Глеисон Бремер
Глеисон Бремер Силва Насименто (роден на 18 март 1997 година, во Итапитанга) — бразилски фудбалер, играч од одбраната на Јувентус и на бразилската репрезентација.
Глеисон Бремер | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 18 март 1997 | ||
Роден во | Итапитанга, Бразил | ||
Држава | Бразил | ||
Висина | м | 1,88||
Позиција | одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Јувентус | ||
Број | 3 | ||
Младинска кариера | |||
Деспортиво Бразил | |||
→ Саун Пауло | |||
Атлетико Минеиро | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2017-2018 | Атлетико Минеиро | 23 | (1) |
2018-2022 | Торино | 98 | (11) |
2022- | Јувентус | 48 | (5) |
Репрезентација | |||
2022- | Бразил | 3 | (0) |
Биографија
уредиИмето Бремер го избрал неговиот татко во чест на германскиот фудбалер Андреас Бреме.[1]
Технички карактeристики
уредиФизички силен централен дефанзивец многу вешт во играта во воздухот, со добро чувство за позиција.[2][3] Покрај тоа го краси голема флексибилност, сигурност и брзина.
Во едно интервју самиот Бремер изјавил дека е инспириран од својот сонародник, бразилскиот дефанзивец, Лусио.[4]
Клупска кариера
уредиПочетоци
уредиПораснал во младинските сектори на Деспортиво Бразил и Саун Пауло,[5] а во март 2017 година, тој бил купен од Атлетико Минеиро за R$ 380,000.[6] На 26 јуни истата година, тој го направил своето деби за првиот тим во победата со 1-0 против Шапекоенсе, заменувајќи го повредениот Родригао.[5] На 11 јули 2017, го продолжил својот договор со клубот до 2021 година.[7]
Откако првенството 2017 го завршил со 12 настапи без постигнат гол, следната сезона Бремер бил стандарден првотимец во екипата на Атлетико Минеиро играјќи во 11 од првите 12 првенствени натпревари на клубот, пред да го напушти истиот во јули 2018. Својот прв и единствен гол за Минерио го постигнал на 13 мај 2018 година, во победата со 2-1 на гостувањето против Атлетико Паранаенсе.[8]
Торино
уредиНа 10 јули 2018 година, тој бил купен за околу 5 милиони евра од Торино, со кого потпишал петгодишен договор.[9] Дебитирал за граната на 12 август, за време на натпреварот од третото коло на Купот на Италија против Козенца.[10] Своето деби во Серија А, го направил на 19 август во натпреварот од првото коло, во кој неговиот клуб бил минимално поразен од Рома (0-1).[11] На 3 мај 2019, го одиграл своето прво градско дерби против Јувентус, кое завршило со резултат 1-1.[12][13] Сезоната 2018-2019, ја завршил со само седум настапи севкупно во Серија А (5) и Купот на Италија (2), во која главно е користен како резерва за Кофи Џиџи и Емилијано Морети.[14]
Откако последниот од гореспоменатите се пензионирал, тој ја добил улогата на првотимец од тренерот Валтер Мацари на почетокот на следната сезона.[15][16] На 25 јули 2019 година, тој го направил своето деби во клупските натпреварувања на УЕФА играјќи во првото квалификациско коло од Лига Европа против Дебрецин.[17][18] Во второто прелиминарно коло од истото натпреварување, тој бил антагонист за својот тим, постигнувајќи автогол во натпреварот против Вулверхемптон, кој Торино го загубил на домашен терен со резултат 2-3.[19] По продажбата на Кевин Бонифаци, тој пронашол уште поголем континуитет во својте настапи и на 30 ноември 2019, го постигнува својот прв гол за Торино - решавачки - во победата со 1-0 на гостувањето против Џенова во Серија А.[20] На 28 јануари 2020, Бремер постигнал два гола во натпреварот од Купот на Италија против Милан во кој неговата екипа била поразена со 4-2 по продолженија.[21] Кога првенството продолжило после паузата предизвикана од Пандемијата на КОВИД-19, тој ги одиграл сите натпревари како стартер, постигнувајќи голови во соочувањата против Каљари и Џенова.[22][23] Сезоната 2019-2020 ја завршува со вкупно 35 настапи и 5 голови.
