Дарувар
Дарувар — град во Хрватска кој се наоѓа во Бјеловарско-билогорската жупанија. Оддалечен е 125 км од главниот град Загреб и околу 130 км од Осиек. Сместен е во западниот дел на Славонија, во влажниот предел под планината Папук, во Поиловската висорамнина на плодните наноси од плеистоцен. Според резултатите од пописот спроведен во 2011 година во градот заедно со приградските населби живееле 11.633 жители, а во самиот град живееле 8.567 жители.[1]
Дарувар | |
---|---|
Град Дарувар | |
Дарувар | |
Координати: 45°35′34″N 17°13′25″E / 45.592895° СГШ; 17.223685° ИГД | |
Држава | Хрватска |
Жупанија | Бјеловарско-билогорска |
Површина | |
• Вкупна | 64 км2 (25 ми2) |
Население (2011) | |
• Вкупно | 11,633 |
Час. појас | СЕВ (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Градски населби
уредиГрадот Дарувар се состои од 9 населби: Дарувар, Даруварски Виногради, Долјани, Долен Дарувар, Горен Дарувар, Липовац Мајур, Људевит, Марковац и Врбовац.
Управа
уредиДарувар има статус единица на локална самоуправа - еден од 127. градови.[2]
Телата на градот Дарувар се:
- Градско собрание
- Градоначалник
Познати личности
уреди- Милан Павиќ, хрватски фотограф
- Давид Франкфуртер (1909 - 1982), познат по успешниот атентат во 1936 врз познатиот нацист Вилхелм Густлоф
- Миливој Ашнер (1913 - 2011), поранешен командант на полицијата во Независна држава Хрватска, обвинет за убиство на стотина Срби, Роми и Евреи
- Јосип Салач, помошен викар на Загреб
- Вилим Франчиќ, хрватски лингвист
- Камило Фирингер, хрватски културен работник [3]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението на Хрватска во 2011 година“. Државен завод за статистика на Република Хрватска. Архивирано од изворникот на 2013-11-15. Посетено на 27 април 2013.
- ↑ http://narodne-novine.nn.hr/clanci/sluzbeni/127788.html Закон за жупаниите, градовите и општините во Република Хрватска (Narodne novine 86/2006.)
- ↑ Владимир Лончаревиќ: Katolički oblikovatelji kulture. Камило Фирингер, водач на католичката политичка школа Архивирано на 3 септември 2014 г., Glas Koncila (македонски: Глас на Советот), 16 октомври 2011, стр. 21