Ири е единаесеттото најголемо езеро на Земјата и четвртото најголемо по површина во рамките на Големите езера, од кои и е дел. Тоа е и најтрсковитото и најмало по волумен езеро од сите Големи езера.[1] Се граничи на север со канадската провинција Онтарио, на југ со Охајо, Пенсилванија и Њујорк, а на запад со Мичиген. Езерото е именувано по племето Ири[2] кое живеело на неговиот јужен брег пред европскиот контакт. Долго е 388 km со максимална широчина 92 km и површина од 22.666 km2.[1]

Езерото Ири, снимка од јужниот брег.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Physical Features of the Great Lakes“. U.S. Environmental Protection Agency (www.epa.gov) (англиски). 2015-09-16. Посетено на 2022-01-31.
  2. Room, A. (2006). Placenames of the World: Origins And Meanings of the Names for 6,600 Countries, Cities, Territories, Natural Features And Historic Sites. McFarland. стр. 150. ISBN 978-0-7864-2248-7.