Вулкан во римската митологија е бог на оганот и на ковачкиот занает. Тој бил сопруг на најубавата римска божица - Венера (Афродита во старогрчката митологија). Во старогрчката митологија, неговиот пандан e Хефест. Вулкан бил син на Зевс (Јупитер) и Хера (Јунона), а бидејќи се родил грд, мајка му го фрлила од Олимп при што тој паднал на островот Лемнос и останал куц. Под Етна создал ковачница во која работел, заедно со киклопите, а според „Илијадата“ (18), неговата ковачница била на Олимп, каде му го исковал оружјето на Ахил.[1] Во „Одисејата“ (VIII, 270) Хомер кажува дека во една прилика, тој поставил невидлива мрежа над брачниот кревет и така ја фатил на дело својата жена која го изневерувала со богот Марс (Арес)[2] Со помош на секира Вулкан му ја расекол главата на Јупитер (Зевс) за да може да се роди Атина Палада.[3]

Вулканова ковачница, слика на Диего Веласкес од 1630 година, претставува момент во кој Аполон му соопштува на Вулкан, во присуство на неговите помошници, дека сопругата Венера го вара со богот на војната Марс.

Наводи

уреди
  1. „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 113.
  2. „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 133.
  3. „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 136.