Крајни точки на Полска
список на статии на Викимедија
Ова е список на крајните точки на Полска, односно месностите кои лежат најисточно, најзападно, најсеверно и најјужно, како и над под секоја друга точка во земјата.
Просторни крајности
уреди- Најсеверна точка: 54°50′N 18°04′E / 54.833° СГШ; 18.067° ИГД
- плажата во Јастшембја Гура во општината Владиславово, Поморско Војводство, обележана со обелискот „Северна ѕвезда“ на ’ртот Розевје на балтичкиот брег
- Најјужна точка: 49°00′09″N 22°50′50″E / 49.00238° СГШ; 22.84710° ИГД
- сртот Волосате кај планината Ополонек во Источните Бескиди, Поткарпатско Војводство
- Најисточна точка: 50°52′07″N 24°08′45″E / 50.86852° СГШ; 24.14585° ИГД
- реката Буг, кај Зошин, Лублинско Војводство
- Најзападна точка: 52°50′18″N 14°07′23″E / 52.83827° СГШ; 14.12298° ИГД
- реката Одра, кај селото Ошинув Долни, Западнопоморско Војводство
Висински крајности
уреди- Највисока точка:
- планината Риси во венецот Високите Татри, Малополско Војводство (2.499 м). Сепак, највисокиот врв од масивот (2.503 м) е во Словачка.
- Најниска точка:
- селото Рачки Елблонске во Висланскиот Залив, Поморско Војводство (-1,8 м)
Средиште
уредиСелото Пјонтек во Лоѓското Војводство се смета за геометриско средиште на Полска, што е различно од географското средиште.