Граници на Полска
Границите на Полска имаат вкупна должина од 3.511[1] или 3.582 км, зависно од сметањето.[2] Земјата се граничи со Германија на запад, Чешка и Словачка на југ, Украина и Белорусија на исток и Литванија и руската ексклава Калининградска Област на североисток. На север излегува на Балтичкото Море.
Ова се поединечните државни граници со нивната должина, дадени по надолен редослед.[1]
- со Чешка: 796 км
- со Словачка: 541 км
- со Украина: 535 км
- со Германија: 467 км
- со Белорусија: 418 км
- со Русија (Калининградска Област): 210 км
- со Литванија: 104 км
- морска (Балтичко Море): 440 км
Бреговата линија на Полска е долга 770 км.[1]
Историја
уредиДенешните граници на Полска се определени по Втората светска војна и основањето на Народна Република Полска. Договорени се од големите сили на Кримската конференција во Јалта на 11 февруари 1945 г. и со Потсдамскиот договор од 2 август истата година. Ова било грубо повлекување на границите, а точното разграничување било оставено на Полска и нејзините соседи.
Поважни гранични премини
уредиПо стапувањето на Полска во ЕУ во 2004 г. граничните премини со другите членки на унијата станале излишни. Инфраструктурата не е отстранета, но нивната употреба е недозволена според Шенгенскиот договор.[3]
Поранешни
уредисо Германија
со Чешка
со Словачка
со Литванија
Во минатото Полска имала граници и гранични премини со поранешни земји, или со земји кои повеќе не се граничат со неа:
- поранешни: Чехословачка, СССР, Источна Германија
- денес негранични: Романија, Унгарија, Латвија
Денешни
уредисо Украина
со Белорусија
со Русија
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „WARUNKI NATURALNE I OCHRONA ŚRODOWISKA (ENVIRONMENT AND ENVIRONMENTAL PROTECTION)“. MAŁY ROCZNIK STATYSTYCZNY POLSKI 2013 (CONCISE STATISTICAL YEARBOOK OF POLAND 2013). GŁÓWNY URZĄD STATYSTYCZNY. 2013. стр. 26. ISSN 1640-3630.
- ↑ Informacje o Polsce - informacje ogólne Архивирано на 25 јуни 2009. (archive.org Архивирано на 25 јуни 2009 г.).
- ↑ Ustawa z dnia 29 czerwca 2007 r. o zmianie ustawy o ochronie granicy państwowej oraz ustawy o zmianie ustawy o Straży Granicznej oraz niektórych innych ustaw. Dziennik Ustaw, 2007, numer 140. pozycja 982
Надворешни врски
уреди- Граници на Полска на Ризницата ?