Ломач (германски: Lommatzsch) — град во округот Мајсен, во сојузната покраина Саксонија, Германија.

Ломач
Поглед од север на Ломач
Поглед од север на Ломач
Поглед од север на Ломач
Грб на Ломач
Ломач во рамките на Германија
Ломач
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Мајсен
Градоначалник Анита Мас
Основни податоци
Површина 66,47 км2
Надм. височина 168 м
Население 4.805 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 72 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. MEI
Пошт. бр. 01621–01623
Повик. бр. 035241
Портал www.lommatzsch.de
Местоположба на градот Ломач во рамките на округот Мајсен
Карта
Карта
Координати 51°12′N 13°18′E / 51.200° СГШ; 13.300° ИГД / 51.200; 13.300

Географија

уреди

Ломач се наоѓа среде т.н. Lommatzscher Pflege, област на земја која има висок квалитет на плодна почва и затоа главно се користи за земјоделство.

Градски единици

уреди

Албертиц, Алтломач, Алтзател, Арнтиц, Бармениц, Бирмениц, Хуршиц, Даубниц. Деншиц, Дершиц, Граусвиц, Иковиц, Јесен, Клапендорф, Крепта, Лаучен, Лебшиц, Ломач, Маршиц, Меген, Неканиц, Палтчен, Печвиц, Писковиц, Питшиц, Појтиц, Прозиц, Рауба, Ројч, Шерау, Швохау, Зиглиц, Штригниц, Троген, Вахтниц, Вајченхајн, Вуниц, Цетхајн и Чајлиц.

Историја

уреди

Името на градот е изведено од западнословенското племе Гломаче (Daleminzier на германски), кои околу 800 година се населиле тука, околу светилиштето Glomuci, сега суво езеро северно од градот. Ломач во грофовијата Мајсен било првпат споменато во декрет од 1286. На 12 август 1330, грофот од династијата Ветин Фридрих Први ги отстапил на грофот од Мајсен правата за наплаќање даноци од граѓаните на Ломач. Градоначалник и совет биле спомнати во 1386, општинскиот закон од 1412 одредил да има градоначалник и 9 советници. Во 1423, Ломач со грофовијата Мајсен било припоено кон Изборното кнежевство Саксонија под водство на Ветин.

Моменталната парохиска црква Свети Венчеслав била градена од 1504 па натаму, три готски куполи биле поставени на градбата, како и наосот, кој бил дополнително додаден. Градот станал протестантски во 1539, кога Амброзиј Науман станал првиот евангелистички свештеник. Градското собрание во нејзината денешна големина била градена од 1550 до 1555, црквата Свети Венчеслав ја добила првата саат-кула во 1591. Во 1607 и 1611 градот бил сериозно зафатен од епидемијата на чума, оставајќи 1.350 мртви, по што следела уништувачката Триесетгодишна војна: Ломач бил запален во 1632 и повторно во 1645, откако изборниот кнез ја сменил страната. И покрај тоа, Саксонија брзо се опоравила по војната. Под водство на Фридрих Август I, бил поставен милјоказ за поштенските патишта на главниот плоштад.

Датум Настани
1814 Црквата добила нови оргули.
1849 Излегол првиот весник предизвикан од револуцијата.
1854 Бил изграден суд.
1857 Бил основан Gewerbeverein.
1859 Пуштање на главната училишна зграда.
1865 Основање на доброволната противпожарна бригада.
1873 Раздвојување на црквата и училиштето, па така сега постоеле две училишта.
1878 Била изградена гимназија.
1877 Била отворена железничката линија до Риза, а во 1880 до Носен.
1909 Била отворена железничката линија на тесен колосек до Мајсен, а во 1911 до Дебелн.
крај на ВСВ Фронтот стигнал во Ломач.
25. - 28 април 1945 Ломач бил освоен од советските војници.
29 април - 5 мај Ломач повторно бил освоен од Германците. 36 луѓе од месното население, кои биле прогласени странски шпиони, како и еден крадец (16-годишно момче), биле убиени пред црквата од СС. По падот на Берлин, СС го напуштила градот и повторно пристигнала Црвената армија.

Луѓе

уреди

Почесни граѓани

уреди

Наводи

уреди
  1. „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)