Горна Панонија, (на латински Pannonia Superior), била провинција на Римската Империја. Главниот град бил Карнунтум. Таа била едно од пограничните провинции на Дунав. Создадена била во 103 година н.е. од страна на царот Трајан кој ја поделил поранешната провинција Панонија на два дела: Горна Панонија (Супериор) и Долна Панонија (Инфериор). Провинцијата вклучувала делови од денешните држави Австрија, Хрватска, Унгарија, Словачка и Словенија.

Provincia Pannonia Superior
Провинција на Римската Империја

103–3 век
 

Местоположба на Горна Панонија
Местоположба на Горна Панонија
Провинцијата Горна Панонија во рамките на Римската Империја, ок. 125 н.е.
Главен град Карнумтум
Историја
 -  Основана 103
 -  Укината 3 век

Историја

уреди

Како управник на провинцијата, Септимиј Север тргнал кон римскиот царски престол во април 193 година од н.е.

Во 308 година, царот Диоклецијан претседавал на историската средба со неговите со-императори Максимијан и Галериј во Карнунтум, за да ги реши растечките тензии во тетрархијата. Диоклецијан и Максимијан биле присутни на 11 ноември 308 година, за да го видат Галериј да го назначи Ликиниј да биде август на местото на Валериј Север, кој умрел во рацете на Максенциј. Галериј наредил Максимијан, кој се обидел да се врати на власт по неговото пензионирање, да се повлече трајно. Во Карнтунум луѓето го молеле Диоклецијан да се врати на престолот, да ги реши конфликтите што се појавиле со кревањето на власта на Константин Велики и узурпацијата на Максенциј.[1] Одговорот на Диоклецијан: „Ако можете да ја покажете зелката што ја посадив со свои раце на вашиот император, тој дефинитивно не би се осмелил да предложи да го заменам мирот и среќата на ова место со невремето на никогаш задоволна алчност“.[2]

Градови

уреди

Некои од поважните градови во Горна Панонија биле:

Подоцна употреба

уреди

Северниот дел од франкската Марка Панонија од 8 век била наречена Горна Панонија. Името може да се најде дури и подоцна во слично, но пошироко, значење. На пр. Ото фон Фризин (Chron. 6, 15) го користи за да се однесува на Австрија (т.е. вистинска Австрија) во 12 век.

Список на римски управници

уреди
  • Публиј Метилиј Непос 106-107/8[3]
  • Лукиј Миникиј Наталис 113/114-117/118
  • Лукиј Корнелиј Латинијан ок. 126[4]
  • Корнелиј Прокулс 130/131-133/134
  • Лукиј Аелиј Каесар 136-137
  • Тит Хатериј Непос 137-ок. 141[5]
  • Марк Понтиј Лаелијан Ларкиј Сабин ок. 145-ок. 150
  • Клавдиј Максим ок. 150-ок. 155
  • Марк Нониј Макрин ок. 159-ок. 162
  • Лукиј Дасумиј Тулиј Туск ок. 162-ок. 166
  • Марк Јал Бас Фабиј Валеријан ок. 166-ок. 169
  • Гај Јулиј Комод Орфицијан ок. 169-ок. 172
  • Секст Kвинтилиј Максим ок. 175-ок. 179
  • Септимиј Север ок. 191

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Barnes, Constantine and Eusebius, 31–32; Lenski, 65; Odahl, 90.
  2. Aurelius Victor, Epitome de Caesaribus 39.6.
  3. Unless otherwise noted, governors from 103 to 137 are taken from Werner Eck, "Jahres- und Provinzialfasten der senatorischen Statthalter von 69/70 bis 138/139", Chiron, 12 (1982), стр. 281-362; 13 (1983), стр. 147-237
  4. Margaret Roxan and Paul Holder, Roman Military Diplomas IV, published as Bulletin of the Institute of Classical Studies. Supplement, Бр. 82 (2003), стр. 463f
  5. Unless otherwise noted, governors from 137 to 179 are taken from Géza Alföldy, Konsulat und Senatorenstand unter der Antoninen (Bonn: Rudolf Habelt Verlag, 1977), стр. 235-238

Извори

уреди

Надворешни врски

уреди