Хризостомос Хрисомалидис

Хрисостомос Хрисомалидис, познат како Пападракос (грчки: Χρυσόστομος Χρυσομαλλίδης, Παπαδράκος) бил грчки свештеник, член на Елиномакедонскиот комитет, деец на грчката вооружена пропаганда и учесник во Борбата за Македонија.

Пападракос
Роден 1872
Ираклија, Османска империја
Починал ?
 ?

Животопис

уреди

Хрисостомос Хрисомалидис е роден 1872 година во гратчето Ираклија, Источна Тракија, тогаш во Османлиското Царство. Учел при грчкото училиште во Зарифи в Пловдив, а подоцна станал ајдут во Тракија.

Потоа завршил духовна богословија во Халки кај Германос Каравангелис. Во 1987 година како доброволец учествувал во Грчко-турската војна.

Во 1904 година се вклучил во Елиномакедонскиот комитет, на 13 ноември 1904 година навлегол во Македонија со четите на Георгиос Цондос и Алексис Караливанос и се судрил со Македонската револуционерна организација, а соработувал и со Георгиос Макрис[1].

На 4 декември 1904 година во Либешево го ликвидирал војводата Костандо Живков [2]. Во подоцнежниот период дејствувал и со Павлос Гипарис.

По напуштањето на Македонија се оженил и создал семејство [3]. Станал свештеник на гробишта во Атина. Во текот на Првата балканска војна учествувал како доброволец и служел како свештеник во грчката армија [4]

Извори

уреди
  1. Gounaris, Basil C. „Preachers of God and martyrs of the Nation“, http://balkanologie.revues.org
  2. Каравангелис, Германос, „МАКЕДОНСКАТА БОРБА (СПОМЕНИ)“, приложение към „ВАСИЛ ЧЕКАЛАРОВ, ДНЕВНИК 1901-1903 г.“, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001 г., стр. 357.
  3. „Кратка биография на Папа Дракос от сайта http://macedoniagreece.com, взето на 22.07.10 г.“. Архивирано од изворникот на 2008-11-18. Посетено на 2011-01-28.
  4. Χρυσόστομος Χρυσομαλλίδης[мртва врска]