Во сезоната 2020-2021, развитокот на Бремер во се подобар играч продолжува, откако дефанзивецот одиграл 33 првенствени натпревари - сите започнувајќи ги од првата минута - и постигнал рекордни за него во едно првенство 5 гола. Посебно важен бил голот кој го постигнал во 23-тото коло од првенството, со кој му донел победа на својот тим на гостувањето кај Каљари (0-1), нивниот конкурент во борбата за опстанок. Откако му помогнал на Торино да остане во Серија А во текот на претходната сезона, Бремер еволуирал во еден од најдобрите стопери во лигата под водството на новиот тренер на граната, Иван Јуриќ. Во сезоната 2021-2022, во текот на која неретко ја носел и капитенската лента на тимот кога Андреја Белоти и Криситијан Ансалди не биле во игра, бразилецот бил апсолутен командант во одбраната на Торино играјќи 33 првенствени натпревари и постигнувајќи 3 гола. На 2 февруари 2022 година, тој го обновил договорот со клубот до 2024 година.[24] Конечно настапите понудени во текот на сезоната 2021-2022, му ја донеле наградата за Најдобар одбранбен играч за сезоната во Серија А.[25]
Јувентус
уредиНа 20 јули 2022 година, тој бил купен од Јувентус за сума од 41 милион евра.[26][27][28] Дебитирал во црно-белиот дрес на 15 август, за време на победата на домашен терен против Сасуоло (3-0) во рамките на првото коло од првенството.[29] Своето деби во Лигата на шампионите го направил на 6 септември, во поразот со 2-1 од Париз Сен Жермен;[30] на 11-ти истиот месец го постигнал својот прв гол за Јувентус, преполовувајќи ја негативата во ремито 2-2 на домашен терен против Салернитана.[31] На 2 февруари 2023 година, правејќи го своето деби во Купот Италија со бјанконерите, тој го постигнал решавачкиот гол за победата со 1-0 над Лацио и пласман во четвртфиналето.[32] На 28-ми истиот месец, тој постигнал гол во градското дерби против неговиот поранешен тим, носејќи му пресврт на Јувентус и водство од 3-2 во натпреварот кој завршил со конечен резултат 4-2 за бјанконерите.[33]
На 27 декември 2023, Бремер го продолжил својот договор со Јувентус до 2028 година.[34]
Репрезентативна кариера
уредиНа 9 септември 2022, тој го добил својот прв повик во бразилската сениорска репрезентација, од селекторот Тите, во поглед на последните подготвителни пријателски натпревари за Светското првенство 2022.[35] Тој го добил своето зелено светло да дебитира за караоките на 23-ти истиот месец, влегувајќи како замена за Тијаго Силва на полувремето во победата од 3-0 против Гана.[36]
Во ноември 2022, тој бил вклучен во финалниот список на играчи на бразилскиот тим за Светското првенство во Катар.[37] Своето мундијалско деби, тој го направил на 2 декември 2022, во поразот со 1-0 од Камерун во последниот натпревар од групната фаза, кој за бразилците немал големо значење бидејќи тие веќе претходно обезбедиле пласман во следната фаза.[38]
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиХронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Бразил | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
23-9-2022 | Ле Авр | Бразил | 3 – 0 | Гана | Пријателска | - | 46' | |
2-12-2022 | Лусаил | Камерун | 1 – 0 | Бразил | СП 2022 - Прва фаза | - | ||
