Голејца

село во Голо Брдо, Албанија
(Пренасочено од Голеишта)

Голејца (Голеишта или Голевишта; албански: Golovisht) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија.

Трбач
Golovisht
село
Трбач is located in Албанија
Трбач
Трбач
Координати: 41°29′28″N 20°27′56″E / 41.49111° СГШ; 20.46556° ИГД / 41.49111; 20.46556Координати: 41°29′28″N 20°27′56″E / 41.49111° СГШ; 20.46556° ИГД / 41.49111; 20.46556
Земја Албанија
ОбластДебар
ОпштинаБулчица
Општ. един.Острени
Надм. вис.&10000000000000635000000635 м
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.BZ

Географија уреди

Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо, na 800-900 м југозападно од границата со Македонија, каде се наоѓа големиот свиок на Црн Дрим (по самата граница) и селата Трнаниќ и Бомово, Општина Дебар. На исток е селото Трбач, а на северозапад е Вичишта.

Историја уреди

Селото е споменато во Слепченскиот поменик и во поменикот на Mанастирот Матка во XVII век како Голевишта.

Во XIX век Голевишта било македонско село во Дебарската Каза кое било во тек на албанизација, односно истиснување на македонското население. Во поменикот на Бигорскиот манастир се зачувани низа македонски имиња од Голејца како Огнен, Дроздо, Сорбин, Рајан, Стојко и други. Според Афанасиј Селишчев во 1870-тите и 1880-те селото сè уште било македонско.[1][2] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Голеишта (Goléichta) е село со 4 домаќинства сочинети од 8 жители Македонци-христијани и 5 жители Албанци-муслимани.[1][3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век селото веќе било наполно албанско, заведувајќи 65 Арнати-муслимани.[4]

Селата Вичишта, Голевишта и Писанки на почетокот на XIX век биле македонски, пред 30 години биле напола македонски, а сега се населени од Арнаути. Само во Писанки се останати уште 3 македонски куќи. Арнаутите доаѓаат од Горица и од други посеверни места.[1][5]

Весникот „Дебарски глас“ во 1909 г. напишал:

Голеишта било чисто македонско село од 60 куќи, на истиот начин [како с. Вичишта] запоседнато од Шем Цам од Дебар. Последниот селанец, кој не сакал така лесно да се прости со својот имот бил Коста Поповски. Но кога му го убиле синот, а него го раниле, тој избегал и се преселил во Дебар. Од другите селани, едни се преселени во Солун, а други во Дебар.[1][6]

По Првата балканска војна во 1912 г. селото влегло во состав на Албанија.

Иселеништво уреди

Според истражувањата на Бранислав Русиќ објавени во 1954 г. во Баниште, Дебарско живеел родот Голеиштани (1 куќа) доселен од Голејца во 1885 г.[7]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  2. Селищев, Афанасий. „Славянское население в Албании“, Издание Македонского Научного Института, София, 1931, стр. 11.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 172-173.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 262. ISBN 954430424X.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 90–91. ISBN 954430424X.
  6. Дебърски глас, година 1, брой 2, 12 април 1909, стр. 2.
  7. Русиќ, Бранислав. Поље Дебарско.

Надворешни врски уреди