Струмичко-скопска епархија (католичка)

гркокатоличка епархија во Македонија
Дел од темата
Христијанството
во Македонија

Христијански крст

Историја
Мисијата на Апостол Павле
Христијанизација
Свети Кирил · Свети Методиј
Свети Климент · Свети Наум
Самоилово царство
Отоманска империја
Странски пропаганди

Православие
Охридска архиепископија
МПЦ-ОА

Католицизам
Апостолски егзархат
Скопска бискупија
Римокатоличко влијание
Лазаристи

Протестантство
Протестантска пропаганда
Евангелско-методистичка црква
Баптистичка Црква

Струмичко-скопска епархија (офиц. епархија „Успение на Пресвета Богородица во Струмица – Скопје“, латински: Eparchia Beatae Mariae Virginis in Caelum Assumptae Strummnitzensis-Scopiensis) — единствена епархија на Католичка црква од источен или византиски обред или Унијатската црква во Македонија. Оваа византиска sui iuris црква во рамките на унијата на римокатоличката и источните (православни) цркви, која го користи македонскиот јазик во литургијата.

Историја уреди

Црквата била основана во 1918 година кога било создадено Кралството Југославија,[се бара извор] и кога помал број од Македонците се преобратиле во католицизмот во познатата Кукушка Унија. Егзархатот бил укинат во 1924 година. Во 2001 година откако Југославија била растурена, Светата Столица повторно го воспоставила Апостолскиот Егзархат во Македонија. Иако бројот на верници од латинскиот обред на римокатоличката црква е сѐ уште мал - повеќето се Албанци и припадници на другите народи од поранешните југословенски републики, Светата Столица ги поставувала римокатоличките бискупи на Скопје како поглавари на Апостолскиот Егзархат на Македонија. Денес, македонската гркокатоличка црква има околу 11.000 верници.

На 31 мај 2018 г. папата Франциск ја издигнал егзархијата во епархија под непосредна управа на Светата столица и епископот Киро ја добил титулата Струмичко-скопски епарх.[1]

Бискупи уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Папата Фрањо го воздигна Апостолскиот егзархат во Македонија во Епархија“. Католици. 1 јуни 2018. Посетено на 7 април 2019.
  2. 2,0 2,1 „Apostolic Exarchate of Macedonia (Macedonian)“ (англиски). Посетено на 2011-10-03.