5-12-2022 | Доха | Бразил | 4 – 1 | Јужна Кореја | СП 2022 - Осминафинале | - | 72' | |
Вкупно | Настапи | 3 | Голови | 0 |
Статистика
уредиКлупска статистика
уредиСтатистиката е ажурирана на 20 јули 2022.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2017 | Атлетико Минеиро | А | 12 | 0 | КБ | 1 | 0 | КЛ | 1 | 0 | - | - | - | 14 | 0 |
2018 | А+КМ | 11+2 | 1 | КБ | 3 | 0 | КС | 2 | 0 | - | - | - | 18 | 1 | |
Вкупно Атлетико Минеиро | 23+2 | 1 | 4 | 0 | 3 | 0 | - | - | 32 | 1 | |||||
2018-2019 | Торино | А | 5 | 0 | КИ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 7 | 0 |
2019-2020 | А | 27 | 3 | КИ | 2 | 2 | ЛЕ | 6 | 0 | - | - | - | 35 | 5 | |
2020-2021 | А | 33 | 5 | КИ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 35 | 5 | |
2021-2022 | А | 33 | 3 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 33 | 3 | |
Вкупно Торино | 98 | 11 | 6 | 2 | 6 | 0 | - | - | 110 | 13 | |||||
2022-2023 | Јувентус | А | 30 | 4 | КИ | 3 | 1 | ЛШ+ЛЕ | 3+7 | 0 | - | - | - | 43 | 5 |
2023-2024 | А | 35 | 3 | КИ | 3 | 0 | - | - | - | - | - | - | 38 | 3 | |
Вкупно Јувентус | 65 | 7 | 6 | 1 | 10 | 0 | - | - | 81 | 8 | |||||
Вкупно во кариерата | 188 | 19 | 16 | 3 | 19 | 0 | - | - | 223 | 22 |
Титули
уредиКлупски
уредиАтлетико Минеиро
уреди- 2017
Јувентус
уреди- Куп на Италија : 1
Индивидуални
уреди- Најдобар одбранбен играч : 2021-2022[39]
Наводи
уреди- ↑ Stefano Bertocchi (8 март 2022). „Bremer si racconta: "Mi chiamo così in onore a Brehme. Lucio il mio idolo"“ (италијански). Посетено на 14 март 2022.
- ↑ „FORZA FISICA E SENSO DELLA POSIZIONE: BREMER, UNA ROCCIA VERDEORO PER IL TORO“.
- ↑ Fabrizio Turco (20 август 2019). „Toro, la febbre per il "Wolver" Curve esaurite con 1500 tifosi ospiti“. la Repubblica. Посетено на 18 мај 2021.
- ↑ „Cuore Bremer: "Futuro? Vorrei aprire una scuola calcio per bambini"“.
- ↑ 5,0 5,1 „Bremer, da Itapitanga all'esordio contro la Chape: chi è il nuovo acquisto del Toro“.
- ↑ „São Paulo quis poupar R$ 280 mil, Inter chegou tarde: como revelação da zaga veio para o Atlético“ [São Paulo wanted to spare R$ 280,000, Inter arrived late: how the defensive prospect arrived at Atlético] (португалски). Hoje em Dia. 7 July 2017. Посетено на 5 September 2017.
- ↑ „Atlético renova o contrato do jovem zagueiro Bremer até dezembro de 2021“ [Atlético renew contract of young stopper Bremer until December 2021] (португалски). Superesportes. 11 July 2017. Посетено на 5 September 2017.
- ↑ „Paranaense-Mineiro“.
- ↑ „Bremer al Toro“. Архивирано од изворникот на 10 јули 2018. Посетено на 10 јули 2018.
- ↑ „Torino FC- Cosenza 4-0“. Архивирано од изворникот на 22 мај 2019.
- ↑ „Serie A Torino-Roma 0-1, il tabellino“. corrieredellosport.it (италијански). Посетено на 2022-05-29.
- ↑ la Repubblica (италијански). 2019-05-03 https://www.repubblica.it/sport/calcio/serie-a/2019/05/03/news/juventus-torino_1-1_regalo_bianconero_a_lukic_poi_cr7_rimedia-225424765/. Посетено на 2022-05-29. Занемарен непознатиот параметар
|titolo=
(се препорачува|title=
) (help); Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ Davide Andreetto (2019-05-03). „Juve-Toro, Bremer ce l'aveva fatta: poi l'ineluttabile...Cristiano Ronaldo“. Calcio News 24 (италијански). Посетено на 2019-12-15.
- ↑ „Calciomercato Torino: Bremer, cessione in stand by. Si aspettano Izzo e Moretti“. Toro.it (италијански). 2019-01-06. Посетено на 2022-05-29.
- ↑ „Bremer: 'Al Torino grazie a Petrachi. Mazzarri mi ha aiutato tanto. Ora sono pronto per affrontare i top europei'“. Calciomercato.com | Tutte le news sul calcio in tempo reale (италијански). Посетено на 2022-05-29.
- ↑ „Mazzarri: "Sono legato al Torino. Bremer? L'ho fatto crescere io"“. Toro.it (италијански). 2021-12-05. Посетено на 2022-05-29.
- ↑ „Toro, ad Alessandria è grande Bremer. Ora insidia Djidji e Lyanco“. 2019-07-26. Посетено на 2019-08-03.
- ↑ „Bremer cerca spazio da titolare: "Voglio sfruttare al meglio questa chance"“. Посетено на 2019-12-15.
- ↑ „Corriere dello Sport - Livescore Calcio - Il Tabellino“. Посетено на 2019-08-23.[мртва врска]
- ↑ „Il Toro ci mette la testa: piegato il Genoa con un'incornata di Bremer“. Посетено на 2019-11-30.
- ↑ „Milan-Torino 4-2 dts: due gol di Calhanoglu e Ibra, Pioli in semifinale di Coppa Italia“. Посетено на 2020-01-28.
- ↑ „Le pagelle di Cagliari-Torino 4-2: Nainggolan ovunque, Simeone spietato. Ingenuo Nkoulou“. 2020-06-27. Посетено на 2021-05-18.
- ↑ „Il Torino vede la salvezza: 3-0 contro il Genoa“. Посетено на 2021-05-18.
- ↑ Sky Sport. „Un rinnovo importante in chiave mercato“. sport.sky.it (италијански). Посетено на 2022-05-29.
- ↑ „Torino: Bremer premiato come miglior difensore di Serie A- Video Gazzetta.it“. La Gazzetta dello Sport (италијански). Посетено на 2022-05-20.
- ↑ „Gleison Bremer è un giocatore bianconero“. 20 јули 2022. Посетено на 20 јули 2022.
- ↑ „bremer alla juve visite mediche e firma sul contratto prima dell'ufficialità“. 20 јули 2022. Посетено на 20 јули 2022.
- ↑ „Grazie Gleison“. 20 јули 2022. Посетено на 20 јули 2022.
- ↑ „Che Juve, 3-0 al Sassuolo all'esordio!“. 15 август 2022.
- ↑ „La Partita | PSG-Juve“. 6 септември 2022.
- ↑ „La partita | Juve-Salernitana“. 11 септември 2022.
- ↑ „Juventus - Lazio | La sintesi“. 2023-02-02.
- ↑ „Juventus-Torino | La Sintesi“. 2023-02-28.
- ↑ „Бразилецот Бремер го продолжи договорот со Јувентус“. ekipa. 26 декември 2023. Посетено на 31 декември 2023.
- ↑ „Tite convoca a Seleção Brasileira para amistosos contra Gana e Tunísia“ (португалски). 2022-09-09.
- ↑ „Com dois gols de Richarlison, Brasil vence Gana em amistoso na França“ (португалски). 2022-09-23.
- ↑ „Seleção Brasileira está convocada para a Copa do Mundo FIFA Qatar 2022“ (португалски). 2022-11-07.
- ↑ Stefano Silvestri (2022-12-02). „Mondiali - Camerun-Brasile 1-0: Aboubakar al 92', Seleção comunque prima e africani eliminati“.
- ↑ „Gli MVP della Serie A TIM 2021/2022“. 20 мај 2022.