христијаните — 1.010 пијастри и одделно инание-аскерие од 630 пијастри. Жителите се занимаваат со земјоделство и сточарство.[4] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Неволјани имало 150 жители Турци и 150 жители Роми, изоставувајќи го македонското малцинство.[5] Меѓутоа, според српскиот географ Боривое Милоевиќ во годините пред Балканските војни Долно Неволјани се состоело подеднакво од 10 македонски и 10 турски куќи.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долно Неволјани се води како мешано македонско-турско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 76 куќи.[6]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 204 жители, кои во 1920 г. опаднале на 171 жител.[3] Во 1920-тите муслиманското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место грчката власт донела грчки колонисти од Кавказ и Власи од Епир. Во 1928 г. селото е заведено како наполно дојенско со 168 жители од 54 семејства, испуштајќи ги преостанатите Македонци.[7] Истата 1928 г. е преименувано во Валтонера, што значи „блатна вода“.[8]
Според истражување од 1993 година селото мешано со дојденско, словенојазично (т.е. македонско) и влашко население. Забележано е дека понтскиот грчки меѓу дојденците е зачуван на средно ниво.[9]
Општествени установи
уреди- Црква „Св. Константин и Елена“, чија камбана е донесена од колонистите од Кавказ
- друштво „Проодос“ (Напредок)
- „Тиела“ (Бура) — фудбалски клуб
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 384 | 353 | 365 | 319 | 358 | 357 | 312 | 232 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиСелото одгледува жито, тутун, компири и преработка на сточарски производи.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κάτω Νεβόλιανη -- Βαλτόνερα
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 151.
- ↑ Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр.153-154.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 251. ISBN 954430424X.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 27.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"