Градиште (Пештани)
„Градиште“
| |
Крепоста Градиште (на ридот), со Музејот на вода кај езерото | |
Местоположба | 40°59′48″N 20°47′52″E / 40.99667° СГШ; 20.79778° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Пештани |
Општина | Охрид |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Градиште — археолошко наоѓалиште во охридското село Пештани. Претставува каструм (утврден логор) од римско време.
Се наоѓа на мал полуостров на Охридското Езеро, на 2,5 км југозападно од селото. Денес тука делумно е распослан современиот автокамп „Градиште“, а во непосредна близина под возвишението е реконструираната наколна населба Залив на Коските.
По површината на зарамнетото плато од најнискиот врв, особено на југоисточната страна, се забележуваат основите на темели од одбранбениот бедем, граден од кршен камен и варов малтер, кои денес се реконструирани, вкучувајќи ја влезната порта.
Ширината на ѕидовите изнесува 1,80 м. Во внатрешноста на тврдината се гледаат остатоци од кули и помали градби, фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.[1]
Поврзано
уреди- Залив на Коските — наколна населба од бронзеното и раножелезното време
- Старо Село — средновековна населба
- Црквиште — средновековна црква
- Џамиште — средновековна црква
Наводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 274. ISBN 9989-649-28-6.