Гега (село)

(Пренасочено од Гега (Петричко))

Гегасело во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Гега
Поглед кон селото Гега
Поглед кон селото Гега
Гега is located in Пиринска Македонија
Гега
Гега
Местоположба на Гега во Пиринска Македонија
Координати: 41°27′N 23°0′E / 41.450° СГШ; 23.000° ИГД / 41.450; 23.000
ДржаваБугарија
ОбластБлагоевград
ОпштинаПетрич
Површина
 • Вкупна15.772 км2 (6,090 ми2)
Надм. вис.&10000000000000700000000700 м
Население (2015)
 • Вкупно247
 • Густина0,016/км2 (0,041/ми2)
Час. појасEET
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC)
Повик. бр.074204

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед кон селото Гега

Селото се наоѓа во планински реон на планината Огражден, во близина на границата помеѓу Македонија и Бугарија. Селото се наоѓа на 25 километри северозападно од градот Петрич. Атарот на селото зафаќа простор од 15.772 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 700 метри. Реката Градешница тече 900 метри источно од селото. Климата е средоземна. Селото е едно од погодните почетни точки за високите делови на планината Огражден и неговиот највисок врв на бугарската територија - Билска Чука (1644 метри).

Според името на селото е именуван истоимениот ’рт Гега на Антарктикот.[1]

Историjа

уреди

Се смета дека селото било основано од страна на мигранти од Беровско во почетокот на XIX век.[2] Во 1870 година била изградена Црквата Успение (споменик на културата).[3]

До 1947 година, селото било дел и центар на селото Игуменец, составенао од 12 планински маала во Огражден, последователно одделени како села. Во периодот 1946 - 1956 година жителите на соседството Воденици се населиле во Гега, кое тогаш било напуштено.[4] Во 1959 година, кон селото биле присоединети населбите Долни Крај и Учкунци.

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 672 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија. Во селото имало едно основно училиште со еден учител и 24 ученици.[5]

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, пет лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[6]

Население[7][8]

уреди
Население на Гега по попис[7]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 691 779 874 760 732 519 508 344 238 247
Население по возраст
од 2011 година
:[9]

Општествени установи

уреди
  1. Читалиште „Гоце Делчев“
  2. Основно училиште „Антон Попов“

Културни и природни знаменитости

уреди
  • Куќа-музеј на Антон Попов
  • Црква "Успение на Богородица"
  • Параклис "воскресението Господово"
  • Манастир "Св Ѓорѓи", (Чуриловски манастир) - Манастирот се наоѓа на 2 км. помеѓу Гега и село Чурилово.

Редовни настани

уреди
  • 15 август - собор по повод Успение Богородично
  • 6 мај - собор на манастирот "Св Ѓорѓи" на празникот Св Ѓорѓи
  • 29 јуни - собор на манастирот "Св Ѓорѓи" на празникот Св.Апостоли Петар и Павле
  • 20 јули - Курбан на параклисот "воскресението Господово" на празникот Свети Илија
  • 8 септември - собор на манастирот "Св Ѓорѓи", на празникот Рождество Богородично

Личности

уреди

Наводи

уреди
  1. SCAR Composite Gazetteer of Antarctica: Gega Point.
  2. Енциклопедия България, т. 2, стр. 34
  3. Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 187. ISBN 954-90006-1-3.
  4. Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 154. ISBN 954-90006-1-3.
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 186 – 187.
  6. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 837
  7. 7,0 7,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Гега, общ. Петрич, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  8. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  9. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
  10. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 503
  11. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 670
  12. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 293
  13. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 575
  14. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 584

Надворешни врски

уреди

Слики од Гега Архивирано на 29 декември 2016 г.