Рибниц-Дамгартен
Рибниц-Дамгартен (германски: Ribnitz-Damgarten) — град во округот Западна Померанија-Риген, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на Рибницското Езеро (Ribnitzer See).
Рибниц-Дамгартен | |
Градското собрание | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Западна Померанија-Риген |
Месна заед. | Рибниц-Дамгартен |
Градоначалник | Луца Рупе (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 122,20 км2 |
Надм. височина | 5 м |
Население | 15.721 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 129 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | NVP |
Пошт. бр. | 18311 |
Повик. бр. | 03821 |
Портал | www.ribnitz-damgarten.de |
Местоположба на градот Рибниц-Дамгартен во рамките на округот Западна Померанија-Риген | |
Координати | 54°15′0″N 12°28′0″E / 54.25000° СГШ; 12.46667° ИГД |
Границата помеѓу историските области Мекленбург и Померанија поминува директно низ градот, па така источниот дел, Дамгартен, припаѓа на Померанија, а западниот дел, Рибниц, припаѓа на Мекленбург.
Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Географија
уредиГрадот се наоѓа помеѓу двата ханзеатски градови Росток и Штралзунд, на устието на реката Рекниц. Рибницското Езеро, во кое Рекниц се влева, е Залскиот Залив. Залскиот Залив се наоѓа на југозападниот крај на синџир на заливи кои водат до Балтичкото Море.
Местоположба на Рибниц-Дамгартен е на јужниот крај на полуостровот Фишланд, полуостров кој ги одделува синџирот на заливи од Балтичкото Море.
Историја
уредиИмето на градот потекнува од словенските населби Рибанис (риба) и Дамгор (дам што означува „дабово дрво“ и гора), сместени на спротивните страни на устието на реката Рекниц.
Порано, Рекниц била границата помеѓу Мекленбург и Померанија. На речниот премин бил изграден замок околу 1200 на мекленбуршката страна, кој бил претходник на Рибниц. Данските принцови на Риген одговориле со изградба на тврдина на спротивната страна што подоцна станала градот Дамгартен.
Рибниц како град е првпат забележан во 1233, документите посочуваат дека добил градски права пред 1257. Дамгартен добил такви права во 1258 од Јаромар II, војвода на Риген, како Дамехоре (Damechore).[2]
Во 1934, Валтер Бахман ја преместил својата фирма за поправање и производство на авиони од Росток во Рибниц. Фирмата била специјализирана во хидроавиони, за кои близината на отвореното море било неопходно. Walter-Bachmann-Flugzeugbau KG како што подоцна била наречена го претворила рибарскиот и фармерскиот град во седиште на воената индустрија. Приливот на работници за фабриката, помеѓу другите фактори, го зголемило населението на Рибниц од 4.772 во 1930 на 8.925 во 1942.[3]
Во исто време како што Бахман работел во Питниц, близу Дамгартен, се изградила и воздухопловна база. Како што фабриката на Бахман влијаела за Рибниц, така базата го зголемило населението во Дамгартен, кое двојно се зголемило од 1933 до 1939. Првично имало центар за обука за поморскиот персонал.[4] По Втората светска војна, оваа база станала една од главните на советскиот воздухопловни сили во Источна Германија.
На 5 јули 1950, поранешните градови Рибниц и Дамгартен биле споени. Иако обата градски совета претходно гласале против спојување, се претпоставува дека оваа одлука била направена со политички притисок.[5]
Килибарен град
уредиРибниц-Дамгартен самиот се нарекува „Килибарен град“ (Bernsteinstadt), поради неговата историја за производство на накит и други работи од килибар. Со прифаќањето на прекарот се вовело ново лого на новиот град, кое сега се користи во официјалната преписка. Може да се види на Градскиот весник (Stadtblatt), информативен весник издаван од Градскиот совет.[6]
Денес, килибарот е произведуван во т.н. Schaumanufaktur, каде што производството може да се види од посетителите. Накитот исто така може да се купи. Голем број на продавници продаваат килибар и ракотворби направени од килибар.
Во Рибниц се наоѓа германскиот Килибарен музеј, кој се наоѓа во поранешниот манастир на сиромашните дами.[7] Овој музеј поседува постојана поставка која го покажува потеклото и примената на килибарот. Современите уметнички дела направени од килибар се прикажани во посебен дел. Дел од музејот е посветен на историјата на градот.
Знаменитости
уредиВо Рибниц
уреди- Црква Св. Богородица (Marienkirche, 1233)
- Росточка порта (Rostocker Tor, 1290)
- Манастир на сиромашните дами (Klarissenkloster, 1323)
- Германски Килибарен музеј
Во Дамгартен
уреди- Црква Св. Бартоломеј (St. Bartholomäus)
- Фабрика на килибар (Bernstein-Schaumanufaktur)
-
Росточка порта и Црквата Св. Богородица
-
Плоштадот во Рибниц со црквата Св. Богородица и фонтана
-
Црква Св. Бартоломеј во Дамгартен
Меѓународни односи
уредиРибниц-Дамгартен е збратимен со:
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2022 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. 2023. (германски)
- ↑ Erichson, H.: Zur Geschichte der Städte Ribnitz und Damgarten von der Gründung im 13. Jahrhundert bis zum Zusammenschluß im Jahre 1950. Ribnitz-Damgarten 1997. pp. 19-26
- ↑ ibid.: pp. 230-232
- ↑ ibid.: pp. 235-236
- ↑ ibid.: pp. 262
- ↑ „Stadtblatt Bernsteinstadt Ribnitz-Damgarten Nr. 29“ (PDF). декември 2006. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-09-28. Посетено на 19 март 2007.
- ↑ Ulpts, Ingo: Die Bettelorden in Mecklenburg. Ein Beitrag zur Geschichte der Franziskaner, Klarissen, Dominikaner und Augustiner-Eremiten im Mittelalter. Werl 1995 (Saxonia Franciscana 6).
Надворешни врски
уреди„Рибниц-Дамгартен“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
- Килибарен музеј (германски)