Дарначко (грчки: Νταρνακοχώρια или Δαρνακοχώρια, Дарнакохорија) — историско-географска и етнографска област во околината на градот Сер, Егејска Македонија.

Областа опфаќа неколку села во подножјето на планината Серски Боздаг (Сминица). Пред Првата балканска војна биле еднствените грчки села во Серско, кое инаку имало само Македонци и Турци. Жителите на областа се нарекувале „дарнаци“, за што се верува дека потекнува од зборот δάρε, што го користеле наместо зборот τώρα (сега).[1] Според месните преданија, Стефан Верковиќ тврди, дека дарнаците се доселени во Македонија од Тива во Беотија (Централна Грција).[2]

Населени места

уреди

Во Дарначко спаѓаат селата: Везник, Субашќој, Сармусакли, Тополјани и Довишта.[3] Понекогаш кон нив се вбројува и Тумба.[4][5]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.73.
  2. Веркович, Стефан. Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи, Санкт Петербург, Военная Типография (в издании Главного Щаба), 1889, стр.11-12.
  3. „Портал за Дарначко“. Архивирано од изворникот на 2016-03-10. Посетено на 2016-03-24.
  4. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVI, 1891, стр. 839.
  5. „Δαρνακοχώρια“. Архивирано од изворникот на 2011-10-16. Посетено на 2016-03-24.

Надворешни врски

уреди