Мандраџик
Мандраџик (грчки: Μανδράκι, Мандраки; до 1926 г. Μαντρατζίκ, Мандраѕик[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Турци.[3]
Мандраџик Μανδράκι | |
---|---|
Координати: 41°15.49′N 23°8.28′E / 41.25817° СГШ; 23.13800° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Синтика |
Општ. единица | Петрич |
Надм. вис. | 50 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 215 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа северозападно од Сер и западно от Валовишта, во живописно место на подножјето на Беласица. Јужно од него е Бутковското Езеро. Мандраџик е едно од згодните поаѓалишта за искачувањето на првенецот на Беласица — врвот Радомир (Калабак) и високите делови на планината.
Селото се наоѓало на околу 1 км посеверно од денес, пред да биде преместено со замената на населението во 1920-тите.
Историја
уредиВо селото има остатоци од средновековна тврдина — таканаречената Циганска кула.[4]
Во Отоманското Царство
уредиВо XIX век и почетокот на XX век Мандраџик било село во Демирхисарската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Мандраџик (Mandradjik) било село во Серската каза со 19 домаќинства сочинети од 46 муслимани.[5]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал:
„ | Мандраџик, на Ј од Порој 21⁄2 часа до Бутковското Езеро. Селаните се земјоделци, рибари; некои ловат пијавици и обработуваат коприна. 45 куќи турски и 15 ѓупски.[6] | “ |
Во 1894 г. Густав Вајганд („Аромани“) напишал: „стигнавме по добар пат во околината на селото Мандраџик. Посред таканаречената Циганска кула стигнавме во селото. Просторот на оваа кула има квадратен облик и е обработен со една ѕидина, широка до еден метар, а висока 2-5 метри. На некои места се гледаат траги од прозорци, но не се забележуваат никакви украси, ниту пак натписи. Луѓето кажуваат дека тука некогаш живеел циганскиот крал.“[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 90 жители, сите Турци.[7]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото имало 63 жители, кои во 1920 г. се свеле на 29 лица.[3] Во 1923-1924 г. населението како муслиманско е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти од Мал Самоков и Трулија, Источна Тракија.[8] Во 1926 г. селото е преименувано во Мандраки, а куќите се изградени на 1 км јужно од постоечкото село.[3] На пописот од 1928 г. селото били чисто дојденско со 278 лица (67 семејства).[9]
Во 1940 г. Мандраџик имал 421, а следната година 313 жители.[3] Населението доживало значаел пораст за време на Граѓанската војна кога тука се доселиле жителите на соседното планинско село Мешели. Така, во 1951 г. селото веќе имало 737 жители.[3] По краток период на понатамошен пораст, населението доживеало голем пад поради иселување во поголемите градови.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 421 | 737 | 846 | 577 | 439 | 432 | 414 | 379 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
уреди- Циганска кула — тврдина од доцновизантиско време
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 200–201. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 4,0 4,1 Вайгандъ, Густавъ (1899). Аромѫне: Етнографическо-филологическо-историческо издирвания на тъй наречения народъ македоно-ромѫне или цинцаре. Варна: Издание на П. Хр. Генковъ. стр. 223.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 120–121. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 859.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.
- ↑ „Κάστρο Μανδρακίου Κερκίνης“. Ελληνικά Κάστρα. Посетено на 26 септември 2020.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012