Гулдово означување
Гулдово означување — начин на бележење на ѕвездите осмислен од американскиот астроном Бенџамин Апторп Гулд (1824-1896), сличен на Флемстидовиот по начинот на кој ѕвездите во едно соѕвездие добиваат растечки бројки со зголемувањето на ректасцензијата. Секоја ѕвезда има свој број (почнувајќи од 1), проследен од „G.“ (или понекогаш „G“ без празно место), а потоа генитивниот облик од латинското име на соѕвездието во кое се наоѓа. На македонски ова се изоставува, и се просто се користи македонското име на соѕвездието, според општоприфатените правила.
Ознаките се доделени според положбите на ѕвездите во епохата 1875.0 и со време претрпело извесни измени поради прецесијата на рамнодениците.[1] Due to the star's сопствено движење (cpm.), некои ѕвезди денес може да се јават вон редоследот.
Гулдовите ознаки за првпат се јавиле во Гулдовиот каталог Уранометрија Аргентина[2][3] од 1879 г. [4] Многу од овие ознаки се исрлени од употреба, иако за многу релативно сјајни јужни ѕвезди (кои лежат премногу јужно за да имаат Флемстидови ознаки), Гулдовите броеви и понатаму се единствените едноставни ознаки кои можат да се користат без повикување на гломазните каталошки броеви.
Список на соѕвездија со Гулдови ознаки на ѕвездите
уредиГулдовиот каталог содржи 66 соѕвездија (некои од нив делумно или целосно опфтени во Флемстидовиот):
33 соѕвездија чии ѕвезди имаат и Флемстидови и Гулдови ознаки
уреди33 соѕвездија чии ѕвезди имаат само Гулдови ознаки
уреди† 30 Златна Рипка и 47 Тукан се Бодеови броеви, а не Гулдови ознаки.
Ѕвезди познати главно според Гулдовите ознаки
уредиМногу од овие ѕвезди стојат во накрсниот индекс на Костјук,[5] каде нивните Гулдови броеви се укажани наместо Флемстидовите. Овие ознаки се преземени од индексот во други пописи како SIMBAD. Доста од нив важат за блиски ѕвезди.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Astronomical Epoch“. Архивирано од изворникот на 2011-07-24. Посетено на 2010-07-16.
- ↑ „URANOMETRIA ARGENTINA“. Архивирано од изворникот на 2012-02-27. Посетено на 2012-05-08.
- ↑ Gould, Benjamin Apthorp (1879). „Uranometria Argentina catalog of bright southern stars“. Resultados del Observatorio Nacional Argentino en Cordoba. Buenos Aires. Bibcode:1879RNAO....1.....G. Посетено на 2012-05-08.
- ↑ Chisholm, Hugh, уред. (1911). . Encyclopædia Britannica. 12 (11. изд.). Cambridge University Press.
- ↑ Kostjuk, N.D. HD-DM-GC-HR-HIP-Bayer-Flamsteed Cross Index, 